Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Вардар се залепи за дното на табелата

Во скопското дерби Работнички го победи Вардар со 2:0 (1:0)

Миодраг Мицковиќ

Некогаш кога играа Вардар и Работнички тоа беше вистинско дерби, пред полни трибини. Вчера една бледа слика на се' она што сме го гледале во минатите години. На трибините одвај 1.000 гледачи, второлигашки фудбал, кој ги брка гледачите од стадионите. Работнички го победи својот традиционален ривал, но и тој не прикажа игра, беше задоволен само со победа, а неговите играчи им останаа должни на оние малубројни гледачи. Можеби се' ќе беше поинаку доколку во 54 м. Настевски наместо мрежата ја погоди стативата на голманот Димитриевски, а само 2 минути подоцна истиот играч имаше стопроцентана шанса кога се најде на десетина метри далеку од голот на Работнички, но биеше право во голманот. И кога тие шанси не се користат уследи казна во 80 м. кога Марсио двојниот стрелец на Работнички го постигна вториот гол откако избегна офсајд стапица се најде сам пред голманот Маџаровски и ја запечати судбината на Вардар. Инаку, да потсетиме Марсио беше стрелец и на првиот гол во 22 минута кога по еден брз продор на Маневски најдобро се снајде и ја погоди вардаровата мрежа. Што да кажеме за самиот меч. Немаше многу шанси, Вардар некако имаше иницијатива, но сето тоа беше јалово и единствено може да се забележат шансите на Пандевски во 16 минута и оние двете шанси на Настевски што веќе ги опишавме во второто полувреме.

Работнички откако во 22 м. го постигна првиот гол повеќе беше ориентиран на одбрана, ја чуваше својата мрежа и ја искористи шансата во 80 минута што му ја подготвија одбранбените играчи на Вардар кои застанаа мислејќи дека Марсио е во офсајд, но тоа скапо ги чинеше и Марсио со својот втор гол ги донесе трите бода на Работнички. Се' на се', убаво време пријатно за игра, но за жал не видовме ништо од онаа фудбалската од која најмногу очекуваа оние малубројни гледачи на празните трибини на градскиот стадион.

Со овој пораз Вардар се „залепи“ на дното на табелата со само три бода и тешко е дека ќе се извлече од оваа незавидна положба која води во Втората лига иако се' уште има многу да се игра, иако многумина навестуваат подобри денови на „црвено црните“. Меѓутоа, доколку продолжи вака веќе сите го гледаат Вардар во втората лига во идната сезона за првпат во неговата историја.

Работнички-Вардар 2:0 (1:0)

Стадион: Филип Втори. Судија Дарко Стојчевски од Скопје. Гледачи 1.000. Стрелци Марсио 22 и 80 минута.

Работнички: Димитриевски, Секуловски, Димовски, Фернандо, Марсио, Маневски (Зе Карлос), Вуичиќ (Мојсов), Адем, Глигоров, (Туневски). Вандаир (Фабио).

Вардар: Маџаровски, Ацевски, Силјановски Трипуновски, Џангаровски, Ристов, Ѓурѓевиќ, Пандевски, Настевски, (Василевски), Никамчевски, Георгиевски.

Прва фудбалска лига

Резултати од 11. коло Работнички - Вардар 2:0, Шкендија - Пелистер 4:1, Металург - Хоризонт Турново 3:0, Силекс - Ренова 2:0, Брегалница - Скопје 1:0, Тетекс - Напредок 2:1.

Табела

1. Шкендија 11 6 3 2 19:6 21

2. Металург 11 5 4 2 14:7 19

3. Ренова 11 5 4 2 11:6 19

4. Работнички 11 5 3 3 14:10 18

5. Силекс 11 5 3 3 14:14 18

6. Тетекс 11 4 5 2 11:8 17

7. Скопје 11 5 1 5 10:9 16

8. Хоризонт Т. 11 5 1 5 12:12 16

9. Напредок 11 4 3 4 10:9 15

10. Брегалница 11 4 1 6 8:14 13

11. Пелистер 11 1 2 8 6:22 5

12. Вардар (-3) 11 2 0 9 7:19 3


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Алонсо нов лидер, кошмар за Ред бул
ЦСКА му откажа на Ѓоре Јовановски
Македонија трета на „Трофеј Карпати“
Сантандер доби шестка од Реал (М), четири гола на Роналдо
Македонија очекува медал
Гамбит Асеко го подели 14. место во Пловдив
На стадион во Најроби загинаа седуммина
Руни се релаксира во Дубаи со 250.000 фунти неделно
Магат
Буфон во Манчестер јунајтед?
ЕП 2012 продадено за 11 милиони евра?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker