Селекцијата до 17 год. не оди на ЕП
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години не успеа да го мине првиот квалификациски филтер за пласман на Европското првенство во 2009 година во Германија. На квалификацискиот турнир број 10 во Финска избраниците на селекторот Халим Ходаи го освоија третото место во конкуренција на домаќинот и селекциите на Белорусија и Албанија. Во мечот од последното трето коло македонските надежи ремизираа со нивните албански врсници (3:3). |