„Сонце“ на Ана Ивановска на плоштадот „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ завчеравечер беше поставена инсталацијата „Сонце“ на ликовната уметница Ана Ивановска, како дел од проектот „Градот убав пак ќе никне“. Во проектот, како што подвлекува Ивановска „ги користела боите на Сонцето со сите нивни значења и симболика“.
Инсталацијата е поставена со задоцнување, бидејќи првично нејзината презентација беше најавена на 23 јуни, но реализацијата на проектот беше одложена поради временските неприлики. Сепак, скопјани можат да ја видат инсталацијата во центарот на градот. Проектот се реализира во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ и е дел од поголемиот проект „Скопски урбани приказни“, инициран од Друштвото на ликовните уметници на Македонија. (К.Б.)
Прекрасно Дело меѓу кичфигурините на бладата! Авторот со своето дело се воздигнува над овие Грдотии. Одлична игра на материјал, колорит и форма. Сепак во МК имаме и Квалитет! Наспроти псеудоакадемиците и кичот, постои една Елита од Врвни Уметници во Македонија, кои ретко наоѓаат простор во медиумите. Но тука доаѓа до целосен израз и „прекрасниот“ менталитет - некои, побрзаа да ги Растурат стакленцата, песокот и останатиот материјал, а со желба што побргу да направат штета врз Тешкиот Труд на Уметницата. Непочитувањето на туѓиот Труд и Уметничките Вредности ни е во крвта! Каква Мизерија! Толку од нашата свест и образованост за Високи Културни Вредности. А и кому да му презентираш Уметност?!