Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Јавна вечера по повод „Тајната вечера“ на Станковски

„Јавна вечера по повод „Тајната вечера“ во Галерија 7 (1990-2009)“ гласеше насловот на перформансот со ликовниот уметник Александар Станковски, кој беше одржан во присуство на голем број луѓе во Галеријата, во организација на Фестивалот за современа уметност АКТО од Битола. Станковски е автор на познатата слика „Тајната вечера“ на која се насликани дел од членовите на некогашната уметничка група „Зеро“ од осумдесеттите години на минатиот век. Во средата ноќе дел од тогашните членови заедно со млади уметници актуелни денешни автори во истиот простор каде е насликано делото разменуваа позитивни енергии.

Запрашан зошто токму сега чаршијата повторно заживува и полека станува центар на уметнички случувања, Станковски рече: „Таа го има магнетизмот и магијата сеуште. Отуѓувањето од неа се случи поради политиката, поради сите конфесионални анимозитети кои се појавија. Но, мислам дека е време да отидат во историјата, а ние да ја ползуваме убавината на овој простор.“

Со перформансот АКТО го најави своето четврто издание што ќе се одржи на тема „Поколенија“ од 12 до 16 август во Битола. (К.Б.)


Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар

Од: Predrag Terzioski
Датум: 10.07.2009 18:09:23
Toa vreme zamina vo istorijata , a Aco Depresija zamino vo sovetot za Kultura na Ministerkata. Bas me interesira sto mislat na ovaa tema drugite od "Zero"koj za zal , ili za sreka ,ne se vo sovetot

Најди! во Утрински
Култура
Премиера на „Осамениот запад“ во Битолски театар
Концерт на гудачкиот квартет „Марија“ на „Скопско лето“
Карлови Вари во знак на Изабел Ипер и Милош Форман
„Сонце“ на Ана Ивановска на плоштадот „Македонија“
Изложба на цртежи од Тони Шулајковски во Врање
Култниот Харис Пашовиќ на „Охридско лето“ доаѓа со две претстави
Нова премиера на Мал драмски театар од Битола
Фуере на проба на претставата „Крпен живот“ во Мариово