Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

За неплатен долг - отиде платата

Многу граѓани остануваат без денар откако извршителите ќе им ја блокираат цела плата наместо една третина

Соња Маџовска

Многу граѓани што имаат неплатени долгови остануваат без денар откако сите средства им се одземаат од сметките во банката, со налог за нивно блокирање. Иако Законот за извршување пропишува дека само една третина од платата или од пензијата смее да биде предмет на блокирање, најчесто се блокира целата сума.

„За долг од пред 20 години, за неплатен персонален данок, сега ми ја блокираа жиро-сметката и не можам да си ја подигнам пензијата“, се жали една скопјанка.

Извршителите велат дека доколку должниците не се кријат и соработуваат со нив и им приложат доказ од каде им се приходите нема да има вакви грешки. Според нив, граѓаните најчесто реагираат кога ќе им се чепне в џеб.

„Извршителите, според законот, не смеат да ја земат цела плата. Налогот за блокада се носи и во банка и се испраќа кај должникот. Ако тој навреме достави потврда за изворот на средства по основа на плата, пензија, во тој случај се става забрана само на една третина од приливот. Но, најчесто должниците прво избегнуваат да си ги платат долговите и не сакаат да комуницираат, па доаѓаат кај нас, откако ќе им се блокираат сметките“, објаснува Весна Деловска, извршител. Според неа, најголемиот број решенија по кои работат за спроведување присилна наплата, доаѓаат од фирмите или дури 75 отсто, 20 отсто се на граѓаните, само од четири до пет отсто се од државата. Деловска објаснува дека и кај фирмите и кај граѓаните најчесто станува збор за неплатени рати од кредит или не покривање на минусните салда на кредитните картички, а сите постапки за присилна наплата доаѓаат по веќе завршени судски постапки. Инаку, законот е ригорозен и на извршителот му се на располагање сите пари на должникот во банка, вклучувајќи ги и штедните влогови. Тоа значи дека на располагање се и орочените штедни влогови, така што кога ќе помине орочениот период и од нив се одземаат пари за наплата на долгот. Додека кај граѓаните постои законско ограничување во делот што може да биде одземен од платата или од пензијата, кај сметките на фирмите нема лимит.

Граѓаните се исплашени дека не само извршителите, туку кога ќе почне и Управата за јавни приходи присилно да наплатува директно од нивните сметки, ќе останат и без плати и без пензии. Сепак, според последната одлука, граѓаните ќе се спасат од присилната наплата од даночниците се' до крајот на овој месец, до кога треба да заврши преземањето на предметите од Државното правобранителство во Управата за јавни приходи. Но, по овој датум нема милост. УЈП ќе симнува средства од сметките на граѓаните и на фирмите за да собере пари поради неплатени казни за недозволено пушење, фрлање ѓубре, плукање и мочање на јавни површини, сообраќајни прекршоци, казна за недозволено минување улица, погрешно паркирање, брзо возење, но и долгови на фирмите кон државата, односно глобите и трошоците изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на државата.

А дека постојано расте бројот на блокирани сметки потврдуваат и податоците од Народна банка на Македонија, според кои, заклучно со септември бројот на блокирани сметки се искачил на рекордни 80.000, што е двојно повеќе од истиот период лани.


#
Статијата е прочитана 4050 пати.

Испрати коментар

Од: Reketari!
Датум: 03.11.2010 12:07:02
Izvrsitelite se ordinarni reketari, pod zakrilata na vlasta! Krajno vreme i da se stavi kraj na ovie nasilnici bezcuvstvitelni reketari!
Од: vaga957
Датум: 03.11.2010 14:36:32
Ако, само така удри по овој заспан народ.А банките се гледа како ги штитат своите клиенти.Каде е заштитата на личните податоци.Ај,сто воопшто се трошам и пишувам кога нема фајде.Удри Грујо за нас ова е премалку.НАЗДРАВЈЕ.
Од: Vladimir
Датум: 03.11.2010 14:43:17
Eeeee braka i sestri Makedonci. Samo taka ke se prevaspitame. Po dzebot bolelo najmnogu a ? Na zapad kulturata se gradela na vakov nacin sto mislevte vie.
Од: jas
Датум: 03.11.2010 14:49:06
pa samo kaj nas e normalno dolgovite da ne se plakaat. Normalno deka koga togas dolgot treba da se izmiri
Од: aleksandar
Датум: 03.11.2010 17:06:45
izvrsitelite se REKETARI!!!i toa klasicni
Од: bezboen
Датум: 03.11.2010 18:06:24
Ete vi DEMOKRATIJA neli za toa se borevme.
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.11.2010 20:05:41
E,aman vece od taa Vasa preporaka so crveno: "Vnesovte pogresen kod.Ve molime probajte povtorno" Povece od sigurno deka kodot go vnesov tocno!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Drugo e prasanje,ako vo istiot moment i drug komentator go vnel istiot kod. Togas problemot na e kaj nas,tuku kaj VASSSS!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: jas
Датум: 03.11.2010 22:41:25
sramota vlasta gi prati svoite araci, samo se nadevam deka ke se najde nekoj robin hud da prestane ova sr...evo...
Од: Nikola
Датум: 04.11.2010 09:44:24
Narodot si gi izbra neka gi trpi sega. Samo vaka na ova glupo Makedonce.

Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (21)
„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Тиквешански
Зајас нема дилеми
Бабамовски
Атињани удрија на странските амбасади
Се љубат Надица и Иво
Тројца загинати во сообраќајка кај Кавадарци
Делата остануваат
Никој не знае кај смее да се пуши
Северина без Славко во Скопје
„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
За исти пари помалку ќе не' лечат?
Турците пак го забранија „Јутјуб“
Карикатура
Стил
Реал се спаси во 94 минута, Жилина доби седумка
Русија помала за 700.000 жители






EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states
EU report strongly criticises Serbia's progress
Macedonia begins rally season with little promise of real change