Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Пораз на Баерн (М), голејада во Бремен

Баварците загубија од Хановер со 1:0, Вердер го победи новиот бундеслигаш Хофенхајм со 5:4

Јирген Клинсман дефинитивно нема мирен сон. По „петардата“ од Вердер во минатото коло, Баерн (М), викендот во Хановер, го запиша и вториот пораз во низа во бундеслигашката конкуренција. Истоимениот противник славеше со 1:0 со погодокот на Хушти во 23 минута од слободен удар иако Баварците беа доминентен тим во текот на целиот натпревар, но нивната иницијатива не вроди со плод.

Вистинска голеада и трилер проследија гледачите во Бремен каде Вердер со играч помалку го порази новиот бундеслигаш, Хофенхајм, со 5:4. Распродадениот „Везер“ стадион „експлодира“ уште во осмата минута кога Оцил им обезбеди предност на домашните. Осум минути по примениот гол Хофенхајм успеа да израмни преку Ибишевиќ, но Вердер ја врати позитивата по неполни 60 секунди, откако Пизаро со пета ја затресе противничката мрежа. Четири минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Диего за водство на составот на Томас Шаф со 3:1, Хунт во 30 минута зголеми на 4:1, а точка на одлично прво полувреме стави Салиховиќ со голот од слободен удар во 36 минута за намалување на негативата на Хофенхајм.

И покрај двата гола минус Хофенхајм не се предаваше во продолжението и со вториот гол на Ибишевиќ во 62 минута од пенал гостинските фудбалери ја вратија неизвеноста во мечот. Но, работите дополнително се искомпликуваа за Вердер. На пеналот му претходеше старт на Мертезакер, кој го срушти екзекуторот на најстрогата каза, за што судијата му покажа црвен картон на дефанзивецот на домашните. Предноста од фудбалер повеќе на теренот Хофехнајм ја искористи во 71 минута. Ибишевиќ, овојпат во улога на асистент, го проигра Компер, кој погодува за 4:4. Но, и тука не беше крајот на резултатската нишалка во Бремен. Вердер на девет минути пред крајот по петти пат ја начна противничката мрежа, стрелец на погодок беше младиот Оцил, за конечни 5:4.

Киксовите на Баерн (М) во саботата и на Шалке 04 во петокот (поразен од Келн со 1:0), го искористи Хамбургер кој со победата над Борусија Менхенгладбах со 1:0 го презеде врвот на табелата во германското првенство. Стрелец на единствениот гол на „АОЛ арена“ беше хрватскиот интернационалец Младен Петриќ во 11 минута. Скок на второто место направи Баер (Л) по триумфот кај Бохум со 3:2, Борусија во Дортмунд го совлада Штутгарт со убедливи 3:0, а изненадувањето на колото го приреди Ене��џи Котбус на нашиот Игор Митрески со победата во Берлин над Херта со 1:0.

Резултати: Вердер - Хофенхајм 5:4, Хановер - Баерн Минхен 1:0, Херта - Енерџи Котбус 0:1, Хамбургер - Борусија Менхенгладбах 1:0, Бохум - Баер Леверкузен 2:3, Борусија Дортмунд - Штутгарт 3:0, Келн - Шалке 04 1:0. Вчера играа: Карлсруе - Волфсбург, Ајнтрахт - Арминија.

Табела: Хамбургер 13, Баер Леверкузен 12, Вердер 11, Шалке 04 11, Борусија Дортмунд 11, Хофенхајм 10, Штутгарт 10, Волфсбург 9 (-1), Баерн Минхен 8, Херта 8, Келн 7, Хановер 7, Бохум 5, Арминија 5 (-1), Енерџи Котбус 5, Карлсруе 3 (-2), Борусија Менхенгладбах 3, Ајнтрахт 2 (-1).


Статијата е прочитана 221 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија Ѓ.П. го запре Вардар
Драган Џаиќ стана Црногорец
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Дебитантот Хал ја слави св��јата најголема победа во историјата
Роси ја обезбеди петтата титула во Мото ГП
Гренобл го освои „Паркот на принцовите“
Солени влезници за ЕП за ракометарки во Македонија
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Зенит подготвува понуда за Горан Пандев
Цонга го победи Ѓоковиќ во финалето во Бангкок
Србија домаќин на ЕП 2012 за мажи
Селекцијата до 17 год. не оди на ЕП
Јотовски елиминиран во Мостар
Вардар про одвај преку Тинекс Пролет
Роналдо сака да игра за Манчестер сити