Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Упад во младинскиот протест поради убиството на Мартин

Политиката вмеша прсти во маршот на младите поради полициската бруталност

Светлана Унковска

Групата млади што изминативе две недели маршира во знак на протест поради бруталното убиство на 22-годишниот Мартин Нешковски, вчера пред Спомен-куќата на Мајка Тереза ги продолжија протестите со концерт на кој настапија неколку македонски музички групи.

Откако заврши концертот тие повторно маршираа низ скопските улици под паролата „Стоп за полициската бруталност“. Групата помина низ булеварот „Климент Охридски“ до Соборниот храм, а оттаму се упати пред Владата. По кратко задржување потоа младите отидоа пред скопското Обвинителство, барајќи целосно расчистување на случајот.

„Бараме сите институции да се вклучат во обелоденување на сите доказни материјали за случајот со убиството на Мартин Нешковски“, велат младите демонстранти. Тие тврдат дека имаат сознанија оти многу од доказите се кријат и не се достапни ниту за одбраната ниту за Обвинителството. Тоа се лентите со снимениот материјал од вечерта на плоштадот што ги нема никаде, а и камерата е отстранета оттаму“, вели Петар Стојковиќ, еден од учесниците на протестот.

Но, од пред неколку дена протестот почна да добива поинакви контури затоа што се вмеша политиката. За денеска е најавен контрапротест на друга група млади што се претставуваат дека се дел од оние што деновиве маршираат во знак на револт поради полициската бруталност. Оваа група тврди дека СДСМ дава инструкции за протестите и ги снабдува младите со свирчиња и со мегафони. Тие денеска, како што претходно најавија, ќе протестираат пред седиштето на СДСМ. Стојковиќ вели дека досега ниту ги виделе крај нив, ниту, пак, слушнале за нив.

„Таа група, која излезе на прес-конференција на која беа повикани само одбрани медиуми, за нас е непозната. Ги прашав и другите, па и тие тврдат дека ниту биле дел од нас ниту досега присуствувале на нашите протести. Тоа е многу симптоматично. Претпоставуваме дека се политички инструирани од некои центри на моќ. Очигледна е нивната заднина и кој стои зад нив“, оценува Стојковиќ.

Стојковиќ отфрла каква било поврзаност со политичка партија и вели дека тој и другите учесници во протестите се независна граѓанска иницијатива против одредени лоши состојби. „Ги повикуваме сите граѓани што не се согласуваат со бруталноста на полицијата да ни се придружат, па дури и да се членови на партија, но не се добредојдени ниту еден од оние што сакаат политички да профитираат преку нашите протести“, вели тој.

Претседателот Ѓорге Иванов побара расветлување на случајот. Тој ги поддржа младите и нивната иницијатива за отворање дебата за работата на службите на редот и мирот и нивната работа и одговорноста во рамките на законот. Иванов, како што рече во отвореното писмо, ја смета искрена одлуката на младите луѓе да се ангажираат со цел да ги изразат своите ставови во подобрување на демократијата.

„Се придружувам во повиците овој случај да биде расветлен преку институциите на системот, во согласност со Уставот и со законите и одговорното лице или лица да бидат казнети, правдата да биде задоволена и да биде опомена за спречување на вакви трагедии во иднина. Секогаш сум поддржувал и сум учествувал во иницијативи за отворање дебати како да се обезбедат повисоки стандарди на демократијата и слободата во Македонија“, вели Иванов во отвореното писмо.

Како ќе заврши целиот случај, се' уште не се знае. Демонстрантите што го крстосуваат центарот на метрополата катадневно откако младиот Мартин на брутален начин го загуби животот, добија етикета од владејачките кругови дека се инструмент на опозициската СДСМ. Обвинувањата се дека протестите имаат цел да предизвикаат пошироки безредија и дискредитирање на новоизбраната власт и дека нивни главни поттикнувачи и учесници се луѓе блиски до фондацијата Институт отворено општество (СОРОС). Такви етикети во изминатиот период добија и протестите на стечајците, на тутунарите, млекопроизводителите, професорите.

Експертската јавност укажува дека ова е класичен обид на власта да го намали легитимитетот на протестите, но воедно и додава дека овој феномен ниту го измислила оваа власт ниту, пак, таа последна ќе го практикува.

„Проблемот е во тоа што оваа власт го користи како класичен модус операнди начин на дејствување што веќе станува проѕирен. Згора на тоа, детето за кое има контрапротести е член на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе протестираат против детето!? Мислам дека сами ќе се доведат во една ситуација што не можат да ја продадат како автентична и веќе е јасно дека се работи за манипулација“, вели комуникологот Петар Арсовски.


#
Статијата е прочитана 5279 пати.

Испрати коментар

Од: Caki
Датум: 20.06.2011 00:34:21
Mladite demonstranti imale soznanija deka se krijat dokazi i od odbranata i od obvinitelstvoto(!?) deka se krijat snimkite od plostadot.........dobro bre zar normalen chovek kje poveruva vo ovie nebulozi!!!Zar u Afrika sme!Pa neli sme zemja shto tri pati dobi preporaka za pregovori so EU!!A toj Petar Stojkovic...neli posetuval sorosov kurs za "upravuvanje so krizni situacii" vo Belgrad?Neli e toj "dete" na Milcin i ostala sorosoidna bratija?A ekspertskata javnost ja pretstavuva.....koj drug osven P.Arsovski!!!Zasramete se vekje bre........shto chekate, da povikaat javno roditelite na Martin da prestanete, kako vo sluchajot so Muhamed?
Од: Ивана
Датум: 20.06.2011 01:38:54
Зошто не ги објавите со име и презиме тие контрапротестантите? Значи само кај нас може да се каже дека кога луѓето го користат своето ДЕМОКРАТСКО ПРАВО на протест дека е тоа секогаш партиски инструирано. Контра-протест...само кај нас може да постои тоа.Побогу!
Од: Aleks
Датум: 20.06.2011 01:46:55
Znaci sledam sto se slucuva i nemozam da ne iskomentiram,sram da vi e na site sto go koristite ovoj tragicen nastan za politicki poeni.....mi se gadi od vas,tocno e deka zakasni mvr so komentar no ubiecot e faten se barat i soucesnicite...i sto sakate poveke? Da padne vlada radi ubistvo? Se dodeka navistina bese sobir na mladi go podrzuvav, da vo pocetokot, ama ot koga go vidov frcko i uste 100 luge od soros i mi stana jasno.....grozno e preslab zbor za ovoj nastan!
Од: 3G
Датум: 20.06.2011 02:24:02
Aman od taa srceparatelnost, ke mi navlecete gnev sto ke reagiram na vlecenjeto za jazik. Ne se raboti za dete. Na 22 godini tatko mi imal 2 deca, Tomas Miler od Baern ima 5 a Aleksandar veke vodel vojni. Poznato e i toa deka se raboti za uvezen srpski otpor protiv pobednicite na izborite i osven povikot za linc nedostasuva samo da se pobaraat predvremeni izbori. Se raboti za nepocituvanje na vlasta na DPMNE no tie veke nemaat iluzii i ne ocekuvaat pocit.
Од: Makedonec-mkd
Датум: 20.06.2011 03:32:40
Znaev deka ova ke se sluci,deka Dpmne ke prati nivni clenovi da ja manipuliraat javnosta,zatoa sto samo za toa gi biduva.Ako celo vreme od dpmne kazuvaa deka protestot go vodat clenovi od Sdsm i zamislete sega tie istite da protestiraat pred zgradata na sdsm,mnogu nelogicno.Ako treba da se protestira toa e pred zgradata na dpmne,neli ministerkata e od dpmne,neli potparolot e od dpmne.Ej decki procitani ste vo vasite nameri.
Од: Виктор
Датум: 20.06.2011 04:04:20
А бе Цаки, чичко му и брат му на Мартин ги поддржаа протестите и рекоа дека тој ги води, брат му и вчера дојде и на Мајка Тереза и на маршот, ама ти изгледа само Сител гледаш, а Сорос е крив и за ланскиот снег.
Од: Револтиран слободољубив и правдољубив Македонец
Датум: 20.06.2011 04:49:42
Без ослободување на Њубе Бошковски и расветлувањето на монтерите на тој монтиран случај...но и расветлување на срамното убиство на младото момче што претходеше на апсењето на Љубе...Македонија само оди напред кон пропаст на демократијата и граѓанските слободи...кон потполна контрола на СЛОБОДНАТА ВОЉА на нејзините граѓани.
Од: spase avstralija
Датум: 20.06.2011 07:01:15
