„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
(04.11.2010г.-09:48ч.) Прогласување несолвентност побара раководството на холивудското студио „Метро Голдвин Маер“. Претставниците на компанијата сметаат дека ова нема да биде крај, туку нов почеток на фирмата, која одигра толку значајна улога во американската филмографија. Компанијата на овој начин сака да се заштити од доверителите, на кои им должи четири милијарди долари.
|