Античка Македонија 2010 година по многу нешта личи на Велигденските Острови во 16 век!
Се' тече, се' се менува! Ама делата остануваат, а историјата памети. Со оваа поента се раководеле многу владетели што останале запаметени од својот народ. И економската наука учи од историјата што многу често знае да се повтори. Тоа што се случува денес во Македонија може да се преслика во минатото што било запаметено по многу настани и владетели. Да почнеме хронолошки.
Пред околу 2000 години - период на владеење на римскиот император Нерон (владеел од 54 до 68 година). Негова најголема опсесија била да стане популарен и стравопочитуван. Како секој добар популист, почнал да гради грандиозни објекти без да води многу сметка за идните економски последици од својата визија. Меѓу првите проекти била изградбата на неговата резиденција наречена „Златна куќа“ и опкружена со огромна градина и вештачко езеро. Проектот бил заокружен со изградба на бакарна статуа висока 30 метри. Се разбира дека статуата го претставувала него самиот.
Но, во времето на Нерон биле изградени и многубројни спортски сали и театри. Организирал бројни фестивали, кои вклучувале гладијаторски игри, масовни спортски игри, претстави на поезија и разновидни театарски претстави. Буџетската политика била целосно насочена кон поддршка на грандиозните проекти на императорот што, сами по себе, немале економска употреба. Спрема сите историски сознанија за овој римски император, неговите грандиозни и екстравагантни градежни проекти го истоштиле централниот буџет дотаму што цела Италија била финансиски уништена, посебно провинциите што биле руинирани.
Кога Нерон, конечно, сфатил дека не постои бесплатен ручек кога е во прашање економијата, единствен избор да се извлече од банкротот на државата бил да преземе драконски мерки на зголемено оданочување на народот. Набргу потоа, соочени со огромното незадоволство од осиромашените граѓани, почнале обидите од неговите најблиски соработници да го симнат од власт. Првите неколку обиди Нерон успеал да ги спречи. Но, соочен со суровата реалност, тој си ја зел судбината во свои раце. Туркајќи го ножот во сопствениот врат, неговите последни зборови, наводно, биле: „Светот не е свесен каков артист ќе изгуби“.
Најголем дел од историчарите се согласуваат дека почетокот на крајот на Римската Империја почнал поради абнормалните непродуктивни буџетски расходи на Нерон, што ја довеле империјата до прагот на банкрот. Но, несомнено е дека неговите дела останале!
Време: шеснаесетти век. На еден мал остров некаде на Тихиот Океан, кој денес се вика Велигденски Острови, народот познат како „рапа нуи“ бил на врвот на своето цивилизациско постигнување. Од непознати причини тогашниот лидер одлучил да инвестира во изградбата на огромни статуи изделкани од камен. Полека, но сигурно се' поголем дел од економските ресурси на ова општество биле насочувани кон изградбата на камените статуи. Во наредните двесте години општеството успеало да направи над 200 статуи, изделкани од камен, со височина од 10 метри и тежина од 80 тони и да ги нареди на самиот брег на океанот. Дополнително, над 850 други статуи биле во различна фаза на изработка. Некои од овие незавршени статуи биле со височина од над 20 метри и со тежина од над 250 тони. Континуираната опсесија на лидерите на овој остров да градат вакви статуи на економски план буквално го уништиле ова општество.
Во почетокот на шеснаесеттиот век вкупната популација на овој остров изнесувала над 10.000 жители. Кога островот бил откриен од еден брод од Холандија, во 1722 година, имало само неколку стотини жители што живееле во мизерна состојба. Всушност, имало повеќе статуи отколку што имало луѓе. Луѓето исчезнале, но делата, се разбира, останале!
Време сегашно - античка Македонија - 2010 година. Општеството се наоѓа на врвот од својата сиромаштија и невработеност. Околу 31 отсто од граѓаните се невработени. Сличен е процентот на семејства што живеат во сиромаштија, според критериумите на Светска банка. Пред контејнерите владее неред и турканица. Во потрага по парче леб се' поголем број граѓани одат на привремена работа надвор од државата. Девизните дознаки и трансфери драстично се зголемуваат во последните десет години и ќе изнесуваат најмалку 1,2 милијарди евра во 2010 година. Тоа претставува речиси 20 отсто од бруто домашното производство на државата. Економијата на Република Македонија и така е во мизерна состојба, но што ли би било без овие дознаки од надвор. Странски инвеститори нема, постојните бегаат. Надворешниот девизен долг на државата вртоглаво расте.
Сепак, не е се' лошо. Во државниот буџет има пари. И тоа повеќе од кога било во историјата на државата. Очигледно, охрабрена од фактот дека народот може да плаќа уште поголеми давачки и даноци, Владата предлага рекорден буџет за новата 2011 година, според износот на вкупните расходи. Некои луѓе и' се восхитуваат на големината на буџетот, а забораваат дека, всушност, буџетските расходи се финансираат од даноците и од давачките што граѓаните и' ги плаќаат на државата.
Владетелите со државата и со нејзината економија решаваат да изградат споменици и објекти по кои ќе се паметат нивните достигнувања. Без јасно изразена волја на народот, владетелите почнуваат да градат разни објекти, споменици и статуи. Трошат милиони евра народни пари за леење лавови во форма на сфинги, кои симболизираат период од пред неколку десетици века, и ги поставуваат на мост што го носи името на македонски револуционер што загинал пред еден век.
