|
|
|
|
|
|
Мислења
Зошто страв од избори?
Филип Петровски
Едно е сосема јасно, владејачката гарнитура се плаши од нешто. Можеби бројките во анкетите не се сосема прецизни
Има еден аспект што ми беше сомнителен при случајот со Велија. Повеќе детали објавив во минатонеделната колумна, а за оваа недела требаше да почекам да видам што ќе се случи со митингот на опозицијата, како и да видам каква ќе биде реакцијата на власта. Имено, напишав што мислам за драмата што и тоа како беше видливо дека е креирана од новинарите, а по налог на газдата. Тие се џиткаа во рацете на полицијата, камерите снимаа, народот гледаше, а адреналинот раснеше. За малку вечерта не избија инциденти. Што можеби и беше нечија намера. Индикативно беше како полицијата тогаш реагираше, односно не реагираше. Тие стоеја неколку часа, по наредба, како вкочанети и не се мрднуваа од место. И во нивното однесување имаше план. Беше издиктирано да се стои и точка.
Како и да е, таа вечер мина. Но, последиците останаа. За да се искористи залетот за кој, се чини, тогаш се фати опозицијата и реши да оди на протести. Релативно бргу се организираа и во неделата излегоа на улиците на Скопје. По се' изгледа, успеаја да соберат над 30 илјади луѓе. Нешто што одамна Бранко Црвенковски не можел да го направи... Само за потсетување, по паѓањето од власт во 1998 година, тој само по седум месеци направи голем протест против владата на ВМРО, на плоштадот во Скопје, собирајќи голем број граѓани, со што покажа дека иако не е на власт, сепак, има инфраструктура што може да изведе илјадници луѓе на улица во секое време. Така беше тогаш. Така не е сега. Сега со години СДСМ е во опозиција и не може да се консолидира. Веројатно како последица на задоволени апетити кај разните фракции што се разидоа. Поради таа внатрешна поделеност се доведоа во ситуација да загубат неколку изборни циклуси, а кулминација беше постигнувањето на апсолутно мнозинство во парламентот на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година. Оттогаш две и пол години тие владеат како што владеат, на сила, брутално, некултурно, неписмено, но владеат и не се сериозно предизвикани.
Се' до овој митинг, кој беше прво посериозно опозициско групно манифестирање незадоволство од власта. Некои велат дека биле осум илјади луѓе (власта), некои велат дека биле 50 илјади луѓе (опозицијата), а јас сметам дека тоа е небитно. Битно е дека имаше реки луѓе што во декември дошле да го изразат своето незадоволство од власта. Намерата да се намалува бројката со разни изговори кажува дека власта има потреба да го минимизира протестот. Мотивот за тоа може да биде само еден - страв! Оти, ако од нешто не се плашиш, ако не те заинтригирало, ти не го коментираш, не го забележуваш. Напротив, ми се виде дека не е баш така. Од друга страна, ми остана нејасно и сомнително однесувањето на полицијата пред зградата на Велија. Како што реков, ми изгледаше како добро извежбана комбинација. Како намерно модифицирано однесување да се предизвика незадоволство. Ефектот се постигна со протестот.
Потоа мислев дека, всушност, власта сакала со лакмус да го измери незадоволството и да ги извлече на улица потенцијалите на нивниот архенепријател Бранко за да видат колкав му е моментниот потенцијал. За да можат полесно да проценат дали да одат на предвремени избори. Оти, ако видат дека нема доволно поддршка сега е последен момент да се оди на предвремени, затоа што подоцна постои опасност резултатите да бидат значително полоши. Та затоа, ми се виде дека намерно ги предизвикуваат за да ги измерат. Се обложувам дека имаат точна бројка во децимала на демонстранти, само не сакаат да ја соопштат. Нејсе, можеле да претпостават дека ако Бранко по толку време види над 30 илјади луѓе оти ќе го зафати еуфорија. А таа е опасна. Тогаш те водат емоции и лесно се прават грешки. Верувам дека сметале оти во еуфорија ќе се побараат предвремени избори, што и се случи како барање од протестите.
