Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Зајас нема дилеми

Катица Чангова

Во Зајас, родното место на Али Ахмети и на неговиот вујко Фазли Велиу, на петти декември се избира градоначалник. Но, тоа, веројатно, ќе биде обична формалност доколку се има предвид дека има само еден кандидат - Мусли Муслиу од ДУИ, партија што редовно победува на локални избори во Зајас. Дали поради овој факт или можеби поради нешто друго, но ДПА, лутиот политички противник на ДУИ овој пат не истакна свој кандидат.

Шансата за ривалитет и за рамнотежа на овие локални избори пропадна откако несудениот претендент од независната листа не успеа да ја потврди кандидатурата со само 91 од потребните 150 потписи. Ваков натпревар на локално ниво и само еден за градоначалник немаше ни во 2009 година, а ниту во претходните соочувања.

Градоначалникот на интегративците, Бесим Велиу, кој се повлече од функцијата поради семејни и здравствени причини, на последните локални избори против себе имаше двајца кандидати. Велиу победи со 2.759 гласа, противникот од ДПА обезбеди 94, а оној од група избирачи го поддржаа 338 гласачи.

И за избори со еден кандидат законодавецот oдредил правила, една третина излезност во прв круг и 50 отсто гласачи за избор. Изборите поминуваат ако во Зајас на гласање излезат 3.300 од околу 10.000 избирачи, а за градоначалникот гласале 1.700.

Излегува дека за победа во Зајас не е потребна програма, ветувања, кампања. Избирачите немаат дилеми, а треба да ги послужи добро време. Се разбира, и овие избори чинат пари. За 16 гласачки места ќе бидат ангажирани 160 члена на избирачки одбори, плус 10 за општинската изборна комисија. Некој ќе рече зошто е потребно ова бламирање? Нема бегање од процедурите, роковите, обуките... Не дај боже, да пропаднат изборите оти ќе се повторува целата постапка. А и за големата и за малата свадба трошокот е тој.


#
Статијата е прочитана 1712 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Македонско-бугарски историски контроверзии (21)
„Вујко“ и „Мама“ потонаа во Ибар
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Тиквешански
Бабамовски
Атињани удрија на странските амбасади
Се љубат Надица и Иво
Тројца загинати во сообраќајка кај Кавадарци
Делата остануваат
За неплатен долг - отиде платата
Никој не знае кај смее да се пуши
Северина без Славко во Скопје
„Метро Голдвин Маер“ отиде во банкрот
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
За исти пари помалку ќе не' лечат?
Турците пак го забранија „Јутјуб“
Карикатура
Стил
Реал се спаси во 94 минута, Жилина доби седумка
Русија помала за 700.000 жители






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states