Фишер-Иванов
Преговори со ЕУ без решение на името
20.06.2011, 14:27
Австрија смета дека решавањето на прашањето за името не треба да биде предуслов за одредување датум и за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, истакна автрискиот претседател Хајнц Фишер по денешната средба во Виена со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
- Грција сигнализира дека услов е решавањто на името. Но, сметаме дека за одредување датум и почетокот на преговорите не треба да се чека решението. Проблемот може да се реши и на крајот на преговорите. Тие треба да почнат и паралелено да течат двата процеса. Така ќе се даде поттик, изјави Фишер на заедничката прес-конференција со Иванов.
Според него, актуелната економска криза во Грција не треба да влијае на решавањето на името, бидејќи двете прашања не се поврзани.
Иванов, како што посочи Фишер, го информирал и за некои историски акспекти на спорот за името, по што, како што додаде одредени работи му се појасни. – Проблемот е тежок, но не е нерешлив, оцени австрискиот претседател.
Шефот на македонската држа��а се согласи дека името не треба да биде предуслов за пристапувањето во ЕУ и оти евроинтеграцијата на Македонија и решавањето на прашањето за името можат да се одвиваат паралелно. Како позитивен пример го посочи решевањето на проблемот меѓу Хрватска и Словенија, што му го отвори патот на Загреб кон Брисел.
- Грција е во криза и во меоментов нема мотив да го решава проблемот. Грција не губи ништо ако се одреди датум и преговорите почнат. До нивното завршување проблемот може да се реши. Македонија ги исполни Копенхашките критериуми и очекува да продолжи понатаму, а одредувањето датум ќе биде доплнителен мотив да се дојде до решение, рече Иванов.
Македонија, вели, си ги исполни обврските и сега останува Советот на ЕУ на следниот состанок да ја стави на дневен ред и да донесе одлука за старт на преговорите.
Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи, за економската и културната соработка. Фишер изрази надеж дека ќе се засилат економските релации и го поздрави решавањето на проблемот со ЕВН Македонија.
Иванов рече дека Австрија е вклучена во многу сегменти на македонското општество и се поклопува со стратегијата Три Е – Европа, Економија и Енергија.
- Во сите три сфери Австрија е присутна. Помага во евроинтеграцијата на Македонија, во развојот на нејзината економија, а е вклучена и во енергетскиот сектор, изјави Иванов.
Претседателот на Република Македонија попладнево ќе се сртене и со австрискиот канцелар Вернер Фејман, а дводневниот престој во Виена ќе го заокружи со средби со претставници на Стопанската комора на Австрија.
Од Виена Иванов заминува за Ерусалим каде што во вторник и среда ќе учествува на меѓународната конференција „Соочување со утрешнината 2011“ што ја организира израелскиот претседател Шимон Перес.
|