Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Магазин

Зумирано

Во своја кожа

Кристал Рен, моделка со ренесансни облини и број на гардеробата ХЛ, не работела секогаш во "Форд агенција за крупни". Ги помни деновите кога била манекенка како и сите други, а згора на се' и со празно срце и уште попразен желудник.

Вообичаеното мени - зелена салата, а ужинка - мастика за џвакање не и' ги подгревало мислите. Така со години. "Бев гладна, депресивна и асексуална", вели Кристал. Кога се' си дојде на свое место таа го смени изгледот, менито и мислите. На крај се чувствува како жена.

Кукла за фанови

Барбара Стрејсенд никогаш не важела за убавица, ама она нешто што оваа 67- годишна вонсериска пејачка и актерка го има, не е секојдневна работа. Тоа веројатно ги предизвикало луѓето од "Мател" да направат кукла со нејзин лик, која и не така евтина. Еве што вели една комерцијална анкета, поврзана токму за куклата Стрејсенд - нема да ја купуваат децата, туку нејзините фанови. Мало ама избрано друштво.

Српски домаќинки ќе очајуваат кај Бреговиќ

По драмската серија "Јелена" правена по урнек на шпанските серии, нашите соседи Срби се наоѓаат пред нов предизвик. Планираат сапуница "Српски очајни домаќинки" (инспирација е од постојната американска серија) насочена на четири интересни женски лица.

Едната е зависна од секс, другата од сплетки... Два лика ќе толкуваат девојките од "Операција триумф" - Ана Бебиќ и Милица Мајсторовиќ, а местото на случување е куќата на Горан Бреговиќ, кој како добар домаќин овој заем - добро ќе го наплати.

Тенџериња и капаци

Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, е 22 години помлада од него. Што велат, може ќерка да му биде... И во согласност со годините и почитувањето, Ема е трпелива, нежна, молчалива, попустлива, полна со восхит и вообичаените брачни критики ги претвора во комплименти. Ете, зошто старите ги сакаат младите.

Намалување на гради

Убавата Катрин Хигл, за разлика од своите колешки кои ставаат силикони, има природен вишок.

"Доколку се решам за пластична хирургија ќе ги намалам градите, а веројатно ќе треба да ја намалам и храната", вели актерката.

Така е тоа со луѓето - што немаш тоа ти недостасува, што имаш, тоа е вишок!

Борба за простор

Тоа што се познати и славни не го менува природниот концепт. Сестрите Дани и Кајли Миног ги носат карактеристиките на сите крвни врски - се натпреваруваат, се дополнуваат и многу се караат.
Интересна работа е таа доминацијата.

Жена од гума

Пенелопе Круз има многу скриени таленти, а еден од нив дефинитивно е телото. Го витка, превиткува, скока, прави мост и шпага. Сакате доказ? Погледнете ја фотографијата.


#
Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Големата сестра
Еротската песна на Иво Санадер ја крена Хрватска на нозе
Минималистички модели од Милано за пролет/лето 2010
Невидено вамп-издание
Не лудува веќе за секс
Запален по Лејди Гага
„Октоберфест“ во Скопје
Хип-хопот е заштитен знак за бунтовната популација
Добар маркетиншки трик или пуста носталгија
Живи свирки карактеристика на градската шема
Крај на врската со Џесика Бил