Хороскоп
Овен
Моментално едно патување би можело да ве помрдне од мртвата точка и да ве извлече од секојдневната монотонија. Денот го поминувате некаде помеѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата. Не грижете се, допрва ќе има патувања.
Бик
Се соочувате со проблеми на сите страни. Тамам помисливте дека решивте еден, одненадеж се појавува нешто ново. Бидејќи важите за личност која умее да се избори со тешкотиите, ќе сфатите дека ситуацијата е минлива.
Близнаци
Ненадејното случување ви го враќа оптимизмот. Веќе се обидовте да се откажете од се, но ситуацијата почнува да ветува. Немојте како по обичај веднаш да се олабавувате, туку активно разгледајте ги можните проблеми.
Рак
Фантазирате и планирате. Мора да бидете поконкретни за да не се изгубите во илузии. Ви доаѓа време кога од зборови треба да се премине на дела. Вие со нетрпение очекувате. Можеби и со причина, затоа што многу вложувате.
Лав
Се обидувате да му помогнете на едно лице, но тоа тешко ви успева. Затоа чувствата кај вас во последно време ќе бидат пренагласени, но и малку повредени. Вината лежи во вас, во последно време сте многу невнимателни.
Девица
Само делумно се трудите, и тоа во областите кои неизмерно ги сакате. Што се однесува до другите обврски, ја префрлате одговорноста на другите. Ако имате покрај себе некој што е подготвен да ги пополни празнините во вашиот живот, добро за вас.
Терезија
Вознемирени сте и незадоволни. Ни сами не знаете што е причината за вашето расположение, но го препознавате, бидејќи е периодично и без видливи разултати се повторува. Мора да бидете свесни дека некои работи зависат само од вас.
Скорпија
Партнерот успева да ве поткрене од мртвата точка и да ве одведе на некое интересно место. Независно од тоа дали станува збор за театарска претстава или за домашна седенка, убаво ќе се чувствувате. Обидете се да ги вербализирате чувствата.
Стрелец
Иако немате опипливи резултати за среќа - добро се чувствувате. Камен ви падна од срце, бидејќи се гледа крајот на непријатностите кои до скоро ве оптоваруваа. Трпеливи сте, бидејќи со оптимизам очекувате поволен исход на случувањата.
Јарец
Доброто расположение продолжува. Имате потреба да направите нешто за да го промените имиџот. Причина за незадоволство нема. Моментално во прв план е љубовната среќа и радосните вести од помладите домашни.
Водолија
Работата што ја работите бара инспирација. Бидејќи чувствувате потреба да ви помогне некој отстрана, ќе бидете многу разочарани ако таа помош не пристигне навреме. Сепак мора да се потпрете само на себе.
Риби
Состојбата не се промени премногу во однос на вчерашниот ден. И понатаму се евидентни нервози. Бидејќи не мислите многу на здравјето, мора да бидете свесни дека ситуацијата не е толку розова.
|