Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (21)

Рожен е македонскиот Олимп во Бугарија

Требаше да поминат десет години за бугарските власти да им дозволат на Македонците слободно да му оддадат почит на Јане Сандански

Виктор Цветаноски

По десетгодишен сизифовски напор, Македонците во Бугарија слободно се искачија на Роженскиот манастир за да му се поклонат на Јане Сандански. Десет години, секој 22 април, се обидуваа безуспешно да ги пробијат полициските барикади што ги поставуваше бугарската држава за да ги спречи да положат цвеќе на гробот на војводата. Токму затоа Рожен е нивниот македонски Олимп.

Само првата година по падот на Тодор Живков тие можеа слободно да го посетат ова за нив свето место. Наредните години бугарската власт им создаваше невидена мака, а беа тепани најхрабрите што се обидуваа по заобиколни планински патишта да стасаат на гробот.

„Не можам да сфатам дека им се забранува на бугарски граѓани да положат свежо цвеќе на гроб на свој човек за кој сметаат дека е заслужен за нивното минато“, ќе ни изјави тогаш претседателот на Бугарскиот хелсиншки комитет, Красимир К’нев. Тој смета дека причините за таквиот однос на бугарските власти кон активистите на ОМО „Илинден“ треба да се бараат во тоа што тие се определуваат како Македонци.

Сето она што тие години ќе го преживуваат Македонците будно ќе го следи познатата организација за човековите права, која целосно ќе биде на нивна страна и ќе ги застапува во Стразбур. „Бугарските власти на Македонците во Бугарија во минатата година, како впрочем и во претходните, не им дозволија да се соберат и да прослават неколку датуми од македонската историја. На 25 април окружниот обвинител на Благоевград забранил, а полицијата оневозможила поголема група активисти на ОМО ’Илинден‘ да ја одбележат годишнината од убиството на Јане Сандански и да положат свежо цвеќе на неговиот гроб во Роженскиот манастир“, стои во еден од извештаите на Хелсиншкиот комитет.

Истовремено се наведува дека на група Македонци, кога се обиделе да го посетат споменикот на Сандански во градот што го носи неговото име, им се нафрлила полицијата и им ги одзела венецот и свежото цвеќе. Други групи што тргнале од градот Гоце Делчев и од Петрич за Рожен биле пресретнати од полициски кордон и спречени да го продолжат патот кон манастирот. Во извештајот се додава дека непосредно пред прославата на годишнината од смртта на Јане некои членови на ОМО „Илинден“ биле посетени од органите на редот во нивните домови и присилени да потпишат протокол за предупредување дека одбележувањето на убиството на Сандански била забранета.

Македонците биле малтретирани и на 4 мај кога не им било дозволено да ја одбележат годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. Дента неговиот споменик во Благоевград бил блокиран од полициски сили. Тие биле оневозможени да го прослават и Илинденското востание. Споменикот на Самоиловата тврдина крај Петрич, местото каде што по традиција тој ден тие се собираат, бил опкружен од локалната полиција.

Со падот на комунизмот, како и сите други бугарски граѓани, и Македонците сметаа дека дошла демократијата и дека и тие ќе можат национално да се декларираат тоа што се. Но, се излажаа. Денес во Бугарија се' уште со страв и омраза се изговара името Македонец. Тој збор е највалканиот збор во бугарскиот речник. Во разговор за еден софиски весник неколкумина видни интелектуалци јавно ќе признаат дека Бугарите полесно ќе прифатат некој да се нарече фашист отколку Македонец.

Првата година по падот на Живков, на ливадите крај посмртните останки на Јане се собраа повеќе од десетина илјади Македонци. Времињата се' уште беа матни, новата власт недоволно организирана и неподготвена да реагира на наводната „опасност за бугарската кауза“ што доаѓала од македонството. Меѓутоа, наредните години, со асистенција на пробугарската ВМРО, Софија ги стави нештата под контрола, користејќи ја полицијата. Уплашена од силните манифестации на македонството, таа за Македонците ги затвори сите приоди кон Рожен. Парадоксот да биде уште поголем, годишнините на Сандански масовно почнаа да ги одбележуваат комитетите на Красимир Каракачанов, потомците на луѓето што го убија големиот војвода и продолжувачите на делото на Ванчо Михајлов, кој пред да умре во деведесеттите години на минатиот век, остави тестамент во кој ги негираше Македонците и македонската нација.

