Изложба на цртежи од Тони Шулајковски во Врање
Во галеријата на Народниот музеј во Врање, денеска, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на цртежи од академскиот сликар Тони Шулајковски. Новиот проект на Шулајковски „Под дејство на звукот” содржи цртежи работени во различни техники: пастел, јаглен, молив во боја и акварел. Ова е негова 38. самостојна изложба, која е создадена под влијание на електронската музика.
„...Неосетно, авторот станува трагач во Вселената. Под дејство на звукот, се ослободува од конечното, а делата му овозможуваат комуникација на повисоки нивоа. Слушајќи ги звуците кои низ бои немо кажуваат дека истражувањата не завршиле со чинот на финализирање на делата, тие гледаат нов почеток преселувајќи се кај публиката, која за секое дело почнува лични истраги, отворајќи нови досиеја“, вели Дијана Петкова во каталогот за изложбата.
Авторот прв пат го претставува своето творештво пред публиката во Врање, а делата ќе комуницираат со јавноста до 20 јули годинава. (К.Р.)
|