Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Спорт

Драган Џаиќ стана Црногорец

Против него, Цветковиќ и Маринковиќ е почната истрага поради сомневање дека незаконски присвоиле 5,1 милион евра

Поранешниот директор на белградска Црвена звезда доби црногорско државјанство. Тоа може да влијае на текот на кривичната постапка што се води против него во српската престолнина, како и на извршувањето на судската одлука доколку таа биде осудувачка, сметаат правни стручњаци во Србија.

„Посебниот закон на Црна Гора за меѓународна правна помош во кривичните дела забранува испорачување на црногорски државјани на други држави поради судење или извршување судска пресуда“, објаснува доктор Горан Илиќ, професор по кривично процесно право на Правниот факултет во Белград.

Илиќ додава дека фактот за новото државјанство на Џаиќ, дури и во случај да се откаже од српското, не треба само по себе да претставува пречка за постапката во Белград.

„Меѓутоа, ако не се јави на судската покана, а притоа се наоѓа на територијата на Црна Гора, не може да се очекува од властите во Подгорица да и' го испорачаат својот државјанин на Србија. Исто така, во случај да се донесе осудувачка пресуда, Џаиќ како државјанин на Црна Гора ќе ја ужива привилегијата да не биде испорачан во Белград и во таа ситуација барањето на Србија ќе биде одбиено“, посочува Илиќ.

Адвокатот на Џаиќ, Драган Савиќ, пак, порача дека неговиот клиент ќе се јави на сите судски покани и нема намера да прави опструкции на постапката.

„Добивањето на црногорско државјанство не менува ништо во односот на Џаиќ кон кривичната постапка што се води против него. Тој ќе ги почитува сите покани на судот како што го правеше тоа и досега“, објаснува Савиќ.

Тој потсети дека Џаиќ не се откажа од српското државјанство и дополни дека мотивите на неговиот клиент за барање црногорско државјанство се' поради полесно патување со оглед дека Црна Гора потпиша договор за безвизен режим со Русија.

Одлуката на властите во Подгорица да му се дозволи на Џаиќ запишување во книгата на црногорски државјани ја обелодени црногорскиот министер за внатрешни работи, Јусуф Каламперовиќ. Тој објасни дека Џаиќ, уште во 1985 година е повремен жител на Црна Гора каде што поседува куќа во летувалиштето Милочер во близина на Свети Стефан.

Против Џаиќ, како и против двајцата други поранешни функционери на Црвена звезда, Владимир Цветковиќ и Милош Маринковиќ, на 7 февруари оваа година беше почната ��страга поради сомневање дека незаконски присвоиле 5,1 милиони евра при трансферот на Горан Друлиќ во Сарагоса во 2001 година. Истрагата против Џаиќ и Цветковиќ подоцна беше проширена поради сомневање дека од трансферот на Зоран Његуш во мадридски Атлетико противзаконски просвоиле 3,5 милиони марки, а потоа уште еден милион долари од продажбата на Перица Огњеновиќ во Реал Мадрид. Проширена беше истрагата и против Џаиќ и Маринковиќ поради сомнеж дека од трансферот на Немања Видиќ во Спартак Москва присвоија два милиони евра. (Блиц)


Статијата е прочитана 1100 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија Ѓ.П. го запре Вардар
Пораз на Баерн (М), голејада во Бремен
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Дебитантот Хал ја слави својата најголема победа во историјата
Роси ја обезбеди петтата титула во Мото ГП
Гренобл го освои „Паркот на принцовите“
Солени влезници за ЕП за ракометарки во Македонија
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Зенит подготвува понуда за Горан Пандев
Цонга го победи Ѓоковиќ во финалето во Бангкок
Србија домаќин на ЕП 2012 за мажи
Селекцијата до 17 год. не оди на ЕП
Јотовски елиминиран во Мостар
Вардар про одвај преку Тинекс Пролет
Роналдо сака да игра за Манчестер сити