Тие години на Рожен пламени говори за бугарштината држеше главниот обвинител на Бугарија, Иван Татарчев, човекот кој во тој периодот беше трета личност во бугарската држава и нејзина совест. Од сите бугарски политичари Македонците него најмногу го паметат по лошо. Тој против нив ги организираше хајките, по негова наредба се блокираа и патиштата и беа поставувани полициски кордони. Омразата што ја манифестира спрема членовите на ОМО „Илинден“ беше невидена. Не испушташе ниту една прилика да го извалка нивното национално и човечко достоинство, нарекувајќи ги пијаничишта, пропаднати луѓе и предавници на бугарскиот род. „Треба да ги задржат, јас би им наредил дури и да ги натепаат“, им се закануваше тој на Македонците, барајќи од полицијата да се пресмета со „лумпените и предавниците на родот“. Тој изјавуваше дека толерантноста спрема членовите на ОМО „Илинден“ била престап спрема бугарштината.

Одбележувањето на годишнината на убиството на Сандански од националистите на Каракачанов со асистенција на Татарчев се организираше со определена цел. Притисната од европската демократска јавност бугарската власт мораше да даде образложение зошто не ги пушта Македонците да го посетат гробот на омилениот војвода. Нејзиното објаснување беше дека се плаши да не дојде до судир со симпатизерите на пробугарската ВМРО.

Го посетивме гробот на Сандански кога бугарската власт по десет години, конечно, реши да им дозволи на Македонците слободно да се качат на Рожен. Таа прослава, сепак, не беше вистинска прослава зашто строго ја контролираше полицијата, следејќи го внимателно секој нивен чекор. Токму и поради тоа на гробот на Јане не се собраа многу Македонци. Десетгодишното малтретирање и постојаните забрани вгнездија кај нив голем страв.

Големиот македонски револуционер е погребан веднаш до црквата што тој самиот ја изградил во 1913 година, на околу 200 метри од Роженскиот манастир, кој е сместен високо во планината, на само неколку километри од некогаш познатиот, а сега речиси мртов град Мелник. Многумина се прашуваат зошто Македонците, и покрај честите тепања, не се откажуваа од желбата да положат цвеќе токму на гробот на Сандански, а бугарските власти упорно им ја спротивставуваа полицијата. Само тие што добро ја познаваат македонската историја ќе ја разберат нивната повеќегодишна упорност.

Сандански е симбол на македонската борба во Пиринска Македонија. Тој е човекот кој поцврсто од кој и да е војвода го бранел македонството од ударите на врховистите што ја замислувале Македонија како дел од Бугарија. Токму поради тоа, тој на 22 април 1915 година по наредба на царскиот двор бил ликвидиран во заседа. Истовремено, тој ден Македонците сакаат на светот јавно и јасно да му кажат дека постојат дека нив ги има во Бугарија, наспроти тврдењата на официјална Софија дека не постои македонско малцинство.

Бугарски историчари ќе го стават Јане Сандански меѓу стоте највлијателни Бугари, заедно со повеќемина значајни Македонци. Јане ќе се најде на почесната листа не поради придонесот што го дал за Бугарија, туку поради тоа што, според нив, го свртел тркалото на историјата. Тие ќе признаат дека со неговата појава бугарската кауза во Македонија била загубена и ќе потсетат д��ка неслучајно Македонците од Бугарија го посетуваат неговиот гроб.

Д-р Костадин Георгиев, Македонец од Софија, вели дека неговата посета на гробот на Сандански е длабоко интимно доживување и чин на уважување на големото дело и име на македонскиот револуционер. „Доаѓањето на гробот на Сандански е традиција на неколку поколенија Македонци што се бореле и се борат за зачувување на својот национален идентитет“, ни изјави Георгиев, кој подолго време ги истражува годините кога Ванчо Михајлов се пресметувал со Македонците што не се согласувале со него.


