Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Магазин

Големата сестра

Роберт Д. Крстевски

Што ти се вика истражувачко новинарство. Интригантниот наслов „Нашата не собира нозе!“ во вториот број на реформираниот „Шпиц“ беше повеќе од доволна провокација да се погледа реалното шоу „Големиот брат“ на А1. Таму, богами, нашата ни малку не се стеснувала кога се во прашање чувствата. Станува збор за 19-годишната Виолета Ралева, првиот „трофеј“ на главниот заводник во куќата, 13 години постариот белградски фризер Карло Загорац. Страсни прегратки, бакнежи, интимни допири се само дел од општењето меѓу Македонката и Србинот на очиглед на којзнае колку илјади воајери покрај малиот екран.

Уште малку истражувачко новинарство и оп - „Фарма“. Реално шоу што се емитува на Сител и во кое учесниците живеат на селски имот без основните придобивки на современата цивилизација, како што се струја, вода од чешма, бања, телевизија и други електронски апарати. Место нив, на 17 привремени жители на фармата на располагање им се бунар, полски клозет, дрвени кревети со постелнина од сено итн. Секоја недела се избира газда што ќе управува со фармата и двајца слуги, од кои еден понатаму треба да го напушти друштвото.

Ако некому и ова му е малку, нека не бере гајле. Благодарение повторно на Сител, тука е и реалното шоу „Менувам жена“. Кој посакува барем една недела да се одмори од сопругата и за тоа време да му се мотка низ куќа туѓа жена, фреквенцијата на Сител е вистинското место за виртуелно задоволување на скриениот порив. За авантуристите, пак, тука е новата сезона на „Сарвајвр“, кој претходно одеше на А1.

По олку истражување не ни може да се извлече поинакво наравоучение од тоа дека телевизиите со ваква публика не треба да се грижат за својата иднина. Се' додека успеваат да си ја зголемат гледаноста токму со вакви содржини, нема зошто да ја менуваат добитната комбинација.

Сепак, не ќе да е работата (само) во гледачите. Тие го гледаат тоа што им се нуди, за што одговорноста ја имаат телевизиите, кои, пак, не измислуваат топла вода во битката со конкуренцијата, туку само копираат од земјите со развиен радиодифузен пазар. За волја на вистината, го пресликуваат тоа што им одговара, а што би можело повеќе да им одговара од ваквиот (по)евтин начин на пополнување на програмата во споредба со продуцирањето сериозни содржини? Тука, пред се', се мисли на образовни и детски емисии, документарци, репортажи итн.

Но, кој да се заморува со тоа кога и државната телевизија полека, но сигурно го напушта таквиот концепт за сметка на влегувањето во клинч со приватните ТВ-куќи. Впрочем, првото реално шоу кај нас „Тоа сум јас“ го емитуваше никој друг туку Македонска телевизија.


#
Статијата е прочитана 781 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 02.10.2009 12:01:47
Место да гледате по цели денови ( и ноќи ) вакви шоуа од кои се повраќа и безвезни „шпански “ серии , подобро завртете на NATOINAL GEOGRAPHIC, DISCOVERY и слични канали , нешто барем да научите..Ама на кого му се обраќам ?!!
Од: читателка
Датум: 02.10.2009 13:24:37
Неверојатно токсичен избор на програми. А1 телевизија нуди кич на кој се потсмевавме споменувајќи ја ситуацијата кај северниот сосед. Сител исто така не заостанува, но со помал интензитет. Проблем е да се најде нормална програма во кој нема невкус, чувство за мерка, а за естетика и да не зборуваме. И оние нови ток-шоу емисии кои се одлично запакувани нудат содржински шунд. Единствена оаза на оние „кои не се во тренд“ останува Телма со документарните програми, емисииите од културата и избраните Тв серии и филмови. Вкусот се формира, гледачот се едуцира, не е рејтингот единствен критериум. Можеби во иднина гладачите заситени од се (љубов пред екран, понижување пред екран ...) да погледаат реално убивање, силување и сл. до каде е прагот? Уредниците треба малку посериозно да ја креираат програмата.

Најди! во Утрински
Забава
Зумирано
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе
Минималистички модели од Милано за пролет/лето 2010
Невидено вамп-издание
Не лудува веќе за секс
Запален по Лејди Гага
„Октоберфест“ во Скопје
Хип-хопот е заштитен знак за бунтовната популација
Добар маркетиншки трик или пуста носталгија
Живи свирки карактеристика на градската шема
Крај на врската со Џесика Бил