Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

За исти пари помалку ќе не' лечат?

Министерот за здравство, Османи, вели дека сегашниот пакет е преобемен со оглед на средствата што се слеваат во здравствената каса

Јасмина Јовановска

Пакетот основни здравствени услуги што ги добиваат пациентите на товар на државата ќе се крати. Засега, Министерството за здравство не ��белоденува што ќе се крати, но министерот Бујар Османи потврди дека сегашниот пакет е преобемен според тоа колку средства се слеваат во здравствената каса и мора да се менува системот на здравствено осигурување.

„Има два модела, еден пообемен, а другиот помал. Тоа е комплетно нов систем на здравствено осигурување, една темелна реформа на системот. Министерството само ги презентираше до Владата. Деновиве ќе ги презентирам двата модела пред јавноста со цел да се види и ставот на граѓаните што ќе биде најбитно во однос на реформирање на концептот“, потенцира Османи.

Новиот пакет здравствени услуги се подготвува со години. Секоја гарнитура како што ќе дојде во Министерството за здравство се зафаќа да го среди, но за кратко време се откажува да ги направи резовите во основните здравствени услуги поради стравот од социјален немир. Сега скратениот пакет, кој е една од главните реформи на оваа Влада, е финализиран, но не се открива. Според она што беше разоткриено, додека пакетот се анализираше, до јавноста стасаа информации дека ќе има ограничување на одредени испитувања, како и воведување на скалеста партиципација. Така, на пример, во пакетот за една година ќе може да се направи само една магнетна резонанца и најмногу две компјутерски томографии. Министерот Османи, засега, не открива детали и вели дека ќе ги соопшти откако пакетот ќе биде визиран од Владата.

Со пакетот здравствени услуги наскоро правна рамка ќе добијат и медицинските постапки за лекување разни болести, за кои пред два дена Министерството за здравство беше опоменато од Фондот за здравствено осигурување да побрза со нивното озаконување. За Министерството за здравство нема потреба од вакви јавни опомени и секој треба да си го знае своето место во здравствениот систем.

„На прв поглед барањето на Фондот изгледа како мешање во работата на Лекарската комора и Министерството за здравство. Поголемиот дел од протоколите што се донесени, односно ги има веќе над 40, се подготвуваат за објавување во ’Службен весник‘. Целта е да се гарантира и да се зголеми квалитетот на здравствената услуга. Тоа можеби ќе значи поголем трошок во одредени услови, бидејќи подразбира почитување на сите процедури и постапки, дијагностички и терапевтски за да се стигне до крајната цел“, изјави Османи. Тој нагласи дека медицинските упатства за лекување не треба да бидат алатка за штедење пари. „Погрешно е да се интерпретира од кој било дека протоколите за работа се алатка за штедење, бидејќи тоа е дел од Акцискиот план, односно сетот мерки промовирани пред една година“, изјави првиот лекар во државата.

Ова не е првпат Фондот да се меша во ингеренциите на Министерството за здравство. Фондот се мешаше за проширување на позитивната листа, за цените на лековите. Зад ваквото ривалство се зборува дека се крие натпреварот меѓу две институции пред Владата да се покажат кој повеќе знае и умее. „Сметаме дека не треба да постои ривалство меѓу двете институции, затоа што тоа е непродуктивно за остварување на заедничката цел - развој на здравствениот систем. Она што е добро е судир на конструктивни идеи и мислења за што МЗ отсекогаш било подготвено да учествува со свои аргументи, ставови и предлог-планови“, велат од Кабинетот на министерот.


#
Статијата е прочитана 1192 пати.

Испрати коментар

Од: el toro
Датум: 03.11.2010 12:16:19
Celta seuste ne e postignata.Toa ke se sluci koga voopsto nema da ne lekuvaat,ke si se lecime vo privatnoto zdravstvo za kes no pritoa pak ke si plakame zdravstven pridones..Ete toa ti se vika ekonomicno raboternje na FZO..Bravo!!
Од: sabedin
Датум: 03.11.2010 12:35:27
ete ne pominaanitri dena osmani pak strese nestopametno. abe da te pitam nesto: zivees li ti ovde ili si od druga planeta. pa neli ima dovolno pari pa se namali pridonesot za zdravstvo za da mu trgne na biznisot.ili sega nema.znaes sto e muva bez glava.
Од: Трпе
Датум: 03.11.2010 13:46:43
Како смета ова сериозна блада,да изоди дел од обеќаните 100 чекори?Кога прави еден чекор напред два назад.Зарем не ветува бесплатно здравство за секого.Сега во ист кош ѓи стават и овие кои издвојуват од своите плати и овие кои ништо не издвојуват.И така квалитетот на здравствените услуги им е за никаде.Што уште можат да скратат.Сигурно ке го намалат и кислородот во воздухот.А тоа и го работат со пустошот низ македонските шуми.
Од: jas
Датум: 03.11.2010 14:47:16
Pa neka objavat kolku luge voopsto nisto ne izdvojuvaat za zdravstvo a preku zena prijavena vo zavod za vrabotuvanje lecat uste po 4 deca, sto mislite koj plaka zatoa, site nie so losi zdravstveni uslugi i nemanje lekovi, i doktorite i zdravstven personal so mali plati. Toa e cenata na besplatno zdravstvo
Од: јас
Датум: 03.11.2010 16:59:26
Јавно кажувам дека сакам да се откажам од користењето на „бесплатното “здравство , но И ДА НЕ ПЛАЌАМ СЕКОЈ МЕСЕЦ НЕ МАЛА СУМА ЗА ПРИДОНС ЗА ЗДРАВСТВО !!Ионака се плаќа се’ , се чека ненормално на обични снимања..Вака барем ќе си платам се ’колку што чини на приватно и нема да ме дерат крвопијци од фондот и разноразни матични и штотијазнам лекари..Вака некој плаќа , а некој не оделил ни денар во здравствената каса, а се лекува цела многубројна фамилија ( поготово оние од северозападна Македонија )..

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (21)
„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Тиквешански
Зајас нема дилеми
Бабамовски
Атињани удрија на странските амбасади
Се љубат Надица и Иво
Тројца загинати во сообраќајка кај Кавадарци
Делата остануваат
За неплатен долг - отиде платата
Никој не знае кај смее да се пуши
Северина без Славко во Скопје
„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
Турците пак го забранија „Јутјуб“
Карикатура
Стил
Реал се спаси во 94 минута, Жилина доби седумка
Русија помала за 700.000 жители






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states