#
Статијата е прочитана 2896 пати.

Испрати коментар

Од: НЕ БЕ СПАСКА И РИЗИНСКИ И
Датум: 03.11.2010 12:25:09
За една Спаска за еден Ризински за гробишта големата демократија на ЕУБугарија известува и кодоши пред ЕУ парламент. Така е и со Грција. Кога овде некој ме убедува во големата ЕУ или светска демократија ми се ............................
Од: do site
Датум: 03.11.2010 12:38:14
Бугарите вакви или такви си го трасираа патот кон ЕУ и кон Нато, а што правиме ние. Ние само знаеме да критикуваме и фалсификуваме историја, е тоа сме ние Македонците. Едно прашање од мене кон сите:„Кажете ми барем едно востание или бунт против како што викате вие „Бугарски окупатори“, било тоа да е во балканските војни, првата светска војна и втората светска војна. За ваша жал е Нема такво нешто, туку напротив Бугарските војски во Македонија се пречекувале како ослободители со погача. За ова постојат безброј документи и фотографии.
Од: sando novoselec gogovski
Датум: 03.11.2010 13:34:21
Bugarite se što e makedonsko oni go presvojuvat da e nivno od Goce Jane Kiril i Metodi car Samoil ušte ne sam slušnal za Aleksandar Makedonski da e nivni deka sme Makedonci pokultura i demokratija sme izmisleni za niv oni se pred na i prvi vo EU po kriminalot treba vrata da im zatvorime
Од: miss Stone
Датум: 03.11.2010 13:36:53
Прво: Во интервјуто за српскиот весник „Политика“ од 1909 година, Сандански јасно за себе кажува дека е Бугарин. Второ: Убиен е по наредба на ВМРО, откако претходно е исклучен од организацијата со својата група „серчани“, поради убиството на Сарафов и Гарванов. Трето: За време на балканските војни и прва светска војна се борел како доброволец во бугарската армија.
Од: Esen
Датум: 03.11.2010 13:47:02
"продолжувачите на делото на Ванчо Михајлов, кој пред да умре во деведесеттите години на минатиот век, остави тестамент во кој ги негираше Македонците и македонска��а нација" Dali poradi ovaq izjava vmlOVCITE mu pravat spomenik? A vie gospodine Cvetanovski treba malku porealno da gledate na nestata,i da se podsetite kako pominaa bugarite vo makedonija koga ja odkrija bistata na Aleksandrov vo eden privaten dvor.I Veruvajtemi ima barem 10 pati poveke bugari vo Makedonija,odkolku makedonci vo Bugarija.
Од: Димитар
Датум: 03.11.2010 14:18:25
На никој бугарски државјанин, а и странец не му било забранувано да посетува гробот на Јане Сандански или споменикот на Гоце Делчев. Не беше дадена само дозвола на одредени организации да одржуваат таму настани. Секој кој само сакаше да стави цвет можеше да го стори тоа.
Од: Антиврховист
Датум: 03.11.2010 14:24:20
Организираното одење на Рожен од Македонија секогаш било само со цел провокација на Бугарија, а не вистинско почитување на Сандански. Колку до Сандански, тој рамо до рамо се борел со бугарската регуларна армија за време на балканските војни. ако не сте ја виделе фотографијата на Јане сликан со бугарските генерали, погледнете ја. Колкав голем Македонец бил Јане покажува тоа. Дека поклонувањето на Рожен отсекогаш било само фарса и провокација, а не вистинска почит, покажува и фактот што во самата Македонија државата не се грижи за своите херои. На прмер, нема ниту еден споменик или спомен обележје за Мара Бунева која се жртвувала за слободата на Македонија борејќи се против српското ропство.
Од: pameten
Датум: 03.11.2010 14:45:55
poveke bugari vo Makedonija,odkolku makedonci vo Bugarija.... Locirani megju Albancite i Turcite e samoubijstvo da broime kolku Bugari ima vo Makedonija i kolku Makedonci vo Bugarija. Nitu Bugarite denes mozhat da go negirat deneshniot Makedonski narod, a od komentarite stanuva jasno deka Makedonskiot identitet denes ne mozhe da se gradi ednostavno na negiranjeto na Bugarskite koreni. Da zaboravime za skolastikata i da se soochime so realnosta.
Од: so site
Датум: 03.11.2010 18:51:54
A be momce ne si cul za partizanite koi vo eden okrsaj vo Debarca ohridsko ubija 23 bugarski vojnici,verovatno si pomlad ne ja pamtis vtora svetska.
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.11.2010 18:58:49
G-dine Esen (rana ili docna,no sekako so slana). mnogu ednostavno resenie na tvojata zagonetka (ne kuturdzisko tvrdenje.Drug pat potpisuvaj se Kutura-povece ti odgovara),vo dvete zemji da se ovozmozi slobodno i bez predrasudi izjasnuvanje na gragjanite (gledam vo R.Bugarija ja snema grafata -makedonec),pa taka ce imame realna prestava za brojot na ednite i drugite. Samo ima eden "mal" problem,a toa e deka politickata vrhuska vo Republika Bugarija ne samo sto ne dozvoluva organiziranje na gragjanite so makedonsko samosoznanie,tugu ne dozvoluva i organiziranje na bugarite vo R.Makedonija. Za da go svatis toa (osobeno vtoroto) cukni se po glavata so kamen i toa po moznost bel za povidlivi da bidat tragite od cuknuvanjeto.Taka belkim i ce ti tekne zosto toa e taka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Metodija
