Џенифер Лопез
И испаднаа градите на германска ТВ
Данке, Џенифер!“, вака гледачите на германската телевизија ЗДФ, каде што се емитуваше прошталната емисија на познатиот водител Томас Готшалк, ја поздравија Џенифер Лопез, која случајно ги почести вадејќи ги градите „на послужавник“.
Блескајќи во свилен лелеав фустан со длабоко деколте, при обидот да се смести на фотелјата, Лопез се наведна и на камерманите им даде несекојдневна можност да го снимат она што вообичаено не би смеело да се види.
Во емисијата што се снимаше на Мајорка гостуваа и Хајди Клум и Камерон Дијаз, но ѕвезда на вечерта, дефинитивно, беше една од најубавите жени на светот, Џенифер Лопез. |