Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Продажба

Руперт Мардок го продава „Мајспејс“

Руперт Мардок е се' поблизу до тоа да го продаде „Мајспејс“ зашто му станал големо оптоварување од кое има исклучиво трошоци и мала корист. Мардок го купи „Мајспејс“ во 2005 година за 500 милиони долари, но ја изгуби битката со другите социјални мрежи, пред се', со „Фејсбук“ и „Твитер“.

Пред еден месец Мардок ги објави своите деловни резултати за својот „Њузкорп“, според кој „Мајспејс“ му направил најголеми загуби и веќе тогаш најави дека размислува за негова продажба. Истакнал дека со „Мајспејс“ може многу нешто да се направи, но дека ниту една опција веќе не го интересира и дека на драго срце ќе му го предаде на некој друг.

„Кога го купивме, ’Мајспејс’ профитираше од тогашниот бум во онлајн- огласувањето. Во меѓувреме пазарот се прошири и почнавме да заостануваме зад другите. Загубите што денес ги произведува ’Мајспејс’ за ’Њузкорп’ се неприфатливи, иако луѓето што го водат направија одлична работа во изминатите денови. Се разбира, свесен сум дека од продажбата нема да биде ништо ако не го дизајнираме ’Мајспејс’, признал Мардок.

Само две години откако го купи „Мајспејс“, неговата вредност повеќекратно се зголеми и во 2007 година беше проценет на 12 милијарди долари. Во тоа време никој во „Њузкорп“ не размислуваше за продажба на златната кокошка, но оттогаш работите на големо се сменија.

„Мајспејс“ во последниве месеци бележи малку посети, па така во октомври 80 милиони го посетиле порталот, а главниот конкурент „Фејсбук“ расте од ден на ден. Во истиот месец „Фејсбук“ го посетиле 151 милион корисници, кои ги има вкупно 500 милиони, односно пет пати повеќе од „Мајспејс“. „Твитер“ има двојно поголем број корисници од социјалната мрежа на Мардок, па не зачудува што тој се решил да се откаже од тој „дигитален излет“.

Во опција е присоединување со некоја голема корпорација, како што се АОЛ и „Јаху“, но ниту еден голем играч не е заинтересиран за „Мајспејс“, додека не се промени и не се трансформира за да им стане интересен на поголем број корисници.

Мардок имаше време да размисли, со оглед на тоа дека падот на „Мајспејс“ започна пред две години и оттогаш шефовите се менуваат како на лента, но никој не можеше да го запре негативниот тренд. Акциите на „Мајспејс“ сега вредат 30 отсто помалку отколку пред две години. Тогаш Мардок ми даде неколку месеци на „Мајспејс“ да закрепне, но пред некое време рече дека тоа би било погрешно и дека дури сега му е јасно оти за тоа се потребни неколку години.(Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 735 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)
Биографиите се пишуваат само за пари
„Лектира“ како почит на тие пред мене
Африканци не не вадат
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Во една ноќ со девет жени
Наближува времето за подароци
Тито направи влада, Бранко чека во сенка
Груевски и Ставрески го засакаа ММФ
Ултрапреносен „Андроид“ таблет
Паљурци - круна на „Скопје 2014“
Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев
Зошто страв од избори?
Ракомет во гаража
На Фуере никој не му се извинил
САД ставаат 110 милијарди долари во бункер
Алтернативи на штедењето
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach