Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Гамбит Асеко го подели 14. место во Пловдив

Според Бухолц, единствениот тим од Македонија е 22. на ЕКК

Роберт Димитриевски

Шахистите на Гамбит Асеко го исполнија планот да се пласираат пет места повисоко од стартната 25. позиција според тимскиот рејтинг 2411, завршувајќи на делба на 14. место меѓу 49 екипи што учествуваа на 26. Европски клупски куп во Пловдив од 17 до 23 октомври. Според Бухолц, пак, единствениот македонски претставник е 22. со осум меч-бода и со 20,5 поени освоени по табли.

Вицешампионот на Македонија забележа четири победи и три пораза. Во последните три кола прво изгуби од осморангираниот Ашдод од Израел со 4,5-1,5, а потоа слевеше со 3,5-2,5 против Бетсон (32.) од Англија и со 4,5-1,5 во дуелот со Падова (27.) од Италија.

Велемајсторот Борис Чаталбашев (2606) во завршниот круг против Италијанците славеше со црни фигури на првата табла против ексрепрезентативецот на Македонија, ВМ Кирил Георгиев (2685). По цел поен освоија и интермајсторот Марјан Митков (2392) на втората против ИМ Енио Арланди (2430), ФИДЕ-мајсторот Зоран Стојчевски (2355) на четвртата против ФМ Валерио Лучани (2212) и ФМ Оливер Органџиев (2321) на шестата против Кристијано Кваранта (2116). ИМ Орце Данчевски (2402) на третата ремизира со ФМ Алесио Валсеки (2331), а ИМ Атанас Кизов (2389) на петтата изгуби од Стефано Наваро (2274).

Митков и Стојчевски имаат ефект 4,5/7, кој им го подобри рејтингот за 22 поена. Останатите потфрлија: Данчевски има 2/7 (-7 рејтинг-поени), Кизов 2/6 (-10), Органџиев 2,5/6 (-6) и резервата, ФМ Љубиша Андоновски (2295), заврши со 1/4 (-5).

Четвртиот носител Економист од рускиот град Саратов ја одбрани европската круна како единствен со 13 меч-бода од можни 14.

Резултати од последното коло: Економист - Југра 3-3; Сокар - Москва 3-3; Мика - Баден Баден 2,5-3,5; Ејнатен - Чернигив 2,5-3,5; Санкт Петербург - Беер Шева 3,5-2,5; Золинген - Ашдод 1,5-4,5; Нови Бор - Ривненски 3-3; Гласинац - Вердер 1,5-4,5; Урал - Осло 5,5-0,5; Бихаќ - Најден Воинов 3,5-2,5 итн.

Конечна табела: Економист 13 (28,5), Југра 11 (27,5), Чернигив 11 (27,5), Сокар 11 (27), Баден Баден 11 (27) итн.


#
Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар се залепи за дното на табелата
Алонсо нов лидер, кошмар за Ред бул
ЦСКА му откажа на Ѓоре Јовановски
Македонија трета на „Трофеј Карпати“
Сантандер доби шестка од Реал (М), четири гола на Роналдо
Македонија очекува медал
На стадион во Најроби загинаа седуммина
Руни се релаксира во Дубаи со 250.000 фунти неделно
Магат
Буфон во Манчестер јунајтед?
ЕП 2012 продадено за 11 милиони евра?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker