Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Времеплов

Ракомет во гаража

Зошто на враќањето од првото гостување во странство ракометарите на Работнички беа испитувани во полиција

Миодраг Мицковиќ

Ракометарите на Металург во осминафиналето на Купот на ЕХФ добија силен противник во германската екипа Гепинген, една од најдобрите во оваа земја, лулка на светскиот ракомет. Тоа беше повод прелистувајќи ја ракометната документација да се потсетиме на првата германска екипа со која има играно еден клуб од Македонија во далечната 1954 година кога малиот ракомет ги правеше првите чекори и кога дотогаш популарниот таканаречен голем ракомет, кој се играше на фудбалските терени со 11 играчи, полека паѓаше во заборав.

Приказната за првиот противник од Германија е воедно и првото гостување на еден ракометен клуб од Македонија во странство им ја посветуваме на ракометарите, да речеме кошаркарите на Работнички, бидејќи тоа беше еден комбиниран состав, сестран, кој играше и кошарка и ракомет по потреба. Па, дури и одбојка и што се' не. Со еден збор сестрани спортисти.

На крајот од 1953 година кошаркарите на Работнички прв пат во својата историја заминаа на турнеја во странство, во градот Хајделберг, тогаш во Западна Германија. Патуваа со воз, имаа своја вагон-спална како клуб на железница. За ова свое прво гостување, иако имаа пасоши, мораа да добијат и дозвола од тогашната милиција, денес полиција.

Со оглед дека во тоа време немаше девизи во банки, немаше ниту менувачници за да можат да се купат марки или долари, секој од кошаркарите или ракометарите, како сакате можат да се наречат, девизите ги набавуваа на црно, плаќајќи ги многу поскапо од вредноста. Меѓутоа, со вакви трансакции на црно, подоцна, при враќањето, имаа го��еми проблеми, бидејќи во екипата имаше некој, до денес никогаш не е откриено, човек што соработувал со полицијата и известувал за се' што се случувало на оваа турнеја.

Во Хајделберг Работнички одиграл две кошаркарски средби со домашен тим, со една победа и еден пораз:71:72, 77:47. Во Хајделберг играчите биле сместени во приватни куќи кај домашните кошаркари. Тука завршува кошаркарската приказна, сега на ред е ракометната. За тој прв ракометен натпревар во странство на Работнички и на првата екипа од Македонија се сеќава Стефан Тодоровски-Цефи, кој има играно на тој меч.

„Се' уште не се избледени сеќавањата на нашето прво гостување. Патувавме од Скопје, со воз, Нова година ја пречекавме во воз, беше навистина весело. Кога по Хајделберг допатувавме во Касел не' чекаше изненадување, домашните ни предложија да одиграме пријателски меч во мал ракомет со екипата Јан. Со оглед дека по Втората светска војна градот беше речиси се' уште под нерасчистени урнатини, спиевме во вагонот-спална кој постојано не' следеше по пат. На крај, по долго размислување, се решивме да го одиграме тој ракометен натпревар, бидејќи 1953 година се одржа и првото првенство на Македонија во мал ракомет на кој победи Работнички. Немавме многу ракометари, но, сепак, се собравме од таа селекција што беше на турнејата и, за чудо, победивме со 8:6. Мечот се одигра 2 х 15 минути, во една голема гаража, немаше сала во Касел, домаќините ги отстранија надвор камионите, донесоа стативи, го обележаа игралиштето, немаше јасно трибини, но имаше гледачи се' до аут-линијата.

Интересно е да се напише дека ние прв пат како ракометари игравме, да речеме, во сала иако холот на гаражата беше далеку од тоа, но, сепак, со покрив над глава. Во Хајделберг кошаркарите играа во една убава сала иако и тие не беа навикнати на такви услови, со оглед дека во Македонија, во тоа време и кошарката се играше на отворено, на бетонски терени.

Се сеќавам и на тој состав на Работнички на оние што играа ракомет во Касел: Славко Матовски, Драган Геровски-Дале, Стефан Тодоровски-Цефи, Тихо Михајлов, Страшо Ромевски и Жарко Ѓуковиќ, повремено играа и Никола Цветковски, Војче Синадиновски, Ико Ќовкаров...

Приказната за првото ракометно гостување на Работнички во странство не завршува тука, продолжи по враќањето во милиционерската станица што се наоѓаше кај кафеаната „Идадија“. Зошто, тоа го дознавме од Стефан Тодоровски.

„Никој од нас и не знаеше дека секој наш чекор во Западна Германија, во возот, во продавниците каде што купувавме, на граница беше будно следен од некој од играчите, пак велам, никогаш не дознавме кој беше. Во Хајделберг купив убави чевли и еден мантил за мојата колешка, не знам другите што купуваа, но и тие се облекоа, бидејќи во Македонија тогаш немаше таков избор. Истата вечер по враќањето од Германија ме повикаа во милиционерската станица за да дознаат од каде сум ги набавил девизите, што сум купил во Германија, дали тоа сум го пријавил на граница за царинење. Речиси цела ноќ ме испрашуваа. И не само мене, туку и другите играчи. Затоа што таа купена стока, чевлите и мантилот не сум ги пријавил на царина, добив казна, забрана за одење во странство на две години. Пасошот не ми беше одземен, но иако го имав не можев никаде да заминам од тогашна Југославија, бидејќи секое заминување во странство мораше да се пријавува во милиција.


#
Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)
Биографиите се пишуваат само за пари
„Лектира“ како почит на тие пред мене
Африканци не не вадат
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Во една ноќ со девет жени
Наближува времето за подароци
Тито направи влада, Бранко чека во сенка
Груевски и Ставрески го засакаа ММФ
Ултрапреносен „Андроид“ таблет
Паљурци - круна на „Скопје 2014“
Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев
Зошто страв од избори?
На Фуере никој не му се извинил
САД ставаат 110 милијарди долари во бункер
Алтернативи на штедењето
Руперт Мардок го продава „Мајспејс“
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach