Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

До кога политичарите ќе не' демнат од билбордите?

Партиските ликови се' уште ни се насмевнуваат од рекламите

„Дали на вашите избори учествува само еден човек?“ Вака пред дваесетина дена своите скопски пријатели ги праша еден гостин од соседна Грција, збунет од глетката дека на сите билборди, џамбо или обични е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Сам или во придружба на двајца-тројца граѓани, сеедно, неговиот лик е секаде.

Но, изборите завршија пред 12 дена, а Скопје, автопатиштата и цела Македонија се' уште се преплавени од политичките лидери, односно од билбордите на Груевски, бидејќи владејачката партија предничеше во рекламирањето во оваа кампања.

За волја на вистината, се' уште има по некој полууништен билборд на Љубе Бошкоски, како и на Либерално-демократската партија на експретседателот Јован Манасиевски, но со оглед на тоа дека првиот е во истражниот затвор во Шутка, а вториот се повлече од функцијата, неумесно е да се прашува до кога граѓаните ќе ги гледаат нивните билборди иако постои законска обврска за отстранување на сите билборди и други рекламни материјали.

Од „Лазов груп“ велат дека тие ја завршиле работата. Богдан Тодоровски ни изјави дека од нивните објекти изборните постери се тргнати пред пет дена. Неофицијално, дознаваме дека џамбоплакатите што не' демнат од сите раскрсници и фасади на поголемите згради се на „Акцент медија“, меѓутоа оттаму не добивме одговор кога ќе ги отстранат, со објаснување дека одговорните се отсутни.

Во екот на кампањата, кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваа кој колку потрошил за рекламирање и кога опозицијата соопшти дека во време на криза, кога секое трето семејство во државата е сиромашно и не може да го протурка месецот, слушнавме и конкретни обвинувања.

„За кампањата ВМРО-ДПМНЕ има закупено најмалку 1.000 билборди. Согласно со ценовниците, вкупниот трошок за креативно решение, печатење и закуп на еден билборд е 1.500 евра. Значи, само за билборди ДПМНЕ потроши 1,5 милион евра“, порачаа од „Бихаќска“.

Социјалдемократите потсетуваат дека на претходните избори нивните билборди биле тргани непосредно по соопштување на резултатите, а партискиот подмладок спроведувал акции за симнување на плакатите залепени низ градот.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не одговараше на нашите повици, а никој друг во партијата нема овластувања за давање какви било изјави. Оттаму останува отворено прашањето - дали наредените билборди сугерираат дека можеби некој очекува повторни избори или, пак, чинеле ептен многу, па сега не им се тргаат. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1128 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 20.06.2011 01:19:11
Zalosno e chto se frleni tolku narodni pari za ovie sliki.
Од: ODNADVOR
Датум: 20.06.2011 11:36:42
Vo zapadnite demokratdki drzavi,postoajt pravila i za izbornite kampanji koi se pocituvani. SITE Iimaat ednakvi pravila i dolznosti za prestavuvanje na kandidatite,na SAMO odredeni mesta za "bilbordite" koi za SITE, se so ednakva dimenzija! Plateni ili ne reklami na TV, se STRIKTNO odredeni vo minuta, ravnoravno za site,koe se postuva.Na izborite, ne dobiva najgolemata slika na kandidatite, tuku najdobro vodenata kampanja osobeno DUELOT pred molkot!Vednas po izborite, site reklami bez da zabelezime nestanuvaat sto spagja vo higienata na gradot. No, toa e vo EU, za kade za nas nema mesto! P.S.Nie naivnite lobisti za da bideme zabelezani i povikani vo policija,sto ni bese nacin da zborubame za nepoznatata R.Mak. gi lepevme nasite plakati na najvidni mesta i po telef. govornici, odkade brgu bea vadeni, no se pak, se raduvavme na procitaniot zbor, MAKEDNIJA!
Од: ivo
Датум: 20.06.2011 12:02:16
Toa e samo dokaz kolku e uspesno, t.e. neuspesno stopanstvoto! Da posetoese zdrav pazar, zdrava ponuda na proizvodi i stoki i uslugi, verojatno ke bea potisnati politicarite i ke bea reklamirani proizvodi , stoki,uslugi! Vo 'vrzanata varijanta" na ekonomskiot "razvoj" , ocigledno i natamu ke gladame bilbordi na politicari, vladini proekti za "podiganje na svesta na gragjanite" i ponekoj bilbord za importerite na vozila!
Од: прашалник
Датум: 20.06.2011 13:25:36
Прашањето е на место, исто како и прашањето зошто кога веќе победи на изборите,ВМРО-то не им дава отсуство на своите војници. Општински те комитети на ВМРО-то работат турбо,со полна пареа, до полноќ а богами и до подоцна. Помине те во доцни саати откај полициската станица “Бе ко“, кај што им е општинскиот комитет “Центар“’, ќе се уверите дека кај нив владее зголемена бор- бена готовност. Од една страна се к..ч.т како да веќе направиле влада за наредни 2 мандати а од друга страна се спремаат како да избори веќе утре ќе има. Прашање е само за каква борба се спремаат? За протести пред штабот на ДУИ, со кои би им ги омекнале барањата? Е тоа би сакал да го видам, ама толкави јуначишта вмро- вците сепак не се.Или пак за протести пред штабот на СДСМ, доколку ДУИ ги откачи? Ова ми е поверојатна варијанта. ?.
Од: sdsm-s
Датум: 20.06.2011 18:32:52
Pa koga se simpatichni a ne arogantni kako damite od sds se razbira ke ni bidat da se radvime...

Најди! во Утрински
Насловна
Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден
Се запознаа ли Милошоски и Ламбринидис?
Насловна
Упад во младинскиот протест поради убиството на Мартин
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
„Рамковен прием“ кај Иванов
Славата, митот и крвта на ВМРО (18)
Навалица за џабе
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија
И испаднаа градите на германска ТВ
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
Дали ГрциЈа ќе се спаси?
Продолжен притворот против обвинетите во „Пајажина“
Младите ќе експлодираат
Преговори со ЕУ без решение на името
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Бензините поевтинуваат денар, дизелот поскапува 1,5 денари
Бизнисменка со мотика в рака
Рамковниот договор клуч за евроинтеграциите
Карикатура
Стил
Татко и син се задушиле во бунар
Онлајн вести

"""