Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Технологија

Ултрапреносен „Андроид“ таблет

РЕЦЕНЗИЈА Samsung Galaxy Tab P1000

Неколку месеци по претставувањето на iPad, P1000 е прв таблет кој донекаде може да се носи со уредот на „Епл", а кој донесува и неколку предности: двојно е полесен, овозможува телефонски повици и поддржува Flash

Никола Бурагев

Tаблет-компјутерот на „Самсунг“ Galaxy Tab спектакуларно претставен во почетокот на септември на најголемиот европски саем за потрошувачка електроника IFA во Берлин е 7-инчен уред што работи на „Андроид“ 2.2 оперативниот систем. Корисничкиот интерфејс е надграден со TouchWiz UI на „Самсунг“, поради што може да ги користи и апликациите достапни во Андроид маркет, но и оние во „Самсунг“ App Store. Таблетот доаѓа со капацитативен ЛЦД-екран, ARM Cortex A8 процесор со такт од 1 Ghz и графички акцелератор PowerVR SGX540, како и 16 GB интерна меморија, која може да се проширува со microSD картички. Има можност за спојување на HSDPA мрежи, а тука е уште и поддршката за Wi-Fi, GPS и Bluetooth 3.0.

Иако, генерално, се смета за единствен вистински конкурент на таблетот на „Епл“, iPad, според наше мислење се работи за уред од сосема поинаква категорија. Кога ќе се постават еден до друг, јасно се гледа дека на површината на еден iPad (9,7-инчи) може да застанат два примерока Galaxy Tab. Речиси двојно е полесен од уредот на „Епл“ (има 380 грама во однос на iPad 3G кој тежи 730), овозможува остварување телефонски повици и поддржува Flash во веб-браузерот, додека iPad има поголем и многу поквалитетен екран, алуминиумско куќиште, поинтуитивен оперативен систем приспособен за таблет и доста поиздржлива батерија.

Galaxy Tab, доколку го изземеме екранот, целиот е направен од пластика, па поради тоа и прилично е лесен. Во основната верзија задната страна му е бела и со благо заоблените рабови делува доста модерно (некои оператори го нудат и во други бои). Димензиите на таблетот (190х120,5х12 мм) се идеално погодени за држење на уредот во една рака, со што другата рака останува слободна за користење на екранот и контролните копчиња. Со оглед на тоа што iPad и другите таблети мора да се држат со двете раце, Galaxy Tab малку потсетува и на голем смартфон, а со својата големина наликува и на популарниот читач на електронски книги Kindle. Всушност, единствено што (освен димензиите) го прави поинаков од смартфоните е тоа што телефонските разговори не е можно да се остваруваат со држење на уредот покрај увото, туку со користење слушалки што користат стандардниот 3,5-мм приклучок или преку bluetooth слушалки.

Капацитативниот екран со дијагонала од 7-инчи има WSVGA резолуција (1024х600 пиксели). Приказот на сликата е исклучително остар, токму благодарејќи на добриот избор на резолуција за оваа големина, која донесува густина од 192 пиксели по инч. Бидејќи се работи за TFT-екран, сликата според квалитетот, сепак, не е рамна на Super AMOLED дисплејот, каков што користи смартфонот на „Самсунг“, Galaxy S i9000, како и на сликата на LED IPS екранот на iPad. Сепак, се работи за натпросечно остар приказ, со живо интерпретирани бои, а малку е веројатно дека корисниците ќе имаат било какви забе��ешки. На изложеност на директна сончева светлина, екранот значително губи на контраст, но сепак сликата и натаму е доволно добро видлива за пријатно користење. Дотолку и изборот на TFT екран е добра одлука со оглед на тоа дека, Super AMOLED технологијата ги губи своите супериорни својства кога екранот се користи на с��нце.

Одзивот на екранот на допир и на движењата карактеристични за мултитач е солиден. Galaxy Tab доста прецизно регистрира се што сакате да направите, а посебно добро е реализирана виртуелната тастатура на екранот и веќе после кратко време можете брзо да пишувате без многу промашени букви. Ова вреди при користењето на тастатурата како во хоризонтална, така и во вертикална положба. Процесорот од 1 Ghz солидно ги одработува сите процеси во овој уред, а и репродукцијата на мултимедијалните фајлови се одвива глатко, без застои, благодарејќи на графичкиот акцелератор. Сепак, кога во веб-браузерот ќе се вчита страница која содржи Flash плаг-ин, нејзиното поместување и зумирање се забавува и не се одвива глатко како кога се вчитуваат сајтовите без Adobe Flash. Тоа е можно да се случува и поради се уште недоработениот плеер за Flash, но на смартфоните кои го користат „Андроид“ и процесорот Snapdragon од 1 Ghz, страниците се Flash се придвижуваат и зумираат глатко.

Без оглед на тоа што од „Гугл“ изјавуваат дека верзијата на „Андроид“ 2.2 не е прикладна за таблет компјутери, немавме некои посериозни проблеми на ниво на платформата. Всушност Froyo одлично се вклопува во концептот на овој таблет, а со уште поквалитетна имплементација во наредните верзии веруваме дека Galaxy Tab во овој сегмент ќе може да му конкурира на iPad-от. Посебно интересна апликација која доаѓа прединсталирана на Galaxy Tab се вика eBook, односно електронскиот читач на книги. Ebook е реализиран идентично како кај iPad, па уште при самото влегување во апликацијата може да се видат насловните страници на книгите поредени на виртуелна полица. При читањето на книги присутна е и анимацијата на вртење на страниците, а имате и опции за менување на фонтот, големината на буквите и светлоста на екранот. Другите апликации кои доаѓаат со таблетот веќе им се познати на корисниците на Андроид платформата.

Веб прегледникот брзо ги вчитува страниците, посебно на Wi-Fi мрежите, и сите ги интерпретира исправно, дури и кога се работи за динамички генерирани страници кои користат разни технологии на скриптирање. Батеријата се покажа прилично издржлива и со константно вклучените антени за 3G и Wi-Fi на корисникот му пружа можност да го користи таблетот повеќе од пет часа. Galaxy Tab има батерија која не може да се извади од уредот (баш како и iPhone, iPad и iPod), па доколку со текот на времето го загуби капацитетот, замената е потребно да се изврши во сервис.

Samsung Galaxy Tab, кога ќе се соберат сите негови позитивни страни и недостатоци е прилично доработен таблет. На оние на кои им се доволни 7-инчи екран, ќе бидат задоволни со солидната имплементација на Андроид оперативниот систем и корисничкиот интерфејс на Самсунг, TouchWiz, како и од прецизниот одѕив на капацитативниот екран и одличната поврзливост на овој таблет со сите мобилни и безжични мрежи.

Samsung Galaxy Tab P1000

Производ на тест од:

2be, www.2be.com.mk

Екран

7 инчи, 1024х600 пиксели

Меморија

16 GB + microSD

Процесор

ARM Cortex A8, 1 GHz

3G/Wi-Fi/Bluetooth/USB

да/да/да/да

Димензии и маса

190х120х12 мм, 380 г

ПЛУС: Брзина, мултитаскинг, поддршка за Flash, корисничкиот интерфејс TouchWiz, таблетот може да се користи со една рака

МИНУС: Забавување при скролување и зумирање на веб-страниците со Flash, Самсунг Apps бара користење на сим картичката, незаменлива батерија

„Гугл“ со нова платформа Chrome OS

Најавуван подолго од една година, оперативниот систем Chrome OS конечно стана стварност. Се работи за оперативен систем за нетбук компјутери, заснован на веб-прегледникот на Гугл, Chrome, кој во најголем дел се потпира на веб апликации. Постарите можеби се сеќаваат на компјутерските терминали: уреди кои сами немаат голема способност на процесирање на информациите, туку служат за внесување наредби и приказ на резултатите кои ги исфрла компјутерот. Некаде на половина пат помеѓу терминалите и стандардниот преносник се наоѓа лаптопот со Chrome OS: иако се работи за сосема употреблив уред, со сите карактеристики на преносен компјутер, поголемиот дел од апликациите нема да бидат инсталирани, туку ќе се вртат во „облакот“ на „Гугл“, а корисниците ќе им пристапуваат преку веб-браузерот Chrome, кој воедно ќе биде и најбитниот дел на оваа платформа.

Иако иницијално беше планирано издавање на првите уреди втемелени на Chrome OS кон крајот на оваа година, „Гугл“ засега го претстави само пилот примерокот на безжичниот преносник со кодна ознака Cr48, кој е наменет за испитување на можностите на новата платформа. За пилот лаптопот може да се аплицира на веб страниците на „Гугл“, а се работи за компјутер со 12,1 инчен екран, Wi-Fi и 3G поврзливост, целосна тастатура и зголемен тачпад, со траење на батеријата до 8 часа. „Гугл“ истовремено покрена и дуќан со веб-апликации за Chrome OS, кој функционира слично на App Store на „Епл“ за iOS уредите: директориум на апликации кои е едноставно да се пребараат и да се преземат.

Nexus S со „Андроид“ 2.3

По првата верзија на смартфонот на „Гугл“ наречен Nexus One, интернет дивот го издаде наследникот Samsung Nexus S. Новиот модел содржи 4-инчен Super AMOLED екран осетлив на допир со резолуција 800х480 пиксели, го покренува процесор ARM Cortex A8 на 1 Ghz, содржи 16 GB интерна меморија и 512 MB рам меморија, а го покренува најновата верзија на Андроид 2.3 наречен „Gingerbread“. Уредот поседува и две камери, и тоа предна со VGA резолуција за видео повици и задна со резолуција од пет мегапиксели. На тлото на САД, Nexus S ќе се појави на 16 декември по цена од 529 долари без претплата, односно 200 со договор на две години, а во Британија ќе биде достапен од 20 декември. Димензиите изнесуваат 63х134х11 милиметри, тежината е 129 грама, а вградена е и NFC технологијата која има функција за безконтактна комуникација.

Сервис за продажба на е-книги од „Гугл“

„Гугл“ го покрена долгоочекуваниот сервис за продажба на електронски книги со повеќе од три милиони дигитализирани наслови, од кои голем број се и бесплатни. Составот е независен од платформата, секој уред со поддршка за ЈаваСкрипт може да ги отвора книгите без потреба за посебна апликација, а не е потребно ниту место за локално снимање на е-книгите. Сепак, за да го подобри корисничкото искуство, „Гугл“ за Андроид и iOS лансираше посебни апликации кои овозможуваат купување и симнување на книгите за подоцнежно онлајн читање.


#
Статијата е прочитана 1331 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)
Биографиите се пишуваат само за пари
„Лектира“ како почит на тие пред мене
Африканци не не вадат
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Во една ноќ со девет жени
Наближува времето за подароци
Тито направи влада, Бранко чека во сенка
Груевски и Ставрески го засакаа ММФ
Паљурци - круна на „Скопје 2014“
Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев
Зошто страв од избори?
Ракомет во гаража
На Фуере никој не му се извинил
САД ставаат 110 милијарди долари во бункер
Алтернативи на штедењето
Руперт Мардок го продава „Мајспејс“
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach