Буфон во Манчестер јунајтед?
Долгогодишниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, овој викенд е „фатен“ во Манчестер во придружба на агент за недвижен имот како разгледува куќи. Според информациите во „Тутоспорт“, Буфон заедно со вереничката Алена Седорова го обиколува градот барајќи адекватен дом за нивните деца, како и најдобри училишта за странци.
Иако неговиот менаџер Силвано Мартина негира дека Буфон ќе премине во Јунајтед, веќе се знае дека тој трансфер би изнесувал 20 милиони евра, а годишната плата на Италијанецот би била шест милиони евра. |