Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон

Хајле Гебрселасие вчера во Берлин си го поправи сопствениот светски рекорд во маратон, станувајќи првиот човек што ја истрчал најтешката атлетска дисциплина за помалку од два часа и четири минути. Новиот рекорд е 2:03,59 ч., подобар за 27 стотинки од времето што тој го постави лани во главниот град на Германија, кога го урна дотогаш најдобриот резултат во историјата на Кениецот Пол Тергат.

Носејќи ги препознатливите жолти патики и маичка, 35-годишниот Етиопјанец уште од стартот ја одржуваше потребната брзина и на половина од трката веќе беше 25 секунди побрз од своето време на минување минатата година. Гебрселасие, кој реши да не учествува во маратонот на Олимписките игри минатиот месец во Пекинг загрижен поради смогот, ги остави своите последни предизвикувачи шест километри пред целта и неговата победа воопшто не беше доведена во прашање.

„Се' беше совршено“, изјави Гебрселасие за германска телевизија откако ја пречекори целната линија во сончевото, но студено берлинско утро. „Времето беше совршено, трката беше совршена и публиката беше совршена“.

Кениецот Џејмс Квамбаи го освои второто место со време 2:05,36 ч., а трет заврши неговиот сонародник Чарлс Камати со 2:07,48 ч. Во женска конкуренција победи Ирина Микитенко од Германија со време 2:19,19 ч., пред Аскале Тафа Магарса од Етиопија со 2:21,31 ч., а трета беше Хелена Кироп од Кенија со 2:25,01 ч. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 195 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија Ѓ.П. го запре Вардар
Драган Џаиќ стана Црногорец
Пораз на Баерн (М), голејада во Бремен
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Дебитантот Хал ја слави својата најголема победа во историјата
Роси ја обезбеди петтата титула во Мото ГП
Гренобл го освои „Паркот на принцовите“
Солени влезници за ЕП за ракометарки во Македонија
Зенит подготвува понуда за Горан Пандев
Цонга го победи Ѓоковиќ во финалето во Бангкок
Србија домаќин на ЕП 2012 за мажи
Селекцијата до 17 год. не оди на ЕП
Јотовски елиминиран во Мостар
Вардар про одвај преку Тинекс Пролет
Роналдо сака да игра за Манчестер сити