Солени влезници за ЕП за ракометарки во Македонија
Љубителите на ракометот ќе треба длабоко да брцнат во џеповите ако сакаат да ги следат од трибините натпреварите на претстојното 8. Европско првенство за сениорки што ќе се одржи во Македонија од 2 до 14 декември. Билетот за целиот шампионат, односно за сите 47 мечеви во Скопје и во Охрид, чини 500 евра, а во претпродажба преку интернет, која почна пред неколку дена, е сто евра помалку! Сите 26 средби во скопската сала „Борис Трајковски“, која ќе биде домаќин на две групи од прелиминарната фаза, на една од групите од втората фаза и на завршницата на ЕП, ќе може да се гледаат за 400 евра, односно за 350 за билет купен во претпродажба. За 21 меч во „Билјанини извори“ во Охрид, плус пет од завршницата во Скопје, треба да се платат 350 (290) евра.
Влезницата за петте меча од двата последни дена во Скопје, односно двете полуфинални средби и мечевите за петтото, за третото и за првото место, чини 250 (170) евра. Само за малото и за големото финале треба да се платат 150 (100) евра, колку и само за двата полуфинални дуела и за тој за петтото место ден претходно. Деветте меча од втората фаза во Скопје „вредат“ 200 (120) евра, во Охрид 200 (80), а дневната карта за три средби е 60 (45) евра.
Блок-билетот за 12. меча во групите Б и Ц од првата фаза во Охрид се продава за 150 (80) евра, а истата понуда за групите А и Д во Скопје е 150 (100). Две кола од групите во Скопје чинат 90 (65) евра, а во Охрид 90 (50) евра. Конечно, најевтин е дневниот тикет за две средби од една од групите во почетната фаза, чија цена е 30 евра, односно 25 во претпродажба. (Р.Д.)
Со вакви цени организаторите ке имаат 100% празни сали, освен финалето кога ке пристигнат повеќе навивачи на финалистите. Чудна политика која сигурно ќе ги натера вљубениците да останат крај малите екрани :(
Од: kocanec
Датум: 29.09.2008 03:43:28
da ne mu se veruva na covek ej c c c kako ne gi e sram zaremn treba evropsko prventstvo da se gleda samo na tv a da se igre pred prazni trenbini.SRAMOTA I TOA GOLEMA
Од: Majka
Датум: 29.09.2008 10:36:34
Stramota zatoa mladite ce ni se pijancat po kafanite i po ulicite! Kade e agencijata za mladi i sport da obezbedi karti so primamlivi ceni za studentite i srednoskolcite. Moeto dete nestrplivo go ceka ovoj nastan ,a sega koga ce go procita ova razocaruvanje pak ce mi kaze ovde vece nemozam da ziveam.
Од: destrikk
Датум: 29.09.2008 11:50:32
na ova evropsko prvenstvo ne samo sto ke se zasramime so slabiot rezultat tuku i na organiziracki plan(so prazni tribini). evropa ke ni gleda sairot
Од: miks
Датум: 29.09.2008 13:51:09
Koj bese toj "mudrec" sto gi napravi cenive?
Vleznicite nemora da bidat so ista cena za stranski i za makedonski drzavjani. Kolku da znaete vo nekoi od sosednive zemji koga odite na odmor, cenite vo hotelite za nivnite drzavjani se nekolku pati poniski, da ne kazam mizerni za razlika od tie nas sto ni gi naplakaat. Popravite ja ovaa greska dodeka ima vreme i napravete nekoja razumna cena od 300den karta za eden natprevar i mozebi 500den za pol.finale i finale.
Vo MKD e "250" evra "prosecna" plata alo alo alo, tie sto go digaat prosekot skoro nikoj ne go interesira sport.
So sreka neka vi e i ovaa glupost!
Од: makedonce
Датум: 29.09.2008 14:41:27
dovolno zborat komentarive, ne znam kako ne im e sram veke na site sto rakovodat so site federacii, pa ova e grazbez eeeeeeeej za svoja reprezentacija jas da davam tolku pari, sekako deka mi e milo i so celo srce sakam da gi gledam ama ke ispadne na kraj da ne molat da doagame i da gi polnime tribinite, zboram opsto za se sto se slucuva vo sportot.SVESTETE SE BE ALOOOOOOOOOO, OVA E VEKE NEVOZMOZNO, NEVIDENO, NEAM ZBOROVI PRETERANO SUM RAZOCARAN!!!
Од: Zoki
Датум: 29.09.2008 17:40:35
Ова е мизерно ...со кој памет се правени цениве...ова не е нормално.Еве дури ни јас кој многу често присуствувам на спортските натпревари кога настапуваат нашите репрезентации и не жалам пари за карта...немам намера да плаќам вакви енормни суми...Нека си го гледаат сами првенството ,во празни сали.Бојкот!
Од: Slobodan
Датум: 29.09.2008 22:30:48
Па јас па си планирав да ги гледам сите средби на нашата репрезентација!!! Ни на сон.Сега за тоа треба да одвојам 100 евра за натпреварите по групи и плус за втората фаза.АКО СЕ ПЛАСИРААТ!!!Па без поддршка од трибините за нашите ракометарки ќе биде како да играат во странство, а не дома.Разумна цена за нашите натпревари би била 300 ден, за секој да може да гледа,посебно младите кои се љубители , а сега треба нивните родители да ја одвојат пола плата за билети и плус за пат и храна за оние кои се надвор од Скопје.СРАМОТА!!! ДАЛИ ВАКА ЌЕ ГО РАЗВИВАМЕ СПОРТОТ........
Од: uzbegan
Датум: 30.09.2008 01:21:12
a od kade idejava da se prodava preku internet i toa za poeftino? se e so lugeto tamu? da ne sonuvaat mnogu fantasticni filmovi? ili pak e forsiranje od nasiot ni ministar po IT so ne kupuvase preku internet koga bese vo amerika a sega ke prodava finti na narodot koj sto nema za leb a ne da kupuva karti od 400 evra (ili za 100 evra poeftini ako kupis online) ej makedoncinja prosti ne vi ide pametot.
Од: serdar
Датум: 30.09.2008 08:29:57
sto sakate evropsko prvenstvo da gledate za 100 denari za karta