Датум: 03.11.2010 19:41:01
"Бугарите полесно ќе прифатат некој да се нарече фашист отколку Македонец." A vo Makedonija sborot "bugaras" ne e najvalkan, tako?! Zasto ne e kazano ova, da bide ovoj text obektiven...
Од: Bogomil
Датум: 03.11.2010 19:48:38
кКога ги читам коментарите на некои од господава, веројатно од глутницата антимакедонисти, дебело платени од Софија или од нивниот ,,Културен,, центар во Скопје, ми станува уште појасно дека за таквите нема никаков ефект аргументот. Во главите им е вградена грамофонска плоча и таа постојано им врти, а тие папагалски ги повторуваат пропагандните рефрениод фашизоидните времиња. Толку изветвени и до здодевност примитивни. Па отец Пајсие што им напишал во ,,Славјано-бугарската историја,, -зошто се срамат да се наречат Бугари? А вие господо барате денес Македонците да бидат тоа! А Сандански и денес е во срцето на ПИРИНЦИТЕ и на сите МАКЕДОНЦИ, но не и кај Бугарите, посебно оние од ваш ков.
Од: xxL from Prilep
Датум: 03.11.2010 20:42:01
abre tolku li ste slepi bre vie Bolgari,pa od Mars se gleda deka nie makedoncite ne ve sakame.Tie demagogi sto gi plasirate za bugarski koreni i prisvojuvanje na nasata istorija se veke izliteni i dosadni gluposti na koi se smeat i malite deca!
Од: Blagoevgrad
Датум: 03.11.2010 22:17:48
Vo znak na PROTEST po povod GENOCIDOT i ASIMILACIJATA shjo vrshi vrz nas etnickite Makedonci pod PIRIN Bugarija ,sakam OFICIALNO da se OTKAZAM od Bugarskoto mi drzavjanstvo.
Од: SAD
Датум: 04.11.2010 00:11:02
Do nekade se slozuvam so poveketo komentari, no da bideme iskrani deka i vo Bugarija i vo Grcija makedonskoto malcinstvo seuste e tretirano mnogu bedno. Zdruzenijata na Makedonci vo ovie dve drzavi uste imaat problemi na mnogute sobiri i manifestacii. Da bese ova isto scenario so Albancite, ne Strazbur, i Obedineti Nacii ke znaeja za ova.
Од: Stojan
Датум: 04.11.2010 00:24:42
Dedomi Ilija i babami Sava ( rodeni 1982 i bea zivi do 1979 ) mi velea " Turskoto go zavarivme od roduvanje i bese tesko za ziveevnje. Fasistite germanci i bugari gi precekavme so vareni jajca i pogaci ama napravija pustoss od Makedonija i da dade gospod da ne se poftori".
Од: nacional-patriot
Датум: 04.11.2010 03:40:56
Makedoncite pod okupacija od Otomancite digale vostanija,no nemale pomos ili mnogu mala pomos od sosednite narodi.Vo balkanskite vojni na Makedoncite im bilo vetuvano(lazno) od Sofija deka ke dobijat makedonska drzava,ako gi pomognat sofiskite vojnici.Vo prvata svetska vojna koja pocnala nabrzo posle balkanskite vojni,Makedoncite bile istosteni i istroseni od balkanskite vojni i nemale sila samite da se organiziraat protiv okupatorite.No vo vtorata svetska vojna,Makedoncite ne bile istosteni i dignale vostanie protiv sofiskiot okupator vo 1941 godina.Sofija treba da ja priznae realnosta deka Makedoncite imaat razlicno poteklo od takanarecenite Bugari.
Од: pp
Датум: 04.11.2010 03:43:25
Da mu se zgadi na covek kolku bugarofilcinja imalo vo zalna Makedonija.Posle tolku decenii borba protiv negatorite na makedonskiot etnos, povtorno se povampiruvaat vnatre , megu Makedoncite.Samo imaat eden golem problem: za najgolem del od Makedoncite ,Makedonija ne e samo" ime procitano vo kniga, nitu zbor cuen od prededovci, taa e krv, koski i otrov, krv,koski i majcino mleko".
Од: VP
Датум: 04.11.2010 10:25:13
Рожен е Рожен и без да е Олимп е многу убаво место - и во зима и во лето. Нема ништо попријатно од тоа симнувајќи се од Пирин да се усамотиш под асмата во манастирот или да пиеш едно вино во визбата на Кордопуловата куќа во Мелник. И да мислиш што сакаш за македонската или бугарската историја и нивните противречности.

Најди! во Утрински
Насловна
„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Тиквешански
Зајас нема дилеми
Бабамовски
Атињани удрија на странските амбасади
Се љубат Надица и Иво
Тројца загинати во сообраќајка кај Кавадарци
Делата остануваат
За неплатен долг - отиде платата
Никој не знае кај смее да се пуши
Северина без Славко во Скопје
„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
За исти пари помалку ќе не' лечат?
Турците пак го забранија „Јутјуб“
Карикатура
Стил
Реал се спаси во 94 минута, Жилина доби седумка
Русија помала за 700.000 жители






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states