Sekoja cest na demonstratorite protiv brutalnoto ubistvo NO toa sto SITE politicki partii se zlobni i manipulativni toa e veke videno prednacat SDSM vo seto toa manipuliranje no ne se ponazad i drugite. Apel moj e do site dobronamerni ludje da ne pravat lakrdija od seto ova a do demonstrantite DADETE IM ROK na i vo koj ke se vidi dali pravnata vlast saka ili ne saka da se spravi so ova delo ubistvo i kako dali site ke odgovaraat i onie koj ne SAKALE da raportiraat isto i naredbodavacite kako gi trenirale ,zasega nisto ne mozi da se postigni iako e sekojdnevno efektot bese i ke ostani OGROMEN i zatoa im cestitam na SITE DEMONSTRANTI. Pozdrav.
Од: Do Caki
Датум: 20.06.2011 07:08:21
Dali tvojot komentar koj e Copy paste od latasov tekst a od kujnata na DPMNE za zamolcuvanje na mladite lugje, ledi paricna nagrada za pisan komentar od Stabot? 11 clenovi na DPMNE od Butel odat pred SDSM, dali povtorno ke nosat krava ili vol???
Од: Обратно пропорционален
Датум: 20.06.2011 07:16:33
СДСМ не упаднаа во младинскиот протест, туку младите упаднаа во сценариото на БЦ.
Од: citatel
Датум: 20.06.2011 07:26:52
Ova sto se slucuva so ovie protesti (citaj demonstracii) vo potpolnost ja ima izgubeno vrskata so pricinata za niv. Se se sveduva na ogolena politicka provokacija. Idejata e da se sobere kriticna masa koja bi gi napravila tukusto zavrsenite izbori nevazecki i normalno da se najdat spasitelite - citaj isfrustriranata oposzicija gladna za vlast- da ja sredi rabotata vo ime na "sirokite masi". Namesto miris na 'Jasmin' ova smrdi na nesto drugo. AKo ovaa politicka parodija ne prestane moze da dojde isto taka do 'spontano' organiziranje na onie koi ja izglasaa doverbata na postoeckata garnitura.
Од: seirdzija
Датум: 20.06.2011 07:36:31
Mnogu mi se interesni nekoi komentatori,kako i nekoi novinari koi se odnesuvaat kako krlezi vo svojata prirodna uloga pa so panika vreskaat od strav da ne si go izgubat teloto od koe cicaat pretpostavuvam 200-300 evra ,(sto govori za nivnata velicina)normalno so pomos na nekoja debilska rabota kako pomosnici na magacioneri i sl.,rabotni mesta.Izvrseno e ubistvo,izvrsitelot se znae,no ne se znae koj i sto go dovelo tigarot vo situacija taka da reagira.Koj toa dozolil ubiecot da go napusti mestoto na zlocinot,koj ispratil emisari kaj roditelite da molcat.Za kraj bi go prasal 3G dali majkata na Martin izlaza koga kaza deka drzavata i go ubila deteto???,dali ti se poznati tehnikite na vladeenjeto na Milosevic...Dali stotuku ostvarenata pobeda na DPMNE im dava pravo na nelogicni apsenja,pritisoci,ubistva i obidi za krienje na ubistva...
Од: gneven
Датум: 20.06.2011 07:48:08
krajno vreme e !
Од: трајко
Датум: 20.06.2011 08:24:03
Нуло поздрав.Коментарите ти се нула ама ти си уште 3Г.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 20.06.2011 08:38:25
Gi vidovme site kontra protesti na zadovolni zemjodelci, stecajci,tutunari pa vreme e da vidime zadovolni i od edno ubistvo.Jas zavrsiv fakultet vo Grcija pa prasuvam dali sum Grcki spiun kako sto se naveduva deka nekoj bil so kurs finansiran od Soros.Do koga ke uspeva vakvoto etiketiranje za narodot da e negativno demek tie ne se Makedonci i nemaat pravo da protestiraat a i clenovite na opoziciskite partii nemozat graganjsko nezadovolstvo da iskazat demek se e ok.Togas javno Dpmne neka kaze koj ima pravo da protestira neka go smenat zakonot i ustavot.
Од: Враќање на довербата
Датум: 20.06.2011 08:57:19
Конечното лоцирање на одговорноста кај надлежните кои криеја и ја лажеа јавноста за убиството на Мартин, би придонесло граѓаните на Република Македонија повторно да имаат доверба во власта и да ја почитуваат. А вака, со уништување снимки и камери, срамота.
Од: borce
Датум: 20.06.2011 09:24:56
Vie pogore sto komentirate negativno za protestite na celo so Caki,Aleks i drugite,vie koi VMRO vi go ispil mozokot,sto ne znaete nisto drugo osven za se vinata da ja barate vo site osven vo sebe,nemate nitu trunka sovest a po ova sto go govorite izgleda i nemate ni deca,pa ne znaete kako boli,kakva e zaguba za semejstvoto.Za da bidite bez cuvstvo sigurno i ke vi naredat od partijata i da ve "skopat".Ne se raboti za rusenje na vlada tuku za politicka i covecka odgovornost.E toa vo VEMERETO go nema
Од: Митре од долнодупени
Датум: 20.06.2011 09:42:33
Овие контрапротести станаа специјалитет на ДПМНЕ но и бруталноста на силеџиите кои се во функција на валканиците на власта...Така се случи со студентите на плоштад, така одеа со тутунари кои никогаш не виделе лист од тутун, така со стечајци...Оваа власт докажува и покажува како функционираат диктатурите...а платените клатачи на врата а земачи на плата си одработуваат и по медиуми и на контрапротести...Да е друга држава би било страшно, но овде сепак народот е помирен...иако прашање на што се е спремна власта...
Од: sds-315
Датум: 20.06.2011 09:51:18
Abe legachi gi trosite parite od roditelite se motate bez rabota, namesto da barate vrabotuvanje, najlesno vi e sobiri i koncerti. Se znae za zal kakvi muziki svirat. Odete onamu kade ima koncerti no ostavetego pokojniot Martin neka pociva vo Mir.Se gleda deka poveke vi e zal za Brane sto ne dobi vlast od smrtta na Martin. Arogantni stvorenija, nigde nema ova vo svet. Banda omladinska
Од: Jasno
Датум: 20.06.2011 10:00:54
Sega vekje demonstraciite go izgubija svoeto znaceje i sarm i ne se nisto drugo do sosema sogoleno opoziciono defiliranje so cel da se dezavuira voljata na narodot. Sigurno na denot na konstituiranjeto na Sobranieto cel e da se organiziraat demnstracii na koi eventualno ke se pobaraat predvremni novi izbori.
Од: Vinci
Датум: 20.06.2011 10:07:57
Pred da kapitulira fasisticka Germanija, Hitler vo prvite borbeni linii gi prakase mladite deca i svesno gi zrtvuvase za naludnicavata ideja za Golema Germanija.Ovaa sporedba ja davam vo odnos na metodite na staronoviot Vmroovski rezim ( veke videna rabota so kontra-protestite na stecajcite,lozarite,tutunarite...... ),koj sega povtorno so veke poznatata sema gi manipulira i involvira mladite za kontra-protesti, sto e zalno i tragicno. Mislam deka vakvite reakcii na nenarodniot rezim ke im se vratat kako bumerang, i brgu ke im dojde krajot.
Од: Alek ®
Датум: 20.06.2011 10:14:30
Кој е уште толку будала да поверува на тоа дека протестите се организирани од СОРОС и СДСМ? Кој е толку будала да поверува на надмената одвратна изјава на извесна Билјана за која сите тврдат дека не била никогаш дел од овој протест? Можеби само 430.000-те соучесници во злосторството, односно во неговото затајување. Нормално е да бидат таму сите свесни граѓани и/или да ја дадат својата поддршка. Претседателот Иванов јасно ја отфрли партиската поврзаност и ја даде својата поддршка на она што се вика јавна дебата иако не лоцираше одговорност. Или некој не ја чул/прочитал неговата изјава? А на „Бихаќка“ нека спремаат гурабии, денес ќе им одат УМС ДПМНЕ на гости.
Од: NE ZADOVOLEN
Датум: 20.06.2011 10:17:26
ovie sto se vtorava grupa garant se zabovolni od tepanjeto na mvr, koga imate vo MK zadovolni tutunoberaci, zadovolni mlekoproizvoditeli od svedmilk,zosto da nemate i zadovolni jadaci na kjotek od MVR. Dali vi teknuva sto se slucuvase vo grcija pred ovie protesti za ekonomijata i kako pocnaa tie pocnaa kako protesti na anarhistite koga policijata zastrala momce vo Atina a vo MK tamu imate mirni protestanti koi samo baraat odgovori. AH AH MAKEDONIJO TESKO NA TEBE EDEN DEN PO IZBORI I ODMA POCNAA SO UBISTVA OD POLICIJATA I APSENJA NA POLITICKI NEISTOMISLENICI AH MAKEDONIJO CRNA MAKEDONIJO
Од: Чича Мите
Датум: 20.06.2011 10:38:09
Ивана се чуди како е можно дасе органзира контра протест. Ивана можно е ! Се додека има такви како Caki , кои имаат портокалови дупки во мозокот и кои не можат да размислат што всушност се случило, ќе има и вакви протести. А до Caki : овдека не е битно кој протестира , туку зошто . Сфаќам дека си вморонец и дека тешко сфаќаш. Ама еве ќе ти кажам: ова може да ти се случи тебе лично , или на твој близок - иако си вморонец.
Од: еден дедо до-РЕЗИЛАНТИТЕ
Датум: 20.06.2011 10:53:11
Фали само уште тие “контрапротестанти“(според мене повеќе би им одговарало РЕЗИЛАНТИ), гордо да изјават “ око нема да ми трепне ако ВМРО-то ми го убие детето, за ВМРО давам се‘ А може да се најде и некоја будала со транспарент “Бранко, што ти чинеше детето, зошто го уби“? Жално колку некои луѓе можат морално да пропаднат само ако така им се нареди. Кога пак тоа го прават млади луѓе , на чие друштво припаѓал Мартин, е,- кога до нив не допира туѓа болка, тогаш е и одвратно и безна- дежно.
Од: makedon4e
Датум: 20.06.2011 12:07:23
Oshte mai ne vi e jasno, Srbija i Grcija sa kaj vas.Vashiot minister veke ja prodade Makedonija na Grcija,a sega i Srbite sakat i tie da bidat sila kaj vas.Vse e za pari.Vi zamarat so guposti,a vo istoto vreme parite se vrtat.Dali mu tekna tova na nekoj i zashto nikomu ne go interesira, neli ste golemi nacionalsti!
Од: Prilepcanec
Датум: 20.06.2011 12:10:27
Golem e tepihot pod koj sto vlasta stava se sto se projavuva protiv nea. Narodot predvreme go obra bostanot.
Од: РНД
Датум: 20.06.2011 12:28:30
Не треба само Фрчко да се шета со толпата што протестира - треба сите политичари. Барем во нешто бидете сложни - сложете се дека убиството на младиот Мартин не е несреќен случај - кажете не на полициското насилство !!!
Од: Majka
Датум: 20.06.2011 13:32:14
Kako ne vi e sram!!! Koi crni partii, za se li za sto ke se digne glas, ke bide deka go organiziral SOROS, SDSM ili ne znam koj...da vi bil na vas Martin blizok pa da vidam dali ke izlezete na kontraprotest...eeej na majkata i sugerirale da ne dava izjavi a i go ubile cedoto....mi se gadi od takvi glupavi lugje i od vakva vlast!
Од: ЧИСТАТА ВИСТИНА НЕБАРА ИМИЊА
Датум: 20.06.2011 13:34:06
Овие контранапади на ДПМНЕ не се нови, но досега му се ептен успешни. Затоа и си продолжуваат со истата тактика. Не беше далеку случајот кога контрапротестираа,дури и физички се спротивставуваа на протестите на архитектите, а за Скопје 2014. Потоа,истата тактика против протестот на земјоделците (тутунарите) - нели се сеќавате како изгледаа тогашните противпротестанки со штикли и мини здолништа? Нели истата приказна продолжува и за овој случај? Треба или нетреба да одговара најстрого,починителот на убиството , но да не се испушти ниеден соучесник на истиот? Молк од владата,а се знае зошто. СЕКОГАШ, НАШАТА ВЛАДА ИСТОТО ГО ПРАВИ КОГА НЕМА ДРУГ ИЗБОР И ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ МУ Е РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ НА АКТУЕЛНАТА СИТУАЦИЈА, А СО ШТО СО ТАКОВ КОНТРАУДАР ДОСЕГА УСПЕВАЛА ДА ЈА ЗАБУШОТИ ЦРНАТА СИТУАЦИЈА, А ТОА ГО ПРАВИ И СО ДРУГИ ТАКТИКИ - ЕКСПРЕСНИ ПРИТВОРИ НА ЗВУЧНИ ИМИНА И ТОА ЗВУЧНИ КОИ ИМ ГО ОШТЕТИЛЕ ДО КРАЈ ТАПАНЧЕТО ОД УВОТО. ЕДНАШ,МОРА ДА ИМА КРАЈ НА ВАКВАТА ЛАКРДИЈА. НЕЛИИИИИ !
Од: kasno e za makedonija
Датум: 20.06.2011 15:05:51
Ako se procitaat komentarite edno stanuva jasno. Semeto na zloto e poseano, pa veke i niknato. Mladite koi protestiraat vo nieden moment ne istaknaa nitu edna politick aporaka. No zatoa SS- ovcite kako copor volci se nafrlija na niv i veke pocnaa so zakani. protestite se protiv edna drzavna institucija, no vo DPMNE e vospostavena "logikata" "Drzavata toa sum jas". I toa sto Frcko se pojavi ednas na protestite treba da se komentira zosto go nema sekojdnevno, i zosto pokraj nego ne se i Sarkanjac, Donev, Mircev i drugi intelektualci. Toa e vistinskoto prasanje.
Од: jovan
Датум: 20.06.2011 15:40:48
Znaci dobivme i protesti so koj se podrzuvaat ubistvata. Bravo Makedonijo. Unikat si.
Од: Veke videno
Датум: 20.06.2011 16:59:14
Beda vo Makedonija. Veke videni Kontraprotesti od kujnata na dpmne. Prozirno kako staklo. A mlafdite od dpmne koga go citase toaa devojceto skolska lakrdija ve molam za antologija za vo teatar. Urednice, Ve molam takvite provokatori kako 3 G spored renometo na Utrinski i negovite vistinski citateli ne gi objavuvajte. Takov 3G vo vecer ne minuva,Vsusnost mozebi vo 3G se krie nekoja kujna??? Vo vecer komentarite ODGOVORNO IZJAVUVAM SE CENZURIRAAT !!! Moj komentar nikogas ne izleguva vo vecer bidejki kriticki e sprema ureduvackata pol na Vecer
Од: Бик
Датум: 20.06.2011 17:36:09
Јас сум за тоа контрапротестантите од дпмне пак да ги води кравата!Таа е најинтелигентното суштество што протестирало пред СДСМ,барем не мора да чита текстови напишани од Центарот за комуникации на дпмне!Нели,Чаки?
Од: Biljana
Датум: 20.06.2011 18:31:29
BRAVO ZA MLADITE vo drzavava vo koja vladee primitivizmot so novokomponirani " ïntelektualci" koi nemaat nitu " i " od intelekt. Mladite ludje dokazuvaat deka tie imaat standardi i kriteriumi . I znaenje i pamet. Miroljubivi i uporni, poleka , no sigurno odat po prav pat.Treba da bidat masovno poddrzani i ohrabreni od site koi se protiv siviloto oboeno vo portokalova boja. Vo ovoj konkreten slucaj nikoj ne i veruva na vlasta , pa duri ni onie koi ja poddrzuvaat. A, onie koi izbraa da gi potcenat, nema nikogas da se sramat za svoite postapki. Razlikata e vo standardite i kriteriumite, za zal.
Од: Стар Мичуринец
Датум: 20.06.2011 20:14:24
Јавно и гласно протестирам против постапката на интернет-изданието на Утрински весник кое не се придржува на својот Правилник за објавување на коментарите на читатели. Имено, во коментарот „Од sds-315, Датум: 20.06.2011 09:51:18“, објавен на оваа страница, грубо се крши првото правило од Правилникот. Јас имам 56 години, за жал веќе одамна не сум „младинец“, но мислам дека квалификациите: „Arogantni stvorenija, nigde nema ova vo svet. Banda omladinska“, особено последната фраза, се премногу навредливи за голем број од популацијата која се препознава во нив за да поминат низ „филтерот“ на Правилникот и барам да се повлечат и Редакцијата да им се извини на читателите!

Најди! во Утрински
Насловна
Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден
Се запознаа ли Милошоски и Ламбринидис?
Насловна
До кога политичарите ќе не' демнат од билбордите?
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
„Рамковен прием“ кај Иванов
Славата, митот и крвта на ВМРО (18)
Навалица за џабе
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија
И испаднаа градите на германска ТВ
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
Дали ГрциЈа ќе се спаси?
Продолжен притворот против обвинетите во „Пајажина“
Младите ќе експлодираат
Преговори со ЕУ без решение на името
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Бензините поевтинуваат денар, дизелот поскапува 1,5 денари
Бизнисменка со мотика в рака
Рамковниот договор клуч за евроинтеграциите
Карикатура
Стил
Татко и син се задушиле во бунар
Онлајн вести

"""