Дел од музичарите, особено помлади, секогаш создаваат добра атмосфера на нивните живи настапи
Светлана Петковска
И покрај тоа што летната еуфорија заврши, сепак, тоа не значи дека нашите естрадни лица престанаа со журки во дискотеките и ноќните клубови.
Анкетираните пејачи се едногласни во тоа дека публиката создава добра енергија и им дава голем стимул да се усовршуваат во музичките води.
„Аренси бенд“ секој петок има настапи во живо во скопскиот кафе бар „Мистер Џек“, додека саботите се резервирани за настапи во „Англиски паб“, кој се наоѓа во просториите на МНТ. Тие се задоволни од реакциите на публиката.
„Во овие два клуба имаме редовни настапи. Неодамна во ’Мистер Џек‘ го промовирав и спотот на мојата песна ’Нија ми брига‘, која ја отпеав на фестивалот ’Сунчане скале‘“, вели Горан Наумовски од „Аренси бенд“. „Со оглед на тоа дека на естрадата постоиме девет години, имаме и своја публика. Со останатите членови на групата Ана Мицковска и Владимир Дојчиновски- Дојчин настапауваме со наши песни, но во репертоарот пееме и песни од странски изнедувачи. Од постарите пејачи Арета Френклин, Елвис Присли, Мадона, а од помладите Џастин Тимберлејк и Бијонсе. Во последните 2-3 години изгбегнуваме дискотеки, поради работните обврски.“
Влатко Илиевски во овој период е најбарано музичко име и тоа поради неговите добри забави - изјави неговата продуцентска куќа „План Б“. Вечерва Влатко има жива свирка во ноќниот клуб „Баракуда“ во Струмица, а утре ќе настапува во „Сикстис“ во Кичево. Додека во недела, Илиевски ќе настапува во ноќниот клуб „Кадмо“ во Охрид. Стандардно Илиевски има свои настапи во струмичката дискотека „Платинум“, радовишката „Дајмонд“ и во битолската „Инфинити“.
- Сопствениците на дискотеките многу го бараат Влатко бидејќи тој прави навистина добри журки. Освен неговите песни, тој за време на настапите пее и стари југословенски хитови како и стари македонски изворни песни. Каде и да настапува дискотеките се наполнети до последното слободно место. Во Платимум собира 1500 гости и цела е исполнета кога тој настапува- вели Кристијан, менаџерот на Влатко.
Инаку Влатко интензивно се подготвува за неговиот концерт во Скопје, што се планира на денот на вљубените, следната година.
Дани стандардно има свои настапи секој петок во ноќниот клуб Миднајт, но ќе настапи и на роденденската забава на елитниот трговски центар „Соравиа“. Исто така Дани редовно ја забавува и кавадаречката публика во ноќниот клуб „Спејс“.
Врчак и ДНК за време на роденденската забава на Соравиа ќе го пововираат спотот на песната „Змеј“ која ја пеат со хрватскиот хип хоп состав „Конект“. Вечерата во истиот состав тие ќе настапат во клубот „Гранд“. Најавуваат незаборавна забава и одлична атмосфера.
Новото музичко име, кој е ексклузивец на продукциската куќа, „Република“ Димитар Андоновски вели дека откако стана победник на фестивалот „Фешта“ што се емитува на А1 телевизија, е премногу ангажиран со живи настапи. Така во петок ќе настапи во Свети Николе, сабота во Тетово, а недела во Скопје.
- Давам се од себе, за оние кои доаѓаат на моите настапи да си поминат фантастично. Не паметам настап, а публиката да не пее заедно со мене. Мило ми е што секогаш сум опкружен со позитивни луѓе кои сакаат да се забавува. Се забавувам и јас заедно со нив, а тоа е вистинската формула за одлична атмосфера. Задоволен сум од посетеноста кога настапувам,тоа ми дава поголем стимул да продолжам со голема љубов да работам на музиката. Се надевам дека еден ден ќе имам и голем концерт, а со тоа ќе ја остварам и мојата животна цел- вели Димитар.
Влатко Лозановски исто така има настапи за време на викендите низ цела Македонија и покрај тоа што работи активно на завршувањето на неговиот деби албум кој треба да се појави на пазарот во октомври. За една од неговите песни која ќе се најде на неговиот албум „Нема да е крај на светот“, деновиве беше снимен видео запис.
Битолчанецот Бојан Стојков кој на јавноста и стана познат по неговото настапување во бугарското музичко шоу „Музички идол“ вечерва ќе настапи во ноќниот клуб „Парсифал“ во Демир Капија, утре има настап во Радовиш, додека стандардно секоја недела има настап во ноќниот клуб во Скопје, „Миднајт“.
- Кај и да настапувам имам целосна подршка од публиката. Така во доскотеката „Селект“ во Струмица, преубаво си поминав. Имав одличен настап- вели Бојан.
Александар Тарабунов кој иста така беше дел од шоуто „Музички идол“ вели дека има премногу настапи по дискотеките во цела Македонија, додека во Бугарија настапува само на организаирани концерти. Тој вели дека публиката му е како храна без која не може да живее.
-За атмосферата немам зборови. Секаде каде и да настапувам публиката е прекрасна. Досега не ме изневерила. На моите настапи секогаш се трудам да го постигнам максимумот. Мојата публика е многу позитивна, а за моите настапи дискотеките се преполни- вели Александар.
Живата свирка е одлична и навистина дава еден друг шарм на градот. Но тука сакам да ги спомнам и групата КАЛЕВАЛА, која е дел од живите свирки и која нуди еден сосем поинаков звук за овие простори. Нивниот репертоар е инспириран од келтските, португалските и скандинавските звуци и навистина преставуваат едно освежување и сосема нова понуда на овој простор
Од: pilif
Датум: 02.10.2009 09:44:01
Paci pa kazi kade svirat, koga. Da gi slusneme
Од: Zoran
Датум: 02.10.2009 13:58:20
Da i jas sum gi slusal ovaa grupa Kala. navistina edno osvezuvanje i novi zvuci. Gi slusav vo Vinotekata "Temov", kade se vo petok ili sabota. Inaku vo delnici gi gledam i na plostad Makedonija. Super se deckive.