ЏОРДАН
Не лудува веќе за секс
Британската старлета и секс-бомба Кејти Прајс очигледно не е повеќе луда за сексот. Наводно, со момчето Алекс Рид не водела љубов цел месец, бидејќи немала желба за тоа.
Додека поминуваше низ бракоразводната постапка со британскиот пејач Питер Андре, Кејти, или попозната како Џордан, ја изгуби желбата за секс, по што нејзиното актуелно момче Алекс ја доведува во прашање опстанокот на врската.
Според анонимните извори кои зборуваа за магазинот „Њу“, Рид бил сосема фрустриран што Џордан нема желба за секс веќе еден месец, а во врска се веќе четири месеци. „Тој ја повикува во постелата, а таа се милува со него, но набрзо се откажува“, открил анонимниот извор.
Триесет и едногодишната Џордан му приговара на Алекс
за неговиот изглед, а посебно го убедува да го оперира носот, кој му е искривен. Откако почнаа да се забавуваат, Алекс постојано одеше облечен во тренерки и сандали, па Џордан неколку пати му изјавила дека се чувствува непријатно со него. |