01.05.2012, 15:41 Германците помалку работат, а повеќе произведуваат
Продуктивноста во Германија од 2001 до 2011 година нараснала за 22,7 отсто, со истовремено скратување на работното време за девет отсто.
По обединувањето, во Германија има раст на цената на трудот, а во последните десет години таа е во стагнација што ја направи германската економија поконкурентна на меѓународниот пазар. Истовремено, има раст на продуктивноста во првата европска економија во изминатата декада, иако бројот на минати часови на работното место е намален, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“. (МИА) |