На стадион во Најроби загинаа седуммина
Црвениот крст на Кенија соопшти дека седуммина загинаа во Најроби обидувајќи се да влезат на мечот на двата најпопуларни фудбалски клуба во таа земја, Гор Маија и АФЦ Леопард.
Тајитус Монг Мунго, официјално лице на Црвениот крст, изјави дека шестмина загинале на стадионот, а едно починало во болница во Најроби. Функционерот на Фудбалскиот сојуз на Кенија, Френк Окот, изјави дека стампедото на стадионот го предизвикале навивачи, кои немале билети за мечот меѓу Гор Маија и АФЦ Леопард. И покрај се', мечот беше продолжен по пауза од 15 минути, а по консултацијата на судиите. |