Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Навали народе, македонскиот зеленчук е безбеден

Резултатите од 40 примероци на домати и на краставици покажале дека тие не содржат ешерихија коли

Македонскиот зеленчук е безбеден и сосема исправен за консумирање, односно во него нема присуство на бактеријата ешерихија коли, убедуваат министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски. За да го поткрепат ова тврдење на прес-конференција тие јавно дегустираа свежи домати и краставици.

За да ја докажат исправноста на домашниот зеленчук, Агенцијата изминатите 10 дена спровела вонредни контроли на над 40 примероци земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските производители. Резултатите покажале дека доматите и краставиците се стопроцентно сигурни за јадење.

„Сакаме да ги убедиме македонските потрошувачи во исправноста и во квалитетот на домашните градинарски производи. Лошо е ако ја немаме довербата во нашите земјоделци. Доколку нашите производи се насекаде почитувани и се третираат како производи со врвен квалитет, добро би било шт�� повеќе да се трошат и дома, особено во услови на ваква пазарна криза“, истакна Димовски.

Рунтевски, пак, нагласи дека изминатава година во рамки на ЕУ, Македонија, како трета земја, беше втор извозник на краставица, а тоа доволно зборува за квалитетот и за безбедноста на нашиот зеленчук.

По појавата на бактеријата ешерихија коли, освен пласманот на домашниот и на странскиот пазар, драстично се намалени и цените на раноградинарските производи.

„Како последица од заразата драстично се намали продажбата на раноградинарските култури, особено трпи извозот, а се откажуваат и набавките од странските купувачи. Одлуката на Русија и на Шведска за забрана на увоз на зеленчук дополнително ја влоши состојбата“, истакна Димовски.

Извозот на доматите од јануари до средината на јуни годинава е намален за 18 отсто во однос на истиот период лани, на краставиците за 23 проценти, а на зелката околу 69 отсто.

Во јануари годинава цената на доматите на пазарите на големо била 80 денари за килограм, а сега е 25, додека на краставиците од 80 денари е намалена на 10.

Поради огромните штети што ги трпат производителите, Владата, најави министерот Димовски, ќе им излезе во пресрет со зголемување на финансиската поддршка и обезбедување поволни кредити за обртни средства. Воедно се прават интензивни контакти со сите дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија, пред се', во Русија и во Украина, кои се сметаат за алтернативни пазари и кадешто има добри шанси за пласман на нашите производи.

„Министерството за земјоделство размислува да предложи зголемување на директните плаќања и на висината на субвенциите по хектар и по килограм од сегашните 90 илјади денари како поддршка за настанатите штети. Се разгледува и можноста за користење поволни кредити со каматни стапки не повисоки од четири отсто, за подолг рок на отплата, зголемување на максимумот на кредитите од 100 илјади евра на 700 илјади, како и дополнителни компензации од средства од европските фондови на име претрпени штети кај производителите на градинарски култури“, најавува Димовски.

Според него, загрижува фактот што продажбата на македонските производи е драстично намалена на домашниот пазар.

И производителите се чудат како ќе го продадат годинашниот род. Се сомневаат дека вештачки се создава страв за да се спушти цената на зеленчукот, додека граѓаните се поделени - едни не купуваат во паника поради бактеријата, а други веруваат дека зеленчукот е безбеден за консумирање.

Што се однесува до извозот, тој е зголемен на косовскиот пазар, а пласманот во Србија е стандарден, со благо покачување во однос на минатата година.

Градинарските култури во пластеници годинава се застапени на 6.506 хектари. Најмногу има домат, бостан, зелка, благ пипер и компир. Заклучно со 13 јуни во Македонија се произведени 4.267 тони ран домат и 10.930 тони краставица, што е повеќе од очекуваното.

До крајот на септември годинава, од производството на отворено се очекува најголемо производство на домати до 142 илјади тони, а на пиперки до 250 илјади тони.

Од вкупното градинарско производство во земјава, што годишно изнесува од 550 илјади до 650 илјади тони, околу 100-150 илјади тони се пласираат на домашниот пазар, 50-60 илјади тони се преработуваат, а 350-400 илјади тони се извозуваат како свеж или преработен производ. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар

Од: TRAJANKA
Датум: 20.06.2011 05:48:46
Makedonskiot zelencuk e naj kvaliteten , naj vkusen , Domatite i Piperkite se unikat od naseto podnebje . Imam moznost od cel svet zelencuk i ovosje da jadam , no ne e da se usporedi so od Makedonija kade prirodno se odgleduva . Toa sto go imame a ne znaeme da cenime e druga rabota . Zemjodelieto i stocarstvoto treba da se razviva , sramota e da se ima glad , vo zemja koja naopaku da posadis ke nikne . Da se se uvezuva Turcija i Grcija .
Од: miki
Датум: 20.06.2011 06:56:24
Svetot stravuva a kaj nas izleguvaat cirkuzanti.....
Од: Рики
Датум: 20.06.2011 07:36:15
истата ситуација со свинскиот грип, само покасно ќе разбереме што е работата, веројатно е дека ќе забранат извоз на природно одгледан зеленчук, туку оној кој е во контролирани услови кој е генетски модифициран и го има во големите маркети пакуван во тацна обвиткан со најлон убав за око а нема ништо здраво во него. Нездрава работа што се случува!!!
Од: Nov EU skeptik
Датум: 20.06.2011 10:25:19
Koga Evropa izgledase ubavo i jas ja sakav. No, baranjata da ispolnime specijalni uslovi, propisi so koi ke gi prodavaat samo nivnite proizvodi, a nasite ke gi otfrlaat zaradi ambalazi i sl. Ne treba diskriminacija kon homo populacijata, no posvojuvanje deca od homo-brakovi, gej karni i dr. e neprifatlivo. Najgolemata peralnica na pari Kipar ja primija bez problem (samo pola); Bugarija i Romanija zaradi strategiski pricini - i gi zadolzija (vidi Internet- izvor CIA - i sporedi). Iako enormno platena, nivnata administracija ne ja vide sostojbata na Grcija, Irska, Spanija i dr. Iako vlezot na MK ima pozitivnosti, novite soznanija za EU doveduvaat do skepticizam.

Најди! во Утрински
Насловна
Се запознаа ли Милошоски и Ламбринидис?
Насловна
До кога политичарите ќе не' демнат од билбордите?
Упад во младинскиот протест поради убиството на Мартин
Пукна резил! Пукна Ејми Вајнхаус на Калемегдан!
„Рамковен прием“ кај Иванов
Славата, митот и крвта на ВМРО (18)
Навалица за џабе
Милошоски се запозна со новиот шеф на грчката дипломатија
И испаднаа градите на германска ТВ
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
Дали ГрциЈа ќе се спаси?
Продолжен притворот против обвинетите во „Пајажина“
Младите ќе експлодираат
Преговори со ЕУ без решение на името
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Бензините поевтинуваат денар, дизелот поскапува 1,5 денари
Бизнисменка со мотика в рака
Рамковниот договор клуч за евроинтеграциите
Карикатура
Стил
Татко и син се задушиле во бунар
Онлајн вести

"""