Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе


Поранешниот хрватски премиер објавил еротска песна во женски род во „Слободна Далмација“ во 1987 година

„Доста ми е од половни луѓе. Сакам, конечно, машки да ме... Балкански. И тоа сега. Веднаш“, се првите стихови од песната на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, објавена во 1987 година во „Слободна Далмација“, под наслов „Nenia Salonitana“ („Салонитанска тажаленка“). Еротската поезија на Иво Санадер, напишана во женски род, во време додека бил директор на издавачка куќа и соработник на „Слободна Далмација“, предизвика лавина реакции во хрватската јавност, но и во соседството.

Меѓу другото, песната која е посветена на мистериозна личност со иницијали Ј.П., по повеќе од 20 години од своето издавање станува инспирација за театарска претстава. Мани Готовац, бивша управничка на ХНК, планира за една година да основа приватен театар кој ќе изведе текст инспириран од стиховите од младоста на Санадер.

„Таа сексуално еруптивна песна ме испровоцира да приредам претстава која би се занимавала со многу присутното лицемерство кај нас на јавно изигрување на конзервативните и католички вредности зад што се крие приватно однесување кое, судејќи според се', не е во согласност со нив“, објасни Готовац.

Книжевните стручњаци сметаат дека песната на Санадер нема голема врска со книжевноста, туку дека се работи за фрустрација на големи амбиции и мал талент, упатувајќи дека најдобро објаснување би можел да даде психолог или психијатар.

„Очигледно се работи за егзибиционизам со голема доза на сексуални фантазии. Нормалните еротски песни се сензуални, романтични, меѓутоа овде станува збор за личност која има тешкотии да ја раздвои физичката агресивност од својата сексуалност. Тоа се луѓе мотивирани од длабоки и скриени сексуални нарушувања кои се изразуваат како агресивност...“ коментира анонимен хрватски психолог.

 

Nenia Salonitana



Доста ми е од половни луѓе.

Сакам, конечно, машки да ме...

Балкански...

И тоа сега. Веднаш. Nunc aut numquam.



Доста ми е од половни луѓе.

Кој ќе ме, ах, кој ќе ме, конечно, машки?

Треперам возбудена. Да зачекорам во историјата?

Quid multa? Мажиште чекам. Да ме докрајчи!



Доста ми е од половни луѓе.

Numerus Negidius. Запри ја, конечно, агонијата.

Досадна низа историски гуштери.

Faex populi.

Чекај со асфалтот. Првин искорени.



Доста ми е од половни луѓе.

Од Авар до денес. Расчисти се', конечно.

O, sancta simplicitas. Фати ме машки!

Не двоуми се. Искорни. Ob maiorem cautelam.



Доста ми е од половни луѓе.

По петти пат. По којз��ае кој пат. Конечно!

Сврши! O fictus possessor. Во спомен:

со моето име наречи го патот.

Nuper obiit.



Латински изрази:

nenia Salonitana – салонитанска тажаленка

nunc aut numquam – сега или никогаш

quid multa – зошто многу (зборување)

Numerus Negidius – сопствено име

faex populi – измет на народот

o sancta simplicitas – свет на едноставноста

ob maiorem cautelam – од поголема претпазливост

fictus possessor – лажен сопственик

nuper obiit – неодамна починат

 


#
Статијата е прочитана 3563 пати.

Испрати коментар

Од: mitko so nostalgija za minatite vreminja
Датум: 02.10.2009 00:48:02
i nie porano si imavme premier - Ljubco koj pisuvase erotska poezija. Nekoj ja objavi ovaa poezija i ja delese na narodot za da toj ne glasa za nego vo pocetokot na devedesetite. Pisuvase i proza za kanibalizmot na komunistite. Bese smesno koga Sekretarot na VMRO dade ostavka nasred televiziska emisija zaradi prozata na Ljubco. (Kako li se vikase toj Sekretar na VMRO?) Mnogu luge tvrdea deka Ljubco ne e tokmu. Pa i ne bese nekolku pati mu ja kaza na narodot vistinata vo oci. Narodot go zamrazi.
Од: лектор
Датум: 02.10.2009 01:51:23
sancta simplicita не е „свет на едноставноста“- туку света едноставност
Од: Grujica
Датум: 02.10.2009 12:03:43
Да, ние имавме Премиер кој пишувал поезија (ако можат тие чкработини така да се наречат), ама сега си имаме и Премиер кој дели исти чувства како Санадер (п'ашајте ја Бо'кица)...
Од: realen
Датум: 02.10.2009 14:05:27
Ovoj tekst navistina mise dopaga , bidejki ova treba da bide pouka za koga ke dojdat izbori debelo da razmislime za kogo glasame. Posebno mise dopaga komentaror za ,,golemi ambicii , a mal kapacitet,, . Pa covekot ja zadolzi malata Hrvatska od 4 milioni ziteli so duri 42 milijardi evra nadvoresen dolg i si zamina dobrovolno , bidejki i vrapcite znaat deka toj nema resenie. Za zal i na nasata politicka scena ima lige so megalomanski ambicii , a kapacitet edna golema nula.

Најди! во Утрински
Забава
Големата сестра
Зумирано
Минималистички модели од Милано за пролет/лето 2010
Невидено вамп-издание
Не лудува веќе за секс
Запален по Лејди Гага
„Октоберфест“ во Скопје
Хип-хопот е заштитен знак за бунтовната популација
Добар маркетиншки трик или пуста носталгија
Живи свирки карактеристика на градската шема
Крај на врската со Џесика Бил