Еуфоријата може да се огледа и во жолтите маички што ги облекоа на пленарната седница, претворајќи ја атмосферата на седницата во трагикомедија на македонски начин. До оваа точка мислев дека маестрално ги навлекуваат. Односно дека го исконструираа случајот со Велија за да ги изнесат на улица и за потоа да побараат предвремени избори. За да имаат контекст во ова време небиднина да речат - в ред, сакате избори, еве ќе има избори. Да не биде дека тие сами распишуваат избори, оти тоа го можат во секое време, имаат доволно мнозинство сами да го распуштат парламентот. Всушност, за да имаат оправдание лесно да дојдат до нови четири години мандат. Можеби не со толкаво мнозинство, но со победничко мнозинство. Барем така велат сите анкети. Цело време сме бомбардирани со информации дека оваа гарнитура, односно ДПМНЕ, е во речиси двојно водство пред СДСМ. Имајќи во овој случај барање од опозицијата за предвремени избори на дланка имаа уште една победа.
Со такви околности пред неколку дена се затворија во партискиот штаб да одлучуваат за барањето на СДСМ. Немаше причина да се сомневаме дека ќе се оди на избори. Оти оваа гарнитура е посветена на политичкиот прагматизам и штитење на сопствените тесни и лични интереси и во ниеден момент не пропушта пригода да си го продолжи политичкиот век.
Во еден момент си помислив дека подолго време го планирале ова. Мислеле како да извлечат бенефит од ситуацијата кај Велија. Дека ќе одат на избори. За да се изненадам силно што не прифатија избори. Тие не ми ти биле во согласност со државните и со националните интереси!? Ако можете да сфатите што значи тоа. Притоа не е јасно како тоа партиската борба за власт се изедначува со државните и со националните интереси. Се разбира, како оправдание може се' да се искористи, кога се смета на електорат што не е заинтересиран да ти ги анализира ��ечениците и бројките на небулозите што во нив ги изрекуваш. Оправдание во ситуација кога се знае дека лесно се манипулира со електоратот ако се има силна пропагандна машинерија...
Едно е сосема јасно, владејачката гарнитура се плаши од нешто. Можеби бројките во анкетите не се сосема прецизни. Можеби маргината на грешка е поголема од онаа што се прикажува. А можеби и не се поставуваат вистинските прашања за да се добие прецизно мерење на незадоволството на граѓаните, кое иако не е регистрирано во анкетите - постои. На пример, кај мене на сајтот, на прашањето: „Дали сте задоволни од политичката состојба во Македонија“, 59 проценти одговориле негативно. Додека дополнителни 20 проценти сметаат дека може подобро. Тоа се речиси 80 проценти незадоволни гласачи. Интересно е што сите што гласале имале став и никој не се определил за можноста да го даде гласот за „немам мислење“. Значи, работите не се така розови. И власта тоа го знае. Затоа нема избори. Ќе се троши уште малку овој мандат.
(Авторот е доктор по политички науки)
http://www.filippetrovski.com/ |
#
|
Статијата е прочитана 3824 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: tome |
Датум: 11.12.2010 12:22:10 |
|
vaka kako tebe e najlesno.si otvori kafic i samo ke si napagjas. i jas sam taka, ustvari koj ne saka da bide kako tebe vo makedonija-da napagja nekogo. |
|
|
|
|
|
|
Од: caki |
Датум: 11.12.2010 12:50:13 |
|
Vlasta se plashi od toa shto se plashi sekoj norm. chovek,od haos,incidenti i sl,zatoa shto opozicijata i go povika narodot da ja rushi ovaa vlada od ulica...pak ke kazham..SDSM e spremen da ja rushi ako tr. i RM,samo da go srushi VMRO |
|
|
|
|
|
|
Од: Жарко,Ресен |
Датум: 11.12.2010 14:15:15 |
|
Изгледа го знаат одговорот на прашањето:Дали би гласале за СДСМ на следните избори доколку Бранко Црвенковски не биде премиер на Македониј��.Изгледа ја знаат реакцијата на оние 50% неопределени во тој случај.Изгледа го знаат тоа и многу се плашат. |
|
|
|
|
|
|
Од: oko |
Датум: 11.12.2010 15:34:48 |
|
Filip prvo vrati ja taa tvoja dimploma ....
Nikoj vo Makedonija ne se plasi od izbori tuku ednostavno nema potreba od niv za da se zadovoli egoto na Branko Crvenkovski i SDSM.....Da se potrosat milioni evra za da se dokaze nesto sto site go znaat i deka SDSM nema ni teoretski sansi za vlast e NEODGOVORNO.......Zasto postoi potreba za predvremeni izbori dali sistemot ne funkcionira dali ima Parlamentarna kriza dali postoi nekoja pricna koja bi dovla do Predvremeni izbori....Totalno e neodgovorno da se trosat milioni zatoa sto BC saka vlast.....Ovaa vlada e izbrana na najdemokratski nacin i narodot na Makedonija si go kaza svoeto a toa sto 10-15000 isprani mozoci protestiraat i sakaat vlast toa ne e mnozinstvo tuku fanatici |
|
|
|
|
|
|
Од: бивш член на дпмне |
Датум: 11.12.2010 17:52:28 |
|
што се чудиш кога се ти е јасно и знаеш кој го советува грујо |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 11.12.2010 17:57:38 |
|
Deka Vlasta e vo panika nema dilema, faktite govorat deka se preplaseni sto e ocoigledno uste pred Marshot, no vo edno so tefe Filipe ne se soglasuvam a toa e brojkata od nad 30 000 iljadi , toicno no toa bea nad 50 000 iljadi, bev prisuten kako obicen gragjanin i vidov mnogu narod, kultuiren svet , ocaen od sostojbata vo drazavata i konecno se kaza ne na ova ludilo vo Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 11.12.2010 19:50:34 |
|
Ајде да направиме и една ваква завереничка паралела.Ако власта прифатеше вонредни избори заверенички веруам да токму ВАС ќе ве затекнеше неспремен за излегување на избори.Од една партија маргинализиран,од друга избркан трета не ве прима и сега на ветрометина.А ви се гледаат политички амбиции преку вашите саботни пишувања.Па испаѓа да и вие молите бога да нема вонредни избори оти немате партиска закрила. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 11.12.2010 20:50:07 |
|
G-dine "OKO",sto pisuvas pod ovoj nik koga si slep i pri dve,a ne edno oko.
Koja crna analiza ja pravis i ti,kako onoj Caki sto se plasi od incidenti i haos (ce mora tatko mi da gi probere kravite i go resi haosot!!!!) Nebare so pominuvanjeto na zimata,dodina,godina i pol toj garantira deka nema incidenti i haos.Kuku lele!!!
Da se razbereme,potreba od izbori nema,nitu po moe mislenje,ama g-dine oko ne naveduvaj gi tie pricini zaradi toa.Zamisli vo 2008 godina ,posle
nokautot vo Bukurest "imase potreba od izbori".Toa moze da go tvrdi samo lud covek!!! Ti preracunaj se,jas direktno ne ti go rekov toa !!!!!!! Ne mozam so sigurnost da gi navedam motivite na vlasta za takva odluka,samo toa ne se tie sto gi naveduvas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gemidzija |
Датум: 11.12.2010 21:54:57 |
|
Ja samo se nadevam so tekot na vremeto avtorot da prerasne vo tret politicki blok sto mnogu ni fali ... |
|
|
|
|
|
|
Од: zike palanka |
Датум: 12.12.2010 00:09:43 |
|
momentalno izbori nisto nema da promenat vmro go zaplasi narodot so imeto so identitetot pa trpat i vikat amin na grujo..no i branko e loso minato samo setete se na privatizacija sega tie koi privatiziraa se bogatasi nie ocajnici..sds ima samo sansa so nova sila na celo covek koj ne mesal prsti vo privatizacija covek ili zena koi se za narod a toa sekako nee branko............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Gragjanin od Karpos |
Датум: 12.12.2010 00:44:26 |
|
Jas nikogas nema da bidam d-r na nauki,ama zatoa nema da ja promasm temata,kako mnogumina sto go storija toa!?. Ne e bitno dali opozicijata e podgotvena,dali e vo euforija itn...
Predvremeni izbori i smena na ovaa vlast se apsolutno potrebni zaradi spas na drzavata, gragjanite.Mozebi BRANKO ne e tolku silen navistina no Grujo edna godina od usta ne go vadi..Vece ne zboruva za investicii,gi nema reklamite na vladata,kade otidoa parite,sto so novite zadolzuvanja,kade e MKD na magjunaroden plan.VLASTA e nesposobna,vo prasanje e opstanokot na drzavata.Ostavete ja euforijata,dajte da se zdruzime site dodeka ovoj ne fati pat kako SANADER... |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 12.12.2010 09:07:31 |
|
Tret silen politicki blok i e potreben na Makedonija, ne VMRO, ne SDSM, nekoja liberalna, "zelena" partija so nova ultramoderna politicka agenda, so cisti, nekorumpirani lideri. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ego |
Датум: 13.12.2010 08:57:21 |
|
"на сила, брутално, некултурно, неписмено, но владеат...". Во кој дел се вбројува самиот автор? Текстов е таратајка. Нема голема иднина авторов како политички аналитичар, а богами и тие што се уште веруваат во неговите капацитети за некаков си трет блок. Никој од ВМРО не ми изгледаше нешто посебно исплашен деновиве, а и од СДСМ некој посебно заинтересиран за нови избори-си ја знаат постапката за тоа, можеа барем да ја запо��нат во парламентот-нормално ако навистина тоа им беше целта. Медиумските питбули на двете страни си поиграа малку "wag the dog" со нас за да ја заокружат 2010 и тоа е се. И сега нивните т.н. независни аналитичари со овакви ступидни текстови треба на обичното граѓанство всушност да му дообјаснат што се случило. А, да, ќе заборавев, во позадина на ова поминаа еден куп гомненици-Мугабе, буџет, НАТО и сл. Штета е што авторот се уште од нивниот платен список се обидува да се прикаже себеси како јагне на кое ништо не му е јасно... |
|
|
|
|
|
|
Од: љубица |
Датум: 13.12.2010 10:21:30 |
|
За каков страв од избори зборувате ?
Дали мислите дека вреди да се фрлааат парите (кои премногу се потребни на државата , а и граѓаните) , кога народот си го кажа своето ? Само за да им се удоволи на опозијата и малкуте (ако се уште останале ) приврзаници,или пак тоа е обид на СДСМ да купи време и во меѓувреме да се натовари на туѓ грб како онојпат на новинарите ?!
Да , јасно е дека пак ке бараат причина за да го декларирааат својот гневен,,малограѓански ,,вокабулар, но тоа се тие ...
Кој губи има право да се лути , но доколку е во прашање личниот интерес , но не и за оној на народот (кога веќе не е засегнат од истиот )....
|
|
|
|
|
|
|
Од: Bafomet sekularski manchevsky dragon fly |
Датум: 13.12.2010 10:52:23 |
|
Авторот не може да стане трет политички блок. За такво нешто воопште нема потреба-местово едноставно нема капацитети. Па тука и авторот кој што прави сочни критики не е исклучен. Значи, не е во прашање симнувањето на оваа ( селска влада) Туку многу повеќе што новата ( исто селска влада ) реално ќе направи. Да јас сум еден од неопределените, и не има многу! Но, познавајки го ред-от во државава голем сум скептик за се што следи и претставува иднина за оваа земја... |
|
|
|
|
|
|
|
|