Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Македонија очекува медал

Миодраг Мицковиќ

Најдобрите македонски куглари со голем оптимизам ги очекуваат натпреварите на светското првенство во поединечна машка и женска конкуренција кое денес почнува во австрискиот град Ризинг. Се надеваат барем на еден медал со оглед на одличната форма што ја прикажаа во своите клубови за кои настапуваат. Пред настапот во Ризинг, репрезентативците имаа куси заеднички подготовки во Загреб бидејќи речиси сите се интернационалци и Загреб им беше најблиското зборно место. Тренираа заедно со кугларите на Хрватска.

Селекторот Менсур Ајдин може да смета на нашите најдобри куглари освен на Димитар Димитровски кој се повреди на последниот светски клупски куп што се одржа во Скопје настапувајќи за својот матичен клуб Макпетрол. Тој е моментно најдобар куглар во домашното првенство и неговото отсуство ќе се почувствува и во репрезентацијата.

Македонската репрезентација, согласно со постигнатите резултати од минатото светско првенство, има право да настапи со четворица натпреварувачки и три куглари. За Ризинг ќе заминат петмина куглари, еден ќе биде резерва во случај некој да се повреди.

Борис Бенедик ќе ја предводи машката селекција. Тој е светски првак од 2004 година, потоа актуелниот светски јуниорски првак Бранко Манев као и Коста Манев кој годинава е член на хрватскиот клуб Задар и кој има по��тигнато одлични резултати за својот клуб на гостувањата во Словенија и во Австрија како и во првенството на Хрватска.

Списокот на репрезентациите ќе го завршиме со Урош Стоклас, освојувач на два златни медала за репрезентацијата на Словенија на светските првенства, сега има македонски пасош и Дамир Фучкар кој моментно има втор најдобар резултат во хрватската лига со просек од 650 соборени дрва. Покрај Коста Манев за Задар настапува и Борис Бенедик, Бранко Манев и Урош Стоклас се членови на Коником (Осиек), а Дамир Фучкар на Бјеловар.

Кај дамите селекторот Ајдин се одлучи за Леонарда Маер (Загреб, Данче Гиевска и Тања Трпковска (Работнички).

Стандардната репрезентативка Александра Николовска од семејни причини го откажа своето учество. Инаку на првенството нашите куглари ќе се борат во три дисциплини - поединечно, двојки и во спринт.

-Имаме квалитетен состав, искусни куглари кои веќе имаат освојувано медали на светските првенства (Бенедик, Стоклас и Фучкар) и со оглед на нивната добра форма, со право очекувам да освоиме барем еден медал, ни рече пред поаѓањето за Загреб Менсур Ајдин.


#
Статијата е прочитана 258 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар се залепи за дното на табелата
Алонсо нов лидер, кошмар за Ред бул
ЦСКА му откажа на Ѓоре Јовановски
Македонија трета на „Трофеј Карпати“
Сантандер доби шестка од Реал (М), четири гола на Роналдо
Гамбит Асеко го подели 14. место во Пловдив
На стадион во Најроби загинаа седуммина
Руни се релаксира во Дубаи со 250.000 фунти неделно
Магат
Буфон во Манчестер јунајтед?
ЕП 2012 продадено за 11 милиони евра?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker