Вардар про одвај преку Тинекс Пролет
Ракометарите на Вардар про со тешка мака ја одбранија улогата на фаворит во дербито на четвртото коло од ВИП Суперлигата, совладувајќи го Тинекс Пролет со минимални 24:23. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на десет минути до крајот губеше со 20:16, но во завршницата подобро се снајде.
Бранителот на титулата Металург со високата победа од 32:20 над Винарска визба Тиквеш го презеде врвот на табелата од вардарци поради подобрата гол-разлика, иако и двата тима имаат по 10 бода.Табела: Металург 10, Вардар про 10, МРК Вардар 9, Пелистер 9, Т. Пролет 6, ВВ Тиквеш 1, Преспа 1, Борец/Младост без бодови. (Р.Д.) |