Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Груевски и Ставрески го засакаа ММФ

Соња Маџоска

Што ги натера премиерот Никола Груевски и министерот за финансии, Зоран Ставрески, да затропаат на вратата кај ММФ?

Три години јуначки се спротивставуваа за под налетот на последиците од кризата и немањето поволни пари на надворешните пазари, сепак, да попуштат и да ја прифатат поволната понуда на Фондот, кој ем ќе ни даде 480 милиони евра да се потрошат во рок од две години ем нема многу да не' контролира. Ова последното очигледно било пресудно одговорот на Владата да биде позитивен и да се прифатат парите од ММФ. Она што е интересно е и тоа што Македонија е прва земја која ќе го користи овој нов инструмент на ММФ, па можеби и тука има некаква сатисфакција, дека во нешто сме први.

Друго е прашањето за што ќе се користат овие милиони. Освен на Груевски и на Ставрески, на никого друг не му е јасно. Од објаснувањата што ги слушнавме деновиве, се' се сведува на општи фрази од типот „Владата треба да ги чува како резерва“, „да ги троши по потреба“, или „ако има ризик, ќе се трошат за буџетски потреби“. Овие пари се само резервна варијанта за земјата. Дополнително ќе се одлучува дали воопшто и кога по колку пари ќе се повлекуваат. Излегува дека парите од ММФ се само „златна резерва“, односно може да се заклучи дека тие пари ќе се чуваат за „секој случај“.

Експертите, пак, бараат конкретни одговори. Тие ја повикаа власта прво јавно да им се извини зошто беа обвинувани сите овие години токму поради тоа што повикуваа дека треба да се склучи аранжман со Фондот, а потоа и јавно да каже за што, всушност, ќе се трошат парите од ММФ.

И експертите и бизнисмените бараат од министерот Ставрески отчетност и одговорност, односно тој да има доблест и да и' каже на јавноста за кои проекти конкретно ќе се трошат парите, а не да се даваат општи формулации дека тие се за буџетски потреби, каде што нормално влегуваат и платите, па оттаму и заклучокот дека тие нема да бидат искористени за инвестиции, туку за исплата на тековни трошоци.

Бизнис-заедницата дури и ја услови власта дека поддршка за овој заем ќе има ако парите од ММФ се искористат за инвестиции, инфраструктура и за поттикнување на извозот, односно проекти со кои тие пари ќе се вратат.

Сепак, според објаснувањата на власта, средствата од ММФ токму за овие намени не може да се потрошат. Па затоа, очигледно ќе се оди на резервната варијанта, да се издаде и еврообврзница. Овие пари важат за слатки и можат да се трошат за се' што ќе посака власта, но прашање е дали ќе можат да се обезбедат, со оглед на состојбите на меѓународните финансиски пазари, кои годинава и не беа баш поволни, па за нив се бараше камата од околу 10 проценти. Толкава е каматата и за оние пари што ги зајми власта лани со еврообврзница, а кои допрва треба да се враќаат. Токму поради овие состојби, власта годинава не издаде еврообврзница, ама до тој степен го исцеди домашниот пазар задолжувајќи се кај банките што стопанството го заглави во тотална неликвидност. Главното барање на бизнисот е годинашнава должничка приказна да не се повтори. На стопанствениците им е многу важно парите од ММФ барем да послужат како гаранција дека Владата в година нема да се задолжува на домашниот пазар.

Власта се правда дека доколку не беше оформен овој нов финансиски инструмент, преку кој се зајмија 480 милиони евра, немаше да се бараат парите од ММФ, бидејќи немала намера да склучи класичен стенд-бај аранжман. Од таков аранжман сите овие години Владата бегаше како од оган, бидејќи се сметаше дека тоа не било добро за имиџот на земјава. Дали тоа значи дека сега имиџот веќе не ни е толку важен, а важни се парите?


#
Статијата е прочитана 1312 пати.

Испрати коментар

Од: eko
Датум: 11.12.2010 12:38:14
tekstot ima mnogu greski i se gleda deka avtorot od ekonomija nema poima i ne go razbira MMF.Zoran znae tocno koi se uslovite no i toj ja mami javnosta i namerno se zafrkava so opozicijata.
Од: забеган.
Датум: 11.12.2010 12:57:58
Падна во ШКРИПЕЦ нема, аш ги лапна МАЦА парите.БАНКРОТ.
Од: gimi
Датум: 11.12.2010 18:53:26
Не можам да ја разберам опозицијата ако се задолжува владата со издавање на еврообврзница, или на друг начин тоа не било добро затоа што парите земени од ММФ биле со помала камата,сега кога зема од ММФ со 2% камата пак не е добро. Што е добро а што не е само господ знае и по некој *експерт* опозициски.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.12.2010 19:29:40
Ај што владата апансас (турски одеднаш)ги ,,засака,, ММФ ама и дежурните баратели на ваков аранжман од некакви експерти, опозиционери и ,,независни,,новинари сега апансас се сомневаат.Сите прочитаа да СРЕДСТВАТА ЌЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ПО ПОТРЕБА,,и добро знаат каква контролата на ММФ трошењето на дадениот кредит.
Од: jovan
Датум: 11.12.2010 20:53:18
MMF pocnuva da se ponasa kako klasicna banka, i ne dava pari tuku taka,bezuslovno.Tie baraat "klienti"na koj ocajno im trebaat pari sto ke gi trosat na servisiranje dolgovi i drugi razno razni izdatoci vo koj zagazile(kako nasava Vlada so plati za administracija,spomenici,kamati za bankite od koj zemale pari,reklami,kampanji,pljackanje... i drugi neproduktivni gluposti).So tek na vreme ke potpadneme vo totalno dolznicko ropstvo. Sanader go uapsiaj na nekoja patarina vo Avstrija, neznam ovie nasive na koja patarina ke gi apsat.Do gusa se vo dolgovi i kriminali.Narodov e samo nem posmatrac sega za sega, bidejki praviot ekonomski krah se uste ne zapocnal.Ke ima ovbde realno sou vo zivo naskoro.
Од: ex sdsm
Датум: 12.12.2010 15:09:27
aranzmanot na MMF za 2005 trebase da bide 30 mil eur, na koi vo tekot na godinata zaradi 'ostvaruvanje n targetite' bea dodadeni uste 11 mil eur. nemojte da plukate i da omalovazuvate vakvi rezultati, za samo 5 godini MMF oceil deka makedonija zasluzuva 400 mil eur bez voopsto da se postavuvaat 'targeti'. site znaat deka lavovite, kapijata i alekso 3 makedonski se glupost, ama mora da priznaeme deka ovaa vlada na makroekonomski plan e ODLICNA
Од: ne e bitno
Датум: 12.12.2010 16:17:35
Moram da se soglasam so Jovan. Kako i da e, toa e edinstveniot pat za da trgneme napred posle 20 godini na bezuspeshna tradicija. Mora da se padne za da se stane. Taka se raste :)

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)
Биографиите се пишуваат само за пари
„Лектира“ како почит на тие пред мене
Африканци не не вадат
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Во една ноќ со девет жени
Наближува времето за подароци
Тито направи влада, Бранко чека во сенка
Ултрапреносен „Андроид“ таблет
Паљурци - круна на „Скопје 2014“
Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев
Зошто страв од избори?
Ракомет во гаража
На Фуере никој не му се извинил
САД ставаат 110 милијарди долари во бункер
Алтернативи на штедењето
Руперт Мардок го продава „Мајспејс“
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach