Премиера на „Осамениот запад“ во Битолски театар
Утре во Битолскиот народен театар во 20 часот, ќе се одржи премиерата на претставата „Осамениот запад“ од Мартин Мекдона, во режија на Ристо Алексовски. Ова е трета премиера на Битолскиот театар, кој ја продолжува традицијата на истражување на нови алтернативни светски театарски естетики и тенденции.
Пиесата „Осамениот запад“ ја обработува темата на нужното зло, насилството кое секогаш се стреми кон апсолутно оправдување, неважно за степенот на терор кој го предизвикува.
Во претставата играат: Васко Мавровски, Николче Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Викторија Степановска. Сценографијата е на Владо Ѓорески- Рафик, костимограф на претставата е Благој Мицевски, додека музиката ја направи Миодраг Неќак. (К.Р.) |