Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Тито направи влада, Бранко чека во сенка

НСДП промовираше влада во сенка, СДСМ не сака потенцијалните министри предвреме „да ги лаат кучиња“

 Александра М. Митевска

Пратеничката Соња Мираковска ќе биде прва полицајка, а нејзиниот колега, Горан Мисовски, ќе ја води одбраната. Поранешниот заменик-министер Предраг Трпевски сега ќе биде главен во ресорот за финансии, амбасадорот Благоја Зашов ќе шефува со дипломатијата, докторот Милчо Пановски ќе застане на чело на здравството... Не е во прашање реконструкција на актуелната влада, туку ова се некои од членовите во владата во сенка, што вчера ја промовираше опозициската НСДП.

Лидерот на новите социјалдемократи, Тито Петковски, го претрка својот партнер во опозицискиот фронт - лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој од поодамна најави „паралелна влада“. Но, тој проект се' уште не е реализиран, зашто социјалдемократите во меѓувреме проценија дека е подобро да почекаат изборите да станат извесни, пред да ги извадат од сенка своите кадровски адути. Црвенковски пред извесно време посочи дека во партијата веќе се знае кој кое министерство во сенка ќе го води и дека само се чека и официјално да почне предизборието.

Меѓутоа, тоа што не се знае со сигурност е дали Црвенковски ќе биде премиер во сенка, ако се имаат предвид шпекулациите дека тој размислувал дали повторно да се натпреварува и за „вистинската“ премиерска функција. Секретарот на СДСМ, Андреј Петров, за „владата на НСДП“ вели дека е легитимно право на секоја партија да понуди свои визии и свој начин на дејствување. „НСДП е со нас во опозицискиот фронт и заедно сме во битката против власта. Но, ние се' уште не сме формирале предизборна коалиција. Да ја прифатеше ВМРО-ДПМНЕ иницијативата за распуштање на парламентот, веднаш ќе ја промовиравме нашата влада во сенка“, објаснува Петров.

Тој додава дека СДСМ ќе го направи тоа кога изборите ќе бидат извесни, бидејќи на граѓаните треба да им бидат презентирани луѓето што во иднина би ја воделе државата. „Во период кога не се знае кога ќе има избори, нема потреба тие луѓе да им се пуштат на уличните кучиња да ги лаат. А, за жал, таков е стилот на актуелната власт“, нагласува секретарот на СДСМ.

И од НСДП велат дека со формирањето на владата во сенка воопшто не го доведуваат во прашање своето учество во опозицискиот фронт. Според Петковски, мотивот за формирање „опозициска влада“ произлегол од тоа што државата се соочува со големи проблеми, поголеми и од тие во првите години од осамостојувањето. Владата во сенка за НСДП претставува можност за промоција на политики и на компетентни личности. Веќе е изготвена и „владината“ програма „Иднината има предност“.

Претседател на владата засега не е избран, но затоа, пак, се замислени неколку нови ресори, како за енергетика и за млади и спорт, додека ресорот култура се спојува со образование и наука.

Формирање влада во сенка досега не беше карактеристика за македонските партии, со исклучок на неколку не толку успешни обиди во таа насока. Причината за ова аналитичарите ја гледаат во тоа што сите наши влади се коалициски, бидејќи домашната политичка реалност го наметнува како непишано правило коалицирањето на победничката партија од македонскиот камп со партнер од албанскиот блок.

Затоа, пак, владите во сенка, на пример, се препознатлив знак за британскиот парламентаризам, кој е многу поразличен од македонскиот. Таму две големи партии се менуваат на власт и најчесто обезбедуваат мнозинство во Претставничкиот дом, така што коалициски влади се многу ретки. Секој министер во британската влада добива свој „двојник“ во сенка од опозицискиот табор, кој има обврска поуверливо да ги критикува потезите на владејачкиот министер и да понуди алтернативни мерки за одредени прашања, со цел да ја натера извршната власт на поквалитетно функционирање. Владата во сенка има задача да ја убеди јавноста дека е поквалитетна од „вистинската“ и оти заслужува доверба на следните избори. (A.M.M.)


#
Статијата е прочитана 3081 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 11.12.2010 12:30:53
Пензионерот одамна најави Влада во сенка, арно ама сега фатија мразеви, па сенката некако воопшто не е омилена. Инаку секако таа Влада без Владо Димов, Миле Зечевиќ, Горан Минчев, Џанго, Зоран Веруш, многу омилениот кај народот Фрчко, па робусниот Андреј Петров, и секако без пензионерот Б.Ц како прв министер, нема да ја добие поддршката од народот. Значи, Владата во сенка одамна е позната кај народот па и не мора воопшто да се објавува.
Од: Кичево
Датум: 11.12.2010 15:21:05
Само напред
Од: gimi
Датум: 11.12.2010 18:43:49
Ова ми личи на скечот од К15 кога Цацко вели дека жената му е премиер, едниот син министер за внатрешни работи,другиот за надворешни и тн.Не е лошо ако не може во реалноста ,опозицијата да си поигра малку политика барем виртуелно.
Од: Трпе
Датум: 11.12.2010 18:53:48
Познавајки го македонскиот народ,на комшијата да му умре козата.И неговата голема злоба.Нормално е дека Бране не дезовулува едни џукела да ѓавкат.А не дај боже да те каснат од инфекција може да си умреш.Во СДСМ има кадар за функционерски места дури во суфицит.А секому е ие познато деко покриен газ муви не го напаѓат.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.12.2010 18:59:48
Пак прејден бихаќкиот лидер по втор пат од страна на опозицискиот партнер.Прво го претркаа со востанието НСДП 10-10-2010 год.во Куманово овој ден потоа во Прилеп.Сега НСДП со толку бараната влада во сенка лидерот од Бихаќка уште се дума,вероватно има голем број аспиранти за сенковити министри а малку министерства.Искрено ја поздравувам одлуката и барем ќе видиме борба на идеи и програми.Вториот нека продолжи да се дума безидејно.
Од: sime
Датум: 11.12.2010 21:09:37
Promenite se dobri dokolu vetuvaat podobruvannje na sostojbitye...podobra ekonomija,standard,modernizacija na opstestvoto,pogolemi slobodi...
Од: zacuden makedonec
Датум: 11.12.2010 21:48:23
of mori majko decata si igraat ucitelicuk.G.TITO.NELI VI E STRAM?pa vie ste cel zivot vo ovaa makedoniaj politicar sto napravivte?sto izgradivte po sto ke ve pametat makedoncite?odete bre tamu cuvajte vnuci,ne se zamarajte so nesto sto neve biva ostajte ja politikata na onie sto ja razbiraat..imavte cel zivot da se dokazete,ne se dokazavte,pa sega na 70 godini vie ke kazuvate.edinstven politicar ste sto ne uspeal vo politikata ama edinstven pozdrav do utrinski najdobri ste
Од: Done
Датум: 11.12.2010 23:59:05
Samo napred,Tito imas ogromna podrska od Diasporata,sakame i nie koga dojdeme doma da dojdeme vo edna Demokraska Drzava,edinstven Principielen i ne korumpiran politicar vo Makedonija Samo napred Pozdrav od Diasporata i od edna prava demokratska Drzava
Од: Скеч
Датум: 12.12.2010 09:08:14
Гимчо,не гледаш дека сегашната влада е од скечот на К-15,со кумови,кумашини,братучеди..?
Од: SPIRIDON
Датум: 12.12.2010 16:05:47
Gladna kokoška,pardon,kartal,proso sonuva.Kako da ispadnal od filmo na Nikolčo,razbira se,sose kumovete,kumašinkite,starosvatite i da ne redam ponataka deteto od Prilepa grada,Mileto,voa za da dobie teksto malku od narodnata epska poezija,neli.Tito be,kamo ti gi koalicionte 25%,oti bez ni cfteme a ne vrzuvame.Žalna Makedonija so aktuelnite,za redenje so via vakvite,novite sili,prašanje kolku sa novi i kolku sili,neli.Pa ke se poftoram,Makedonija i se e možno,ne me čude.
Од: Do DONE
Датум: 13.12.2010 06:01:19
Brat ocigledno taa dijaspora kade sto zivees ti se sostoi od edno lice ednina odnosno samo ti ..
Од: osman
Датум: 13.12.2010 11:55:30
praj kolku sakas vladi pod senka na plaza toj si sedi na ilindenska

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Kолку УДБ-а беше нашата судба (2)
Биографиите се пишуваат само за пари
„Лектира“ како почит на тие пред мене
Африканци не не вадат
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Во една ноќ со девет жени
Наближува времето за подароци
Груевски и Ставрески го засакаа ММФ
Ултрапреносен „Андроид“ таблет
Паљурци - круна на „Скопје 2014“
Потврдено разрешувањето на Дума и Џилвиџиев
Зошто страв од избори?
Ракомет во гаража
На Фуере никој не му се извинил
САД ставаат 110 милијарди долари во бункер
Алтернативи на штедењето
Руперт Мардок го продава „Мајспејс“
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach