Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
11.05.2012, 17:35

Коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - возможна мисија во Струга?!

ВМРО-НП обвини за локално сојузништво меѓу најголемите политички ривали

Наум Котевски



ВМРО- Народна, единствената партија која во Советот на општина Охрид гласаше против изградба на станбени објекти на крајбрежниот простор кај "Билјанини извори", како што гордо потенцираат од тимот на Љупчо Георгиевски, вчера со загрижувачки тон ја предупреди јавноста дека во брзо време многу лесно може да биде сведок на невозможното - широка коалиција меѓу ВМРО ДМПНЕ, СДСМ и ДУИ - Струга.

„Дали во Струга има тројна коалиција и дали таа функционира во зависност од интересите на македонските партии, кои флертуваат со градоначалникот Рамиз Мерко и дали ваквото функционирање на овие две партии е во интерес на граѓаните на Струга“, прашаа од ВМРО-НП, откако пред неколку дена, со помош на гласови на СДСМ, помина нацрт-планот на градоначалникот за нови градби на 30. метри долж езерското крајбрежје.

За да се заштити од обвинувањата за ситно - партиски и локално - профитерски интереси, централното раководство на СДСМ реагираше промптно и ги суспендира двајцата свои членови кои дадоа амин за планот на Мерко - Александар Попоски, претседател на локалното раководство во Струга и советникот Илија Мацески. Практично, тој потег на СДСМ, како што вели портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ, автоматски ги претвора сомнежите на ВМРО НП за некакви непринципелни коалиции во небулози.

„Тоа е класична шпекулација. СДСМ нема намера да коалицира ниту со ВМРО - ДПМНЕ, ниту, пак, со ДУИ. Двајцата наши членови мораше да понесат политичка одговорност поради непочитување на партискиот став“, потенцираше Станковиќ.

Тој повтори дека "штетната лична одлука може да предизвика урбан хаос на крајбрежјето.

Во стандардните партиски неуморни преписки, се вклучи и ВМРО ДПМНЕ. „Очигледно е дека СДСМ му се најде на Мерко тогаш кога се носеше урбанистичкиот план спротивен на интересите на граѓаните на Струга. Тоа СДСМ се обиде скапо да го наплати. Пазарот е две директорски места, а за возврат трајна штета на градот Струга“, возвратија од Општинскиот комитет од Струга.

Градоначалникот Рамиз Мерко во случајов се одлучи да молчи. И не му ни требаше дополнително да зборува, бидејќи пред неколку дена совршено го објасни овдешното корелациското практицирање на политиката.

„Како што може ВМРО-ДПМНЕ да бара за својата услуга, така и СДСМ има право да го бара тоа што им следува“, и порача ладно на јавноста Мерко.


Статијата е прочитана 763 пати.

Испрати коментар



Убиството не е во интерес на Албанците
Во Гостивар се собраа неколку стотици луѓе
Во Струга мирно, протести немаше
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Камења и навреди на протестот во Скопје
Стотици илјади километри потрошени на Чикаго
Де факто сме членка на НАТО



трајко, 12.05.2012 06:57:57
Обичен манипулатор е овој Мерко.Им нанесе непоправлива штета на тие што како кадар го донесоа за градоначалник во Струга.Полоши 8 години во Струга немало.Било,да не се повтори.
Istocna Makedonija, 12.05.2012 07:49:13
Se e mozno koga se vo prasanje interesi i kuce i mace se zdruzuvaat!
samo poleka, 12.05.2012 13:30:32
Mozno e. Brojot na Albancite se namaluva i pri dobra izleznost i regularno glasanje, Struga moze da dobie gradonacalnik Makedonec.
risto, 12.05.2012 18:23:49
Sto ima loso vo toa. Ako site partii koaliciraat vo sve pa i vo vladara Makedonija ke ima podobar napredok, vaka se nadprevaruvaat koj poveke da drpne. Za Makedonija e najdobro site makedonski partii da se soedinat vo edna, taka ke bideme mnogu posilni. Partiskata podelenost na narodot vnesuva samo omraza, nisto drugo. Jas neveruvam vo koalicija, zosto ovie od VMRO se bugarsko nastroeni pa duri i minjata na ulicite ni gi menuvaat so iminja na bugar anti-makedonci, a za de zadovolat DUI ni stavaat iminja i na balisti, iminja na kacaci.
ranko, 12.05.2012 18:46:08
Nikako koalicija so SDSM mozebi Branko gi organiziral protestite za da dojdit na vlast .Ako VMRO velese deka Branko ja napravil vojnata znaci i ova e negovo delo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска

 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 14°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |