Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Концерт на гудачкиот квартет „Марија“ на „Скопско лето“

Во рамките на „Скопско лето“, вечерва во 21 часот, на улицата „Македонија“ пред книжарницата на „Култура“, концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Марија“. Концертот е насловен „Вирус“, а квартетот ќе изведува дела од Тартини, Бизе, Брамс, Пјацола, Хачатуријан, Бетовен, Офенбах...

Во гудачкиот квартет „Марија“ членуваат: Пламенка Трајковска, Лада Петровска и Дубравка Зајкова, виолини и Дејан Теодосиевски, виолончело. Квартетот е основан во 1997 година, со цел да ја приближи класичната музика до македонската јавност во, но и надвор од концертните подиуми. Членовите на „Марија“ имаат богата професионална биографија, тие се членови на Македонската филхармонија.

Вечерашниот концерт претставува нов исчекор во креативноста на гудачкиот квартет. Тие прават сосема нов пристап кон класичната музичка материја. Ќе изведат единаесет композиции од класичната музичка литература, но аранжирани во поп, рок, техно и други современи изрази. (К.Р.)


Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Премиера на „Осамениот запад“ во Битолски театар
Карлови Вари во знак на Изабел Ипер и Милош Форман
„Сонце“ на Ана Ивановска на плоштадот „Македонија“
Изложба на цртежи од Тони Шулајковски во Врање
Култниот Харис Пашовиќ на „Охридско лето“ доаѓа со две претстави
Јавна вечера по повод „Тајната вечера“ на Станковски
Нова премиера на Мал драмски театар од Битола
Фуере на проба на претставата „Крпен живот“ во Мариово