Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

Навалица за џабе

Снежана Калабакова

Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст во последно време, веројатно, е најпосетениот објект во градов. Пред базната станица постојано има редица луѓе. Трпеливо чекаат да се качат на гондолите што за шест минути ќе ги однесат до крстот. Меѓу нив се најбројни пензионерите и тоа оние што имаат право на бесплатно возење, жените над 62 години и мажите над 64. Истите оние што секој вторник и петок имаат право на бесплатно или џабе возење во автобусите на ЈСП. Бидејќи ова претпријатие сега стопанисува и со жичарницата, ја почести оваа група граѓани со уште едно задоволство и им ги разубави пензионерски денови.

Просто неверојатно е колку е голема нивната заинтересираност за жичарницата, особено на оние што досега поради неможноста да одат пеш го немаа видено одблизу ниту крстот на Водно. Не мора да потрошат ниту денар за да си направат убав пикник на Водно со домашни печива и нешто за освежување. Во гондолите на жичарницата влегуваат само најхрабрите, но и оние што немаат проблеми со крвниот притисок, вртоглав��ци или други проблеми од планинската височина.

Има и такви што, понесени од желбата да го доживеат ова ново задоволство во градов и во нивниот живот, не се грижат дали ќе добијат покачен крвен притисок, бидејќи таблетите и апаратите за мерење притисок им се при рака. На бабите и дедовците сега им се придружија и учениците, ослободени од обврските за учење. Покрај посета на базените и на Градскиот парк, сега во летниот распуст нова содржина за нив е и жичарницата на Водно.

Летото е период кога низ Скопје транзитно поминуваат поголем број туристи, домашни гости што, исто така, сакаат да ја видат новата градска атракција. Посетата е масовна и ги надмина сите очекувања.


#
Статијата е прочитана 2311 пати.

Испрати коментар

Од: Simo - Rotterdam
Датум: 20.06.2011 00:17:26
Може ли македонските новинари особено па лекторите да се договорат дали машинкава е „жичница“, „жичара“ или „жичарница“ и на крајот, преку сите медиуми да не` известат, ова чудо над Скопје, што „у ствари“ е? ем како се вика на македонски? - На билетите ми кажаа дека пишувало на словенечки - „жичница“. На едно место во Софија за нивните пропаднати жичари (како тетовската) прочитав дека се викала „кейбъл лифт“ (на кирилица), а знам дека бугарски ни лифт од зграда не се вика лифт како кај нас, туку асансјор (асансьор), што пак од друга страна е на француски. Сите сме изгледа каша попара, само што ете нив ги примија во ЕУ...
Од: mene od daleku
Датум: 20.06.2011 01:22:12
Kolku mnogu ironija vo tekstot???!!! Za informacija na mnogu pocituvanata Snezana Kalabakova, koja ocigledno saka da ja prikaze kako negativna subvencijata na vladata za besplaten prevoz na penzionerite ???!!! Vo poveketo zemji vo svetot, kako naprimer Avstralija i Nov Zeland, penzionerite imaat besplaten gradskji avtobuski, vozen i traekt prevoz vo rabotnite denovi vo "off peak hours", odnosno pomedju 9 casot nautro i 3 casot popladne i posle 6.30 casot navecer, a neogranicen za vreme na vikendite i praznicite. Istoto se smeta kako edna od pogolemite i najpopularna pridobivka za penzionerite i nikoj od ostanatite vozrasni grupi ne prigovara i ne pravi ironicni komentari kako sto e slucajot vo ovoj tekst, a pritoa vrzuvajki go istoto so poseta na turisti ???!!!
Од: seirdzija
Датум: 20.06.2011 08:03:38
Naskoro ke pocnat da pristigaat smetkite za nenamenski potrosenite pari,a do togas neka si uziva narodot vo besplatno vozenje i gledanje spomenici,plazi,teniski igralista...So segasnata ekonomska sostojba vo MKD realni sansi se da platite vo idno vreme bidnat okolu 50 evra mesecno kako rezultat na totalno pogresno vladeenje.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 20.06.2011 08:42:27
Ubavo e koga ke se sporeduvame so Avstralija i Nov Zeland vo edna rabota no prodolzi vo se da kazes kako e tamu kako e vamu.
Од: Dizniland
Датум: 20.06.2011 09:02:05
Kade gleda ironija onaja " mene odaleku. avtorkata ubavoi si napisala kakva navalica ima na zicarnicata od penzioneri, bicki i deodvci , koi ete veselo si se vozikaat do krstot na Vodno. Bidjeci gi imavme reseno vece site problemi vo gradot( raskrsnici, tramvai ulici, bulevari, triumfalni kapii , spomenici , a eve sega i konjanikot ni dojava srede na plostad , prekrasnite plazi pokraj Vardar, eve sega imama i prekrasna zicarnica so veseli penzioneri. Abe nie ssne vistninski Dizniland! Dobro e da se izgradi i eden kosmodrom, edna skokalnica( kako onaa na Planica) i ako moze na Vardar neka se napravi nekoi vodopad. Ne mora da e kolku Nijagarinite, Moze i malku pomal.
Од: За пофалба
Датум: 20.06.2011 09:03:55
Навистина ми е мило што ја направија жичарата, а уште повеќе што поголем број граѓани ќе бидат во можност да ја користат. Бесплатното возење за пензионерите е за пофалба. Единствено се надевам дека посетителите без оглед на возраста ќе се потрудат да го зачуваат Водно чисто без фрлени отпадоци насекаде.
Од: deli
Датум: 20.06.2011 12:54:29
Žičarata bidna, raboti, penzioneri se vozat za džabe, pa i vo autobusi isto taka. No i žičara i autobusi trošat struja i nafta, na šoferi im sleduva plata, servisot mora da raboti, da poprava... seto toa košta PARI. Bidejki ima XXX luge, što dobija beneficija da ne gi plakaat uslugite - vozenjeto vo busot i vo žičara, nema pretprijatieto da zeme od niv pari. Odo što ke se platat tie gore imenuvani trošoci (plati, popravki, struja, nafta...)??? Koj gi plaka? Država? Državata e finansuvana od danoci, zimani od plati na zaposleni luge. Lično mislam, deka sekoj, pa i penzioner treba da si gi plaka svoite trošoci, nikoj nee obavezen da mu plaka vozenjeto so žičara. Ako nemaš, ne vozi se. Ili zaštedi od nešto drugo. Parite, što se davaat za vakvi "zabavi" se potrebni na drugi mesta. Inaku - na penzionerite im poželuvam zdravje i volja za šetanje - no na SVOJ TROŠOK. Tie barem imaat siguren prihod, penzijata nikoj nema da im ja zeme, so razlika od platata. Pozdrav
Од: zapad
Датум: 20.06.2011 14:37:32
spored avtorkata atrakcija bilo da se vidi eden krst od metal???i piknik tamu gore???pa na zapad ludjeto se znojat i rekreirat i toa i stari a vo mak covek na 70god kako da e prstarten site imat pritisok toa e od sedenje...a sto se odnesuva do zicara sotek na vreme taa ce bide nerentabilna i prazna i ce se ukine zicari se gradat tamu kade ima zimski turizam kako vo tetovo.........
Од: Трпе
Датум: 20.06.2011 15:43:10
И волкот сит и овците на број.Пензионерите задоволни со бесплатно возење на жичарница а владата задоволна што пералната им работи беспрекорно а истовремено и зголемување на гласачко тело.

Најди! во Утрински
Насловна
Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден
Се запознаа ли Милошоски и Ламбринидис?
Насловна
До кога политичарите ќе не' демнат од билбордите?
Упад во младинскиот протест поради убиството на Мартин
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
„Рамковен прием“ кај Иванов
Славата, митот и крвта на ВМРО (18)
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија
И испаднаа градите на германска ТВ
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
Дали ГрциЈа ќе се спаси?
Продолжен притворот против обвинетите во „Пајажина“
Младите ќе експлодираат
Преговори со ЕУ без решение на името
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Бензините поевтинуваат денар, дизелот поскапува 1,5 денари
Бизнисменка со мотика в рака
Рамковниот договор клуч за евроинтеграциите
Карикатура
Стил
Татко и син се задушиле во бунар
Онлајн вести

"""