Нова премиера на Мал драмски театар од Битола
Малиот драмски театар од Битола го заврши и својот петти проект. Станува збор за театарската претстава „Виктор“ од Харолд Пинтер, во режија на Александар Црвенковски, која својата премиера ќе ја има утре (сабота) во Пелинце во Куманово, со почеток во 19,30 часот. Инаку, Мал драмски театар - Битола е формиран како резултат на сестраната желба да се продуцираат претстави, кои ќе го потенцираат најважниот момент во театарското творештво: актерската игра, како и специфичните простори во кои таа се создава.
Во текот на цела седмица Малиот драмски театар, во рамките на Кумановско културно лето, ќе го прикажува сиот репертоар. (К.Р.) |