Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Дебитантот Хал ја слави својата најголема победа во историјата

Новиот премиерлигаш го шокира Арсенал на негов терен со 2:1

„Малиот Хал“ ја слави својата најголема победа во клупската историја. Тимот, кој прв пат настапува во англиското елитно друштво, крајно неочекувано го совлада Арсенал на неговиот „Емирати“, успех кој не им пошол од нога ниту на некои големи светски екипи. Хал одигра храбро, дрско и ги искористи шансите што му се укажаа, па заслужено сите светски медиуми му посветија најголем внимание, ставајќи го во сенка ливерпулското дерби меѓу Евертон и Ливерпул, кое го добија фудбалерите на Рафаел Бенитез со 2:0, со головите на Торес во вториот дел.

Далеку од тоа дека Арсенал не доминираше, ретко која екипа успева да ја задржи рамнотежата на поседот на топката, па така тоа не му успеа ниту на Хал (63 отсто за Арсенал). Меѓутоа, тимот на Венгер уште еднаш стана жртва на сопствената атрактивност и настојување со бескрајни додавања буквално да се влезе заедно со топката во гол. Нивната, навистина добра и комбинаторна игра, конечно, резултираше со водство во 51 минута, Тео Волкот, се проби по десната страна, нафрли, а Пол Мекшин несреќно блокираше и ја уфрли во сопствената мрежа. Но, потоа следуваше шокот. Во 62 минута еден од најубавите голови сезонава го постигна Џовани, со феноменален удар од над 20 метри од косо ја испрати топката во левиот горен агол на Алмунија. Но, тоа не му беше доволно на гостинот. Пет минути подоцна Даниел Кусин скокна ѓаволски високо по еден корнер и донесе сензационално водство. До крајот Арсенал направи се' да даде гол, но неколкуте шанси не ги искористи.

Сензационалниот пораз ги шокира сите навивачи на Арсенал, како и тренерот Арсен Венгер. Поразот од Хал е само втор за Арсенал откако се пресели од „Хајбери“ на „Емирати“ во 60 одиграни натпревари.

„Играчите на Хал имаа желба за победа. Кога пристапот на фудбалерите од самиот старт не е оној вистинскиот постои ризик од пораз. Дефанзивно тие одиграа одлично. Мислам дека создадовме веројатно 25 шанси за гол, што стоотстотни, што полушанси, но нивниот голман и одбраната беа фантастични. Имавме шанса да останеме на врвот, но не ја искористивме. Сега е најбитно добро да изреагираме во мечот од Лигата на шампионите против Порто“, изјави Венгер, кој ја објасни атмосферата и во соблекувалната: „Сите беа разочарани и со главите надолу, а сега треба да се најде психолошка сила за враќање во нормала. Уверен сум дека во утре против Порто ќе го покажат своето вистинско лице“, додаде Венгер.

Резулати: Арсенал - Хал 1:2, Астон Вила - Сандерленд 2:1, Фулам - Вест Хем 1:2, Манчестер Ј. - Болтон 2:0, Мидлсборо - ВБА 0:1, Њукасл - Блекбурн 1:2, Стоук - Челзи 0:2. Табела: Челзи 14, Ливерпул 14, Астон Вила 13, Арсенал 12, Вест Хем 12, Хал 11, Блекбурн 10, Манчестер С. 9 (-1), Манчестер Ј. 8 (-1)......

 


Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија Ѓ.П. го запре Вардар
Драган Џаиќ стана Црногорец
Пораз на Баерн (М), голејада во Бремен
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Роси ја обезбеди петтата титула во Мото ГП
Гренобл го освои „Паркот на принцовите“
Солени влезници за ЕП за ракометарки во Македонија
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Зенит подготвува понуда за Горан Пандев
Цонга го победи Ѓоковиќ во финалето во Бангкок
Србија домаќин на ЕП 2012 за мажи
Селекцијата до 17 год. не оди на ЕП
Јотовски елиминиран во Мостар
Вардар про одвај преку Тинекс Пролет
Роналдо сака да игра за Манчестер сити