Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Магат: Нема повеќе слободни денови

На Шалке 04 никако да му тргне во Бундес-лигата, викендов ремизира без голови кај Ајнтрахт

Продолжуваат лошите партии на фудбалерите на Шалке 04 во Бундес-лигата оваа сезона. Тимот на Феликс Магат викендот ремизира без голови во Франкфурт против Ајнтрахт на Ока Николов и по девет одиграни кола се наоѓа дури на 15 позиција со само шест гола.

„Игравме многу лошо и треба да признаеме дека сме среќни што освоивме бод. Решив повеќе да не им давам слободни денови на фудбалерите“, изјави гневниот Магат.

Пред почетокот на сезоната составот од Гелзенкирхен беше вбројуван меѓу кандидатите за шампионската титула, но ситуација сега е сосема спротивна. Шалке 04 мора да почне да освојува бодови за да не се доведе во позиција да се бори за опстанокот во бундеслигашката конкуренција.

„Не ми е јасно што се случува. Во лигата на шампионите играме многу добро, а во Бундес-лигата не ни оди како што треба. Не знам зошто е тоа така, бидејќи летото одлично работевме за време на подготовките“, вели играчот за врска на Шалке 04, Џермејн Џонс.

Содржаен и богат меч беше оној во Менхенгладбах во кој Вердер ја совлада домашната Борусија со 4:1, победа со која екипата од Бремен влезе во првата половина од табелата. Марин во 5, Весли во 12, Хунт во 51 и Пизаро во 75 минута погодија за гостите, единствениот погодок за Борусија (М) беше автоголот на Пер Мертезакер во 67 минута. Во останатите три меча исто толку победи на домашните екипи, сите со идентичен резултат - 2:1. Нирнберг ја доби пресметката со Волфсбург, Хановер 96 беше подобар од Келн, Фрајбург од Кајзерслаутерн.

Бундес-лига, 9. коло



Резултати: Нирнберг - Волфсбург 2:1, Хановер 96 - Келн 2:1, Фрајбург - Кајзерслаутерн 2:1, Борусија Менхенгладбах - Вердер 1:4, Ајнтрахт Франкфурт - Шалке 04 0:0, Хамбургер - Баерн Минхен 0:0. Вчера играа: Борусија Дортмунд - Хофенхајм, Баер Леверкузен - Мајнц 05, Штутгарт - Сент Паули.

Табела: Борусија Дортмунд 21 (-1), Мајнц 05 21 (-1), Хановер 96 16, Баер Леверкузен 15 (-1), Хамбургер 15, Фрајбург 15, Хофенхајм 14 (-1), Вердер 14, Вердер 14, Ајнтрахт Франкфурт 13, Сент Паули 13 (-1), Баерн Минхен 12, Нирнберг 12, Волфсбург 10, Кајзерслаутерн 7, Шалке 04 6, Борусија Менхенгладбах 6, Келн 5, Штутгарт 4 (-1).


#
Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар се залепи за дното на табелата
Алонсо нов лидер, кошмар за Ред бул
ЦСКА му откажа на Ѓоре Јовановски
Македонија трета на „Трофеј Карпати“
Сантандер доби шестка од Реал (М), четири гола на Роналдо
Македонија очекува медал
Гамбит Асеко го подели 14. место во Пловдив
На стадион во Најроби загинаа седуммина
Руни се релаксира во Дубаи со 250.000 фунти неделно
Буфон во Манчестер јунајтед?
ЕП 2012 продадено за 11 милиони евра?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker