Сторија
Се љубат Надица и Иво
Една од најубавите жени во Македонија – топ-моделката Надица Горгиева и еден од најпознатите менаџери и првиот човек на „М-2 продукција“, Иво Јанкоски, се во врска. Купидон ја насочил својата стрелка директно во срцата на вљубените, па ништо чудно врската наскоро да се трансформира во брак и приказната да финишира со „...и така среќно живееја до крајот на животот“.
„Со Иво се знам одамна, дваесетина години, и поради честите професионални соработки стекнав голема доверба во него“, ни раскажа Надица. „Секогаш сум го обожавала неговиот хумор и навистина не верував дека животот може да биде толку убав, толку полн со убави нешта, содржаен... Како се' да доби боја, а најмногу моите очи. Другарите се шегуваат на мојата сметка, велејќи дека имам зелени ѕвезди во очите. И по прв пат ми се случува пријател да ми стане љубовник, што ми ги разбудува пеперутките во стомакот“, романтична е Надица.
Кај Наде е видлива промената, велат нејзините блиски. Постојано е насмеана, а тие со Иво , како тазе љубовници, најчесто се смеат. Всушност, не се делат - патуваат, излегуваат, гледаат филмови, се' во двојка.
Надица долги години беше во врска со Сергеј Варошлија и веруваше дека животот понатаму ќе го мине сама. Арно ама, не одлучуваме секогаш ние самите. И астролошки Иво и Надица се предодредени еден за друг - Водолија и Близнак мора да завршат заедно. Космосот за нив чува најубави нешта. (В.Т.) |