Турците пак го забранија „Јутјуб“
(04.11.2010г.-09:45ч.) Само неколку дена откако беше дозволена, турскиот суд повторно издаде едномесечна забрана за популарниот интернет-сајт „Јутјуб“. Мерката е донесена поради одбивање на интернет страницата да отстрани видео-материјали за кои се проценува дека се незаконски за Турција. Организацијата „Репортери без граници“ побара од турската Влада да го гарантира правото на слободно он-лајн изразување.
|