Цонга го победи Ѓоковиќ во финалето во Бангкок Бангкок - Французинот Жо-Вилфред Цонга е победник на АТП турнирот во Бангкок што се играше за награден фонд од 576.000 долари. Во финалето тој славеше над третиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, со 7:6, 6:4 и му се одмадзи на српскиот тенисер за поразот во финалето на Австралија опен 2008. Турнирот во Бангкок за Цонга е само втор по операцијата на коленото поради што паузираше три месеци.
Финале: Цонга (2., Франција) - Ѓоковиќ (1., Србија) 7:6, 6:4.
Пекинг. Титулата на АТП турнирот во Пекинг, вреден 524.000 долари, ја однесе Американецот Енди Родик кој во финалето го совлада Дуди Села, за кого ова беше прво финале во кариерата, со 6:4, 6:7, 6:3.
Во женското финале во Пекинг вчера играа првата и четвртата носителка, Србинката Јелена Јанковиќ против Русинката Светлана Кузнецова.
Финале, мажи: Родик (САД) - Села (Израел) 6:4, 6:7, 6:3.
Сеул. Русинката Марија Кириленко ја освои титулата на ВТА турнирот во Сеул. Во финалето таа ја порази нејзината австралиска колешка, Саманта Стосур, со 2:6, 6:1, 6:4.
Финале: Кириленко (1., Русија) - Стосур (Австралија) 2:6, 6:1, 6:4.
|