Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Никој не знае кај смее да се пуши

Никој точно не знае каде е дозволено, а каде е забрането пушењето, па дури ни луѓето што ги носат законите. Имено, вчера на дневен ред на собраниската Комисија за здравство на дневен ред се најде предлогот на група пратеници за измена на Законот за заштита од пушењето, со кои би се дозволило пушење на терасите и на бавчите, при што пратениците на власт покажаа дека тие не се во тек со правила што се во сила, а кои предвидуваат на надворешните простори да се пуши само од март до октомври.

„И сега е дозволено пушење на летните тераси и бавчи на угостителските објекти“, изјави Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ, чудејќи се на барањето на опозицијата за вакви измени во забраната за пушење.

Предлогот на групата пратеници за олабавување на целосната забрана за пушење, што не беше прифатен од мнозинството пратеници, предвидуваше поголемите локали да одвојат посебни простории за пушење, а помалите да се определат дали ќе бидат само за пушачи или за непушачи.

Во образложението на Предлог-законот, Горан Сугарески од СДСМ рече дека предлагаат сопствениците на објектите со површина до 100 квадратни метри да можат да изберат дали објектот ќе биде целосно за пушачи или за непушачи, за објектите поголеми од 100 квадратни метри сопствениците да обезбедат посебен дел за пушачи во кој вентилацијата на воздухот во просторот за пушење ќе овозможува негова промена согласно со европските стандарди. Со предлогот се бараше пушењето да биде дозволено на летните тераси и бавчи на угостителските објекти, на стадионите на отворено за време на спортски и други јавни манифестации, во летните кина. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1487 пати.

Испрати коментар

Од: CVETKO
Датум: 03.11.2010 19:06:39
Alo ,pratenici donesete zakon za otvaranje na "PUSHALNI" vo koi slobodno ke mozze da se pushi, a ne pushaccite nema shto da baraat tamu.Prosto i site ke bidat zadovolni.Osvesti se MAKEDONIJO
Од: kiroSAD
Датум: 04.11.2010 02:26:02
Banana republika nikoj nisto ne znae a sekoj pravi kako mu cini..

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (21)
„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Тиквешански
Зајас нема дилеми
Бабамовски
Атињани удрија на странските амбасади
Се љубат Надица и Иво
Тројца загинати во сообраќајка кај Кавадарци
Делата остануваат
За неплатен долг - отиде платата
Северина без Славко во Скопје
„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
За исти пари помалку ќе не' лечат?
Турците пак го забранија „Јутјуб“
Карикатура
Стил
Реал се спаси во 94 минута, Жилина доби седумка
Русија помала за 700.000 жители






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states