Вистина или само гласишта: Роби Вилијамс му се враќа на „Тејк дет“
Александар Митевски
Деновиве одекна медиумската бомба дека популарниот Роби Вилијамс посакува повторно да и се врати на групата од неговите младешки денови, Тејк Дет. Иако досега се беше во доменот на шпекулациите и озборувањата и многумина се обидуваа да го вратат Роби во бендот, сепак изгледа дека со неговата јавна изјави тој се повеќе ги подгрева надежите дека навистина се случува нешто. Овој извонредно популарен артист, навистина им ги скрши срцата на неговите обожувателки кога реши дека ќе го напушти бој-бендот „Тејк дет“ во 1995-та за да тргне по својот соло пат. Во својата извонредна соло кариера многумина не ни помислуваа дека ќе дојде денот на негова лична стагнација и дека тој некогаш ќе посака да се врати назад кај своите помалку популарни другари од детството. Сепак последните фотки кои беа направени од некои папараци фотографи јасно го покажаа Роби како влегува во едно њујоршко студио каде снимаат заедно со „Тејк дет“ и тоа беше доволен аргумент да тргне прикаската дека тие нешто повторно готват заедно на музички план. Сепак портпаролот на бендот изјави дека тоа се глупости и дека нема најава за некоја скорешна таква активност и дека тие биле собрани за да ги чујат нивните нови миксови, а чисто од љубопитност Роби како нивен пријател влетал да ги слушне и да им даде свое мислење.
Неодамна, запрашан околу своите бивши колеги, Роби изјавил дека ги поддржува во нивното враќање на сцената и не чувствува анимозитет кон нивното повторно појавување без него. Тој вели дека имал другарска средба со Гери Барлоу и заедно изгледале неколкчасовно ДВД со моментите од турнеите на Тејк Дет и дека вистински се израдувале и евоцирале спомени.
Веднаш по тие успеси, Роби откако започна своја соло кариера, отвори ново поглавје на успеси во својот живот и изгради вистинска империја околу неговата музика и лик. Тој успеа да прокнижи многу успеси, да дотурка дури 8 од своите соло албуми на првата позиција, додека другарите беа во сенка и мируваа. Но тркалото на животот се врти и Роби е вистински доказ дека е тоа така. Откако тие се регрупираа во 2005-та година и решија да се вратат без него (иако имаше и гласини дека тој ги одбил) и успеаја да направат добар камбек-албум кој одлично помина насекаде низ светот за разлика од неговиот тогашен блед проект Rudebox кој го одбележи почетокот на неговото кариеристичко тонење. Откако имаше свои падови и перипетии во животот, Роби е повторно исправен пред нова шанса, насловена Reality Killed the Video Star која ја издава по 3 годишна пауза.
За Роби се слушаше се и сешто во животот и луѓето освен неговиот шоуменски талент и извонредното господарење со сцената му препишуваа и други гревови. Во последните години тој се бореше се ментални болести, обсесивност, алкохолизам и употреба на таблети и опојни супстанци што го разорија како личност. Во еден период кога тој бил најзаглибен во своето лично лудило, единствен кој му подал рака бил неговиот пријател Елтон Џон кој го одвел рака под рака кон една од клиниките што успеа да ги спаси. Тој влезе во таа клиника на 13 ти февруари 2007, а неговото лудило беше најевидентно кога имаше опсесија со паранормални феномени и НЛО летечки чинии кои веројатно биле производ на неговата таблетоманија. ТОј дури и толку се внел во оваа материја што гостувал и во шоуто на БибиСи радиото за паранормални појави и летечки чинии, а бил и на неколку конвенции.
Сепак колку и да се негираат информациите за нивното повторно дружење и соработка, не можат да се прикријат некои информации кои говорат дека има доказ дека четворицата станале петмина кога фигурирале во неодамнешното купување на 7-милионскиот посед на Роби и фактот што тој го истетовирал знакот на Тејк Дет на неговата десна рака како поддршка на неговите колеги.
За новиот албум Reality Killed the Video Star
На 9-ти ноември се очекува да излезе албумот Reality Killed the Video Star на Роби што ќе биде официјално и неговиот 8-ми студиски албум. Исклучително е важно да се напомене дека тој работеше низ годините со повеќе продуценти како Гај Чемберс, Марк Ронсон, но сега овој албум комплетно му го довери на продукцискиот гениј Тревор Хорн. Многумина се прашуваат дали Тревор Хорн ќе успее повторно да ја оживее магијата на популарниот Роби, но треба да видиме како сето ова ќе помине. Едно е сигурно , дека Роби го има најдобриот можен продуцент за ногеовата нова замисла, човекот кој работел со сите, од Греј Џонс па се до Пет Шоп Бојс и има свој потпис во сето тоа што го работел. Тој има високо мислење за Роби и вели дека тој е роден за популарност и музика, неговата харизма е таа што се чувствува од самото влегување низ врата и појавување. Тој се посветил на албумот на Роби веднаш откако популарниот пеач се вратил по изгубените години во Лос Анџелес каде бркал летечки чинии и одел по психијатри.
Откако почнале наголемо да работат со Хорн, Роби ентузијастички напишал на својот блог дека неговиот нов албум е вистинско чудо: тука го има и стариот Роби, и оној нов Роби и Роби како што никогаш не сте го знаеле. Главнината од албумот е напишана во неговиот дом во Лондон, а нему му помагале повеќе композитор од типот на Дени Спенсер, Брендон Кристи, Крег Русо, Ричард Спенсер и други. Резигниран по веста за смртта на кралот на поп музиката Мајк Џексон, Роби во негова чест наснимил и специјална песна во чест на Мајкл која ќе се најде на албумот.
За успесите на ТЕЈК ДЕТ
Тејк Дет се една од најдобрите тинејџерски групи на сите времиња составена од Гери Барлоу, Хаувард Доналд, Џејсон Оринџ, Марк Овен и порано со Роби Вилијамс. Најголемата работа околу пишувањето на композициите отсекогаш припаѓала на Гери. Тие се формирани во Манчестер во 1990-та и во периодот меѓу 1991-1996 година продале преку 25 милиони плочи. Групата најпрво се растури во 1996-та, за да повторно се реоформи во 2005-та по документарниот филм и албумот со најголеми хитови. Тие направија и одлична турнеја во 2006-та под наслов The Ultimate Tour.