Не знам дали е привилегија денес да се биде сведок на удирањето на темелите на нашата триумфална порта, но знам дека не е пријатно да бидеш сведок на економско тонење. Оваа Влада, очигледно, нема да си дозволи да извлече поуки од безбројните грешки низ историјата.
Можеби за оваа Влада економската иднина на Македонија и на нејзините граѓани е апстрактен поим. Таа одговорност и' ја препушта на некоја идна влада што во иднина ќе треба да се грижи за долговите од минатото. Но, се разбира, важно е што делата остануваат!
Ke zvuci grubo, ama ne se izdrzuva vekje. Den Doncev e maksimalno dosaden i nekompetenten. Navistina, iskrena molba do novata glavna urednicka, krajno vreme e da go zamenite ovoj kolumnist so nekoj sto ke vnese svezina. Veruvajte, dobro e za vesnikot.
Од: zoro
Датум: 03.11.2010 15:30:05
neznam dali den doncev e informiran deka, na rupa nui ili na easter islands deneska da sakas da otides ke treba da cekas nekolku meseci bidejki avionite se prebukirani za patuvanjata tamu a aranzmanite se extremno skapi koj sto mozat da si go dozvolat samo bogatite amerikanci i ludite japoni. da da i narodot ne iscenzal poradi statuite naprotiv oni seuste se zivi poradi niv, najverojatno zasekogas!
Од: jovan
Датум: 03.11.2010 18:17:29
Za razlika od Neron, na ovdesnite "artisti" ni na kraj pamet ne im e(a zosto pa da im e)da si turkaat noz vo sopstveniot vrat. Pre ke si gi spakuvaat kuferite i pravac "rapa nui" zaedno so bogatite Japanci i Americanci.
Од: јас
Датум: 03.11.2010 18:20:56
До првите двајца: Очигледно не сте ја сватиле сторијата.Првиот воопшто не мора да чита , ане пак да коментира ,а вториот..Самиот си одговори на прашањето , ама не е свесен за тоа.Што ќе имам јас и тој од велелепните споменици , кога моите современици , роднини , пријатели и сограѓани ЌЕ ИЗУМРАТ ЗА КОРКА ЛЕБ ПРАВЕЈЌИ ГИ ОВИЕ СПОМЕНИЦИ НА НАШИОТ „НЕРОН “...
Од: realist
Датум: 03.11.2010 19:40:02
Ne znam dali Zoro e prirodno naiven(da ne recam...ili odi nekade na spremanje?! I dali e zapoznat kolku e mizeren zivotot na nekoj sto e gladen, izmrznat i so krajno neizvesna idnina. Da ne recam bolen, zosto samo ova e veke bolest.Sigurna sum deka na edna vakva "covekolika" bilka malku ke i mari sto posle 100 godini amerikancite red ke cekaat da ja posetat.
Од: bezboen
Датум: 03.11.2010 23:06:07
Ne znam zasto go napagjate kolumnistot, zasto nekoj ne smee da ima poinakov pogled na rabotite. Ako ne vi se dopagja ednostavno ne go citajte.
Од: Trpe
Датум: 04.11.2010 07:53:04
Одлична колумна, споредбата е малку груба, ама сепак реална. Можеби некој од портокаловите ќе ги симне своите розави очила и ќе ја видат сиромаштијата на граѓаните. Секаде каде што може оваа Блада ги префрла давачките да граѓаните, зголемувањето на цените на разни услуги, зголемување на судските такси, се е тоа цедење на граѓанинот, за да можат да се финансираар грандиозните глупости на оваа Блада, кој патем треба да привлечат туристи. Ма дај молим ве, кој ќе дојде по втор пат во Скопје кога ќе ја виде сета прјавштина во која се гуше.
Од: deli
Датум: 04.11.2010 07:54:09
Skulpturi na V. ostrva se edinstveni na svet, toa go nema nikade. Od pogled na žiteli, što izumrele radi niv, se bezvredni. Kako dela, koi se napraveni so minimum mehanizacija i alat se maximalno interesantni. Vo stari Rim itn.: koga umrel (ili bil ubijen,otruen itn.) carot, noviot daval naredba na site spomenici na prethodniot da im se sečat glavite i se zamenuvale so glavata na noviot, ili celosno spomenicite se ništele. Sepak ostanana istorijski raboti - nivna vrednost (sem umetnička) denes e vo nivnata starost. Barok, triumfalni kapii isl.: vo svoe vreme imale nekoj smisol, takvo vreme bilo. Denes nikakov pretsedatel (sem možda vo Korea, ili..)ne ke gradi Tr.kapija kako simbol na triumfiranje na svoe vladeenje, pa toa bi bilo deneska smešno!Denes nikoj ne gradi vo barok, ako ne se pravi replika na nekoja prvobitna gragevina (Varšava, Dresden posle 2.rat).Da, delata ostanuvaat: jaka država, zadovolni luge, dobra vnatrešna i nadvorešna politička pozicija. Toa se deneska prioriteti!
Од: Вистина
Датум: 04.11.2010 08:20:03
Дончев ја кажува реалната ситуација,а што тоа не им се допаѓа на платените портокалови коментатори е нивни проблем!
Од: Mite
Датум: 04.11.2010 10:56:51
a si bil ti vo Grcija da vidish sto se imaat izgradeno a kolkav ime e dolgot !?!?.. pa obicni sela imaat crkvi kako nashata najgolema.. a isto taka ne ti se gleda deka vo Ohrid ima bajagi spomenici i 365 crkvi ??? ..ili Ohrid e pod sdsm pa ne